Tour overview

31.12.26 – 02.01.27 / 31.12.26 – 03.01.27

Нова година во Ѓердап – Хотел „Лепенски Вир“, Доњи Милановац – Дочекајте ја 2027 година во срцето на Националниот парк Ѓердап, со поглед на Дунав. Ве очекуваат богата српска трпеза, неограничени домашни пијалаци, шампањ на полноќ и музика во живо со бендот „Није свеједно“, а меѓу празничните вечери – опуштање во модерниот спа и велнес центар на хотелот.

ЗА ХОТЕЛОТ

Хотелот „Лепенски Вир“ се наоѓа на шумовитите падини над Доњи Милановац, на само 500 м од Националниот парк Ѓердап – најголемиот национален парк во Србија. Хотелот има капацитет од 450 легла. Сите соби имаат тераса, а повеќето имаат прекрасен поглед кон Дунав. Собите се опремени со модерни бањи, ТВ, клима уред, минибар и сеф, Wi-Fi има во целиот хотел, а рецепцијата работи 24 часа.

Спа и велнес центарот располага со голем базен (25 × 12,5 м, длабочина до 2 м) и уште два базена, фински сауни, ѓакузи, турска бања (хамам) и релакс соба со топли камени клупи.

Во близина: археолошкиот локалитет Лепенски Вир (17 км) – една од најстарите урбани населби во Европа, Трајанова табла (35 км), Голубачката тврдина (50 км) и Ѓердапската клисура – најдолгата клисура-пробојница во Европа.

ПРОГРАМА
ПРВ ДЕН: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) МАКЕДОНИЈА – ДОЊИ МИЛАНОВАЦ

Сопствен превоз до хотелот. Пристигнување во хотел „Лепенски Вир“, пречек со коктел добредојде (погача, сол и домашен пијалак) и сместување во собите. Новогодишна вечера на шведска маса со богата српска трпеза и неограничени домашни пијалаци. Музичка програма со бендот „Није свеједно“ и шампањ на полноќ. Ноќевање.

ВТОР ДЕН: 01.01.2027 (ПЕТОК) ДОЊИ МИЛАНОВАЦ

Доцен појадок во хотел. Слободно време за одмор и користење на спа и велнес центарот, теретаната и пинг-понгот, или за прошетка низ Доњи Милановац и Националниот парк Ѓердап. Вечера со неограничени домашни пијалаци и музичка програма со бендот „Није свеједно“. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 02.01.2027 (САБОТА) ДОЊИ МИЛАНОВАЦ

Доцен појадок во хотел.

За аранжманот од 2 ноќевања: одјавување од хотелот и враќање во Македонија.

За аранжманот од 3 ноќевања: слободно време за одмор и велнес или за посета на знаменитостите во околината (археолошкиот локалитет Лепенски Вир, Голубачката тврдина). Вечера со неограничени домашни пијалаци и музичка програма со бендот „Није свеједно“. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН: 03.01.2027 (НЕДЕЛА) ДОЊИ МИЛАНОВАЦ – МАКЕДОНИЈА (за аранжманот од 3 ноќевања)

Доцен појадок во хотел, одјавување и враќање во Македонија.

ЦЕНА: 330 евра по лице– аранжман од 2 ноќевања (31.12.2026 – 02.01.2027)
ЦЕНА: 399 евра по лице– аранжман од 3 ноќевања (31.12.2026 – 03.01.2027)
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • 2 или 3 ноќевања во двокреветни или трокреветни соби или апартмани;
  • Полупансион (вечера и доцен појадок) на шведска маса – богата српска трпеза;
  • Коктел добредојде по пристигнувањето (погача, сол и домашен пијалак);
  • Неограничени домашни пијалаци за време на вечерите;
  • Шампањ на полноќ во новогодишната ноќ;
  • Музичка програма секоја вечер со бендот „Није свеједно“;
  • Користење на спа и велнес центарот (за аранжманот од 3 ноќевања и големиот базен);
  • Користење на теретана и пинг-понг;
  • Паркинг и Wi-Fi во целиот хотел;
  • Престојна такса и осигурување во хотелот.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Превоз до хотелот;
  • Шишиња вино, виски и странски пијалаци – се доплаќаат според ценовникот на хотелот;
  • Патничко осигурување.
ПОПУСТИ:
  • Деца до 5 години – бесплатно, доколку делат лежај и оброци со родителите;
  • Деца од 5 до 12 години – 50% попуст на цената на аранжманот;
  • Организирани групи од 25 до 50 лица – 5% попуст на цената на аранжманот;
  • Организирани групи над 50 лица – 10% попуст на цената на аранжманот.
НАПОМЕНИ:

Рокот за потврда на резервацијата и уплата на аванс е 20.11.2026.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес

IDXXX

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ