Tour overview

Неа Рода е мало, но живописно село на североисточниот брег на Халкидики, Грција. Се наоѓа на потегот на полуостровот Атос, во близина на морето, и е познато по својата природна убавина и мирна атмосфера. Неа Рода има пристап до прекрасни плажи, со кристално чисто море и спокојни води, идеално за одмор и рекреација.

Вила „M&B Boutique“ се наоѓа во централниот дел на градот на само 70 метри од градската плажа. Вилата располага со четворокреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Кујна опремена со: кујнски прибор, апарат за кафе/нескафе, тостер, електричен бокал за вода, фрижидер. Во кујните нема шпорет. Клима (вклучена во цена), тоалет опремен со сите средства за лична хигиена, пешкири, тераса и паркинг. Секојдневно чистење на собите. Во цената е вклучено неограничено користење на кафе, двопек, путер, џем, мед, млеко за кафе и вода за добредојде.Менување на пешкири и постелнина е секоја среда.

Координати до вила „M&B Boutique“.

BLACK FRIDAY 20% ПОПУСТ

на цените во табелата (минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026

BLACK FRIDAY ЦЕНИТЕ важат за резервации направени во периодот 26.11.2025 – 17.01.2026.

Термин Ноќевања 1/4 студио 1/4 апп
31.05 7 ноќи 250 € 350 €
07.06 7 ноќи 300 € 450 €
14.06 7 ноќи 340 € 550 €
21.06 7 ноќи 450 € 650 €
28.06 7 ноќи 550 € 750 €
05.07 7 ноќи 650 € 850 €
12.07 7 ноќи 750 € 1050 €
19.07 7 ноќи 850 € 1150 €
26.07 7 ноќи 950 € 1250 €
02.08 7 ноќи 950 € 1250 €
09.08 7 ноќи 950 € 1250 €
16.08 7 ноќи 950 € 1250 €
23.08 7 ноќи 950 € 1250 €
30.08 7 ноќи 850€ 1150 €
06.09 7 ноќи 650€ 1050€
13.09 7 ноќи 550€ 750 €
20.09 7 ноќи 450 € 650 €
27.09 7 ноќи 300 € 500 €

1/4 студио – бр. 101 – се наоѓа на приземје и излегува во самиот двор. Студиото располага со брачен кревет, софа и фотелја на спуштање. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години

1/4 студио – бр. 205 – се наоѓа на прв спрат. Студиото располага со брачен кревет,софа и фотелја на спуштање. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години

1/4 студио – бр. 305 – се наоѓа на втор спрат со поглед на море. Студиото располага со брачен кревет, софа и фотелја на спуштање. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години

1/4 апартман – бр. 204 – се наоѓа на прв спрат. Апартманот располага со две големи простории. Во првата просторија има брачен кревет, во втората просторија има два големи единечни споени кревети, кујна, тоалет и балкон кој излегува од двете простории. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години.

1/4 апартман – бр. 304 – се наоѓа на втор спрат. Апартманот располага со две големи простории. Во првата просторија има брачен кревет, во втората просторија има два големи единечни споени кревети, кујна, тоалет и балкон кој излегува од двете простории. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години.

НАПОМЕНИ
  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние штосе веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица што се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот, кој го издава организаторот на патувањето.
  • Преземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на собите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

ID 010

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

 

ФОТОГРАФИИ