Tour overview
ST. IVAN RILSKI HOTEL, SPA & APARTMENTS 4* – БАНСКО
ЗИМА 2026/2027 |
Банско, Бугарија – „St. Ivan Rilski Hotel, SPA & Apartments“ е голем хотелски комплекс од пет згради, на пешачко растојание од центарот на Банско. До гондолата ве носи бесплатен трансфер, па утрото на стазите поминува без гужва и без носење ски низ градот.
„Свети Иван Рилски“ е одличен избор за оние што сакаат сè да им е при рака: полупансионот вклучува и пијалаци за време на оброците, а со мала доплата можете да преминете на all inclusive. По скијањето ве чека спа центар со внатрешен и надворешен базен, сауна и парна бања, а постои и посебна спа зона само за возрасни. Децата имаат анимација и игралиште, а на 25.12 хотелот организира бесплатна божиќна забава за децата, со подарок за секое дете.
- Полупансион со вклучени пијалаци + можност за all inclusive;
- Спа центар со базени, сауна и парна бања, плус спа зона само за возрасни;
- Бесплатен трансфер до гондолата и назад;
- Деца до 5.99 год. со 2 возрасни – бесплатно;
- Бесплатна божиќна забава за децата на 25.12.2026, со подарок;
- До 30% попуст за рана резервација.
| РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА И БОНУСИ |
- 30% попуст за резервации до 15.10.2026 (за престој од 5 и повеќе ноќевања), со 30% аванс до 15.10.2026;
- 25% попуст за резервации до 15.10.2026 (за престој до 4 ноќевања), со 30% аванс до 15.10.2026;
- 20% попуст за резервации до 15.11.2026 (за престој од 6 и повеќе ноќевања), со 30% аванс до 30.11.2026;
- 15% попуст за резервации до 15.11.2026 (за престој до 5 ноќевања), со 30% аванс до 30.11.2026;
- Бонуси 7=6 и 14=12 за престој во периодот 04.03–25.03.2027 (бесплатна е поевтината ноќ);
- Попустите се комбинираат со бонусите и важат и за доплатата за all inclusive, но не и за новогодишната вечера.
ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027
Цените се по лице за 1 ноќевање на база ПОЛУПАНСИОН СО ПИЈАЛАЦИ |
| Тип на сместување |
04.03–25.03.2027 |
10.01–11.02.2027 |
02.01–09.01.2027
12.02–03.03.2027 |
24.12–29.12.2026 |
30.12.2026–01.01.2027 |
| Двокреветна соба промо (2 лица) |
102€ |
119€ |
137€ |
158€ |
235€ |
| Двокреветна соба стандард (2+1 / 3+0) |
110€ |
128€ |
149€ |
173€ |
258€ |
| Двокреветна соба делукс (2+2 / 3+0) |
125€ |
143€ |
170€ |
197€ |
292€ |
| Студио во анекс (2+1) |
102€ |
119€ |
137€ |
158€ |
235€ |
| Фамилијарен апартман во анекс (2+2 / 3+0) |
110€ |
128€ |
149€ |
173€ |
258€ |
| Двокреветна соба за едно лице – цена по соба |
196€ |
229€ |
267€ |
308€ |
462€ |
| Дете од 6 до 11.99 год. на дополнително легло |
32€ |
32€ |
32€ |
32€ |
32€ |
| Возрасен на дополнително легло |
79€ |
92€ |
107€ |
124€ |
184€ |
| Минимален престој |
2 ноќевања |
3 ноќевања |
3 ноќевања |
3 ноќевања |
3 ноќевања |
| Попусти за деца и дополнително легло: |
- Деца до 5.99 год. со 2 возрасни – бесплатно;
- Цените за дете од 6 до 11.99 год. и за возрасен на дополнително легло се дадени во ценовникот.
- Ноќевање со појадок и вечера, со пијалаци за време на оброците;
- Користење на спа центарот, спа зоната за возрасни и фитнесот;
- Анимација за деца;
- Трансфер до гондолата и назад (според распоред);
- Интернет.
- Новогодишна вечера (задолжителна) – 199€ за возрасни, 100€ за деца од 6 до 11.99 год. (деца до 5.99 год. бесплатно, без мени);
- Доплата за all inclusive – 15€ за возрасни, 8€ за деца од 6 до 11.99 год. на ден;
- Паркинг – 10€ на ден, се плаќа во хотелот;
- Домашни миленици – се плаќа во хотелот (до 15 кг: 10€ на ден + 20€ за престојот; над 15 кг: 20€ на ден + 40€ за престојот);
- Туристичка такса;
- Масажи и спа третмани;
- Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.
ID004
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
Download pdf brochure