Tour overview

Вила Кристина се наоѓа 20 метри од главната градска плажа на веднаш до шеталиштето каде се наоѓаат продавници, ресторани, кафетерии… Вилата располага со 1/3 и 1/4 студија, опремени со комплетна кујна, ТВ, клима, сопствен тоалет. Студијата се наоѓаат на приземје и први кат и пред секое студио има сопствен балкон.

Вилата располага со студија на приземје, прв кат и втор кат со поглед на море.
Студио 1 поседува 2 брачни кревета и еден дополнителен кревет – приземје
Студио 2 поседува 2 брачни кревета  – приземје
Студио 3 поседува 2 брачни кревета – приземје
Студио 4 поседува 1 брачен кревет и еден единечен кревет – прв кат
Студио 5 поседува 2 брачни кревета – прв кат
Студио 6 поседува 2 брачни кревета – втор кат со поглед кон море
Апартман 7 поседува 2 одвоени простории, дневна со кујна и посебно спална за 4+2 лица – втор кат со поглед море

Сите имаат сопствен балкон, комплет опремени кујна, клима, ТВ и сопствен тоалет.

Координати: 40.017834, 23.528362

ТЕРМИН НОЌИ 1/3 студио 1/4 студио 1/4 АПП SV 1/4 студио SV
18.05-25.05.2025 7* ПРОМО 119 129 139 129
25.05-01.06.2025 7* ПРОМО 149 159 169 159
01.06-08.06.2025 7* 179 189 199 189
08.06-15.06.2025 7* 219 239 249 239
15.06-22.06.2025 7* 249 259 269 259
22.06-29.06.2025 7* 279 289 299 289
29.06-06.07.2025 7 489 499 509 499
06.07-13.07.2025 7 549 559 609 599
13.07-20.07.2025 7 589 599 609 599
20.07-27.07.2025 7 589 599 609 599
27.07-03.08.2025 7 609 629 639 629
03.08-10.08.2025 7 609 629 639 629
10.08-17.08.2025 7 609 629 639 529
17.08-24.08.2025 7 549 559 569 559
24.08-31.08.2025 7 499 509 519 509
31.08-07.09.2025 7* 269 279 289 279
07.09-14.09.2025 7* 239 249 259 249
14.09-21.09.2025 7* 159 169 179 169
21.09-28.09.2025 7* ПРОМО 159 169 179 169
28.09-05.10.2025 7* ПРОМО 109 119 129 119

 

НАПОМЕНИ
  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Термините со * се однесуваат на цени по лице со вклучен превоз. Минимум уплата на две лица. Трето, четврто и петто лице доплаќаат само превоз 40€ по лице.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За сопствен превоз не се одбива од цената
  • Се одобрува 10% попуст за рана уплата – до 15.02.2024 ( минимум 50% уплата) (-5% од 16.02. – 15.04.2024)
  • Попустите за рана уплата не важат за промо пакетите
  • Попустот важи само на редовни цени.
  • Задолжителна доплата на туристичка такса во вилата од 0,5€ по соба на ден
  • Клима и WIFI се вклучени во цената
  • За спојување на два термина – 10% од вториот термин
  • Не се комбинира со попустот за рана уплата и не важи за промо пакетите
  • Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената. Може да се извади во било која осигурителна компанија
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • За хигиената, за време на престојот се грижат гостите
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои не можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата
  • Превозот ги остава патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот најдоцна 15 дена пред реализација на аранжманот. Услови за рана резервација : потребно е 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни цени.

 

ПРЕВОЗ

Цена за превоз на релација Скопје – Халкидики (секоја недела)

Повратен билет 40 евра

Поаѓање од МК

  • Скопје (Дрводекор) – 04:00 часот
  • Велес ( Бензиска пумпа Макоил) – 04:30 часот
  • Неготино (бензиска пумпа на автопат) – 05:00 часот
  • Граничен премин – 06:00 часот

Поаѓање од Грција

  • Пефкохори – 14:00 локално (13:00 мк време)
  • Ханиоти – 14:15 локално (13:15 мк време)
  • Полихроно – 14:30 локално (13:30 мк време)
  • Калитеа – 15:00 локално (14:00 мк време)
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето. Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се опредени доцнења, за кои однапред се извинуваме.
ID021
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure