Tour overview
28.03 – 31.03.2027 | 04.04 – 07.04.2027
Кипар – островот на сонцето и богатата историја. Трет по големина остров во Европа, со површина од 9.251 км² и 233 км крајбрежје, и со околу 340 сончеви денови во годината. Богато културно наследство, луксузни одморалишта, гостопримливи домаќини, топла медитеранска клима, златни плажи, ноќен живот и врвни вина го прават Кипар идеална дестинација за комбинација од релаксација и забава. Индивидуално патување со директен лет од Скопје до Ларнака.
Хотел Frangiorgio 3* се наоѓа во центарот на Ларнака, на авенијата „Грегориу Афксентиу“, на само 200 метри од познатата плажа Финикудес и 400 метри од црквата „Свети Лазар“, а до аеродромот има 15 минути возење. Собите се модерно уредени и климатизирани, со мини-бар и тоалет со влечки и пешкири. На 300 метри од хотелот е автобуската постојка од каде има автобуси до други плажи и градови на островот (повратен билет околу 9 €, информативно).
Предлог програма – индивидуално патување
| ПРВ ДЕН: 28.03. / 04.04.2027 (НЕДЕЛА) СКОПЈЕ – ЛАРНАКА |
Директен лет од Скопје со авиокомпанијата Wizz Air во 17:25 часот. Слетување на аеродромот во Ларнака во 20:35 часот. Организиран трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за прошетка по шеталиштето Финикудес, познато по многубројните кафулиња и ресторани. Ноќевање.
| ВТОР ДЕН: 29.03. / 05.04.2027 (ПОНЕДЕЛНИК) НИКОЗИЈА |
Појадок. Препорачуваме посета на главниот град на Кипар – Никозија, град поделен на два дела и две временски зони, со граница и пасошка контрола: за само 2 минути се преминува во друга држава и часовникот се поместува еден час напред. Најинтересниот дел од грчката страна на градот е Laiki Getonia, со многу продавници, кафулиња, атељеа и тесни улички. Посета на Кипарскиот археолошки музеј, со голема колекција предмети од преку 9.000-годишната историја на островот. Во стариот град се и Етнографскиот музеј и палатата на архиепископот Макариос III, првиот претседател на републиката. Со преминување на границата, во северниот дел на Никозија ве очекува сосема поинакво доживување: чаршијата Бујук Хан и џамијата, една од најпрепознатливите градби во северниот дел на градот. Препорачуваме ручек во некој од локалните ресторани, каде може да ја вкусите кипарската кујна по примамливи цени. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 30.03. / 06.04.2027 (ВТОРНИК) АЈА НАПА |
Појадок. Посетете ја Аја Напа и познатата плажа Nissi Beach и искористете го денот на една од најубавите плажи на островот. Попатно може да го посетите Паркот на скулптури, парк од околу 20.000 м² со голема колекција скулптури од уметници од различни земји – совршено место за фотографии и релаксирана прошетка. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
| ПОСЛЕДЕН ДЕН: 31.03. / 07.04.2027 (СРЕДА) ЛАРНАКА – СКОПЈЕ |
Појадок и одјавување од хотелот. Денот може да го поминете на една од најпознатите плажи во Ларнака – Mackenzie Beach, позната по долгата песочна плажа. Во договорено време, организиран трансфер до аеродромот во Ларнака. Полетување во 21:05 часот и слетување во Скопје во 22:30 часот.
BLACK FRIDAY ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 259 € (28.03 – 31.03.2027) / 299 € (04.04 – 07.04.2027)
РЕДОВНА ЦЕНА: 359 € (28.03 – 31.03.2027) / 399 € (04.04 – 07.04.2027) |
- Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје;
- Аеродромски такси;
- Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm (дозволено е едно парче багаж);
- Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром;
- Сместување во хотел Frangiorgio 3* во Ларнака, 3 ноќевања со појадок;
- Доплата за чекиран багаж – куфер до 10 кг / 20 кг (цената е променлива, информации во агенција 7 дена пред поаѓање);
- Влезници за локалитети (музеи, замоци и слично);
- Патничко осигурување;
- Туристичка такса;
- Цената важи со уплата од 50% при резервација, а остатокот се доплаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање, без право на промена на име, термин или откажување. Усни и телефонски резервации се невалидни;
- Цените се дадени по лице за сместување во стандардна двокреветна соба, со минимум 2 лица во соба (две полни цени);
- Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 ден.;
- Патната исправа треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот;
- Валидноста на патните исправи е обврска на патниците, а при уплата на резервацијата должни се да ги приложат во агенцијата за проверка;
ID045
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |