Понуда
  • Опис
  • Програма
  • Фотографии

Tour overview

Кападокија – Монументален комплекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е., во бел камен и бел вулкански пепел познат како „туф“, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Покрај карпестите куќи, пештерски цркви и подземни градови, Кападокија е позната по надворешните излети, летот со балон на изгрејсонце и вечерите во ритамот на источната традиција.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Полетување од Скопје во 09:30 часот, лет за Истанбул со пристигнување во 11:15 часот. Продолжување на летот до Кајсери, со пристигнување во 17:35 часот по локално време. Трансфер од аеродромот во Кајсери до хотелот во Ѓореме и сместување. Ноќевање.

ВТОР – ЧЕТВРТ ДЕН: 23.10 – 25.10.2026 (ПЕТОК – НЕДЕЛА) ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА

Престој во Ѓореме, Кападокија, со ноќевање и појадок во хотелот. Во текот на овие денови се организираат факултативни излети по избор на патниците (опишани во делот „Во цената на аранжманот не е вклучено“), кои се пријавуваат и договараат со локалниот организатор. Слободно време за индивидуални активности.

ПЕТТИ ДЕН: 26.10.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) ЃОРЕМЕ – КАЈСЕРИ – СКОПЈЕ

Појадок во хотел (или рано утро според летот) и одјавување. Организиран трансфер од Ѓореме до аеродромот во Кајсери. Полетување од Кајсери во 07:35 часот, со прекачување во Истанбул (задржување од околу 2 часа). Пристигнување во Скопје во 10:35 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 569 евра
  • Авионски превоз со Pegasus Airlines на релација Скопје – Кајсери – Скопје;
  • Аеродромски такси;
  • 4 ноќевања со појадок во хотел Cave во Ѓореме;
  • Трансфери од аеродромот во Кајсери до хотелот и назад;
  • Рачен багаж (1 парче) со максимални димензии 40 x 30 x 15 cm;
  • Задолжително патничко осигурување – 300 денари;
  • Туристичка такса – 2 € по лице за ноќ;
  • Чекиран багаж до 20 kg – 60 €;
  • Факултативен излет „Магична Кападокија“ – 80 €;
  • Факултативен излет „Срцето на Кападокија“ – 80 €;
  • Факултативен излет „Мистична Кападокија“ – 60 €;
  • Лет со балон – од 150 до 250 €;
  • Вожња со ATV при зајдисонце – 35 €;
  • Турска вечер со шоу – 55 €;
  • Церемонија со танц на дервиши – 30 €;
  • Јавање коњи на изгрејсонце – 40 €;
  • Јавање камили на изгрејсонце – 45 €;
НАПОМЕНИ:

Факултативните излети се организираат во Кападокија, а нивните цени и програми се договараат со локалниот организатор.

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 2 патници;
  • Резервација се прави со авансна уплата од 50 % од цената на аранжманот, а целосна уплата 15 дена пред поаѓањето;
  • Во случај на отказ од страна на патникот, уплатениот аванс не се враќа;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на излетите;
  • За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес

ID002

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ

СЛИЧНИ ПОНУДИ

КОПАОНИК

ŽUPA APARTHOTEL 3* – КОПАОНИК

ŽUPA APARTHOTEL 3* – КОПАОНИК ЗИМА 2026/2027 Копаоник, Србија – „Župa“ се наоѓа во самото...

150€ Види повеќе
КОПАОНИК

NEBESKA STOLICA 2 4* – КОПАОНИК

NEBESKA STOLICA 2 4* – КОПАОНИК ЗИМА 2026/2027 Копаоник, Србија – „Nebeska Stolica 2“ се...

479€ Види повеќе
КОПАОНИК

NEBESKA STOLICA 1 4* – КОПАОНИК

NEBESKA STOLICA 1 4* – КОПАОНИК ЗИМА 2026/2027 Копаоник, Србија – „Nebeska Stolica 1“ е...

754€ Види повеќе