Tour overview

Неос Мармарас е едно од најпознатите летувалишта на Ситонија, вториот крак на Халкидики, со марина, живописен центар и многу таверни, кафулиња и продавници.

Вилата „Gyalos Beach“ се наоѓа на одлична локација во Неос Мармарас, на околу 50 метри од плажата, во близина на центарот и марината. Во околината има продавници, таверни и кафулиња, што овозможува практичен престој со лесен пристап до плажата и содржините на местото. Вилата нуди двокреветни, трикреветни и четирикреветни студија, вклучувајќи студија со поглед кон морето.

Координати на Вилата;

Термин Ноќевање 1/2 Студио, страничен поглед кон море 1/2 Студио, поглед кон море 1/3 Студио 1/4 Студио
23.05.2027 7 / 249 € 175 € 249 € 175 € 269 € 189 €
30.05.2027 7 / 339 € 238 € 339 € 238 € 359 € 252 €
06.06.2027 7 409 € 287 € 429 € 301 € 429 € 301 € 449 € 315 €
13.06.2027 7 539 € 486 € 559 € 504 € 559 € 504 € 579 € 522 €
20.06.2027 7 569 € 484 € 589 € 501 € 589 € 501 € 609 € 518 €
27.06.2027 7 569 € 456 € 589 € 472 € 589 € 472 € 609 € 488 €
04.07.2027 7 609 € 488 € 629 € 504 € 629 € 504 € 649 € 520 €
11.07.2027 7 629 € 504 € 649 € 520 € / 669 € 536 €
18.07.2027 7 679 € 578 € 699 € 595 € 699 € 595 € 719 € 612 €
25.07.2027 7 679 € 578 € 699 € 595 € 699 € 595 € 719 € 612 €
01.08.2027 7 699 € 630 € 729 € 657 € 729 € 657 € 749 € 675 €
08.08.2027 7 699 € 630 € 729 € 657 € 729 € 657 € 749 € 675 €
15.08.2027 7 679 € 612 € 699 € 630 € 699 € 630 € 719 € 648 €
22.08.2027 7 679 € 544 € 699 € 560 € 699 € 560 € 719 € 576 €
29.08.2027 7 / 559 € 392 € 559 € 392 € 579 € 406 €
05.09.2027 7 / 429 € 301 € 429 € 301 € 449 € 315 €
12.09.2027 7 / / / 359 € 252 €
19.09.2027 7 / 249 € 175 € 249 € 175 € 269 € 189 €

ЦЕНИ ПО СТУДИО ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА, БЕЗ ПРЕВОЗ И БЕЗ ОБРОЦИ

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ СЕ ДОПЛАЌА 5 € ДНЕВНО ПО СТУДИО
WI-FI, ПОСТЕЛНИНА И ПЕШКИРИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА
ВО ВИЛАТА ИМА МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ СКАРА; ВИЛАТА НЕМА СОПСТВЕН ПАРКИНГ
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 14:00, А НАПУШТАЊЕ НА СТУДИЈАТА ДО 10:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)

Сместувачки капацитети (9 студија):
5 двокреветни студија (1/2): четири со поглед кон морето и едно со поглед кон планината и страничен поглед кон морето
2 трикреветни студија (1/3) на приземје
2 четирикреветни студија (1/4)
Секое студио има сопствена бања со туш, мини кујна со фрижидер и основен прибор, ТВ, Wi-Fi, клима уред (со доплата), комарници, балкон или тераса, постелнина и пешкири.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 7 ноќевања во избраната категорија студио;
  • Користење на опремата и содржините во студиото, освен услугите за кои е наведена доплата;
  • Постелнина и пешкири;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Автобуски превоз;
  • Патничко осигурување;
  • Користење клима уред – 5 € на ден по студио;
  • Туристичка такса – 14 € по студио за престој од 7 ноќевања (се плаќа во агенцијата);
  • Оброци;
  • Факултативни излети и влезници;
  • Останати индивидуални трошоци;
НАПОМЕНИ

– Цените се дадени за наем на цело студио за 7 ноќевања, согласно предвидениот капацитет; автобускиот превоз не е вклучен;
– Прецртаните цени се редовни, а другите се промотивни; на прикажаната промотивна цена не се пресметува дополнителен попуст;
– За резервација на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан од редовната цена; овој попуст не се комбинира со Black Friday, Early Booking и други промотивни попусти;
– Датумите во ценовникот го означуваат почетокот на престојот; при резервација се избира категоријата на сместување, според расположливоста;
– Бројот на гости треба да одговара на предвидениот капацитет на студиото;
– Сместувањето е по 14:00 часот, а напуштањето на студијата е до 10:00 часот, по локално време;
– Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуваат гостите; кујните се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења;
– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот; секој патник со организиран превоз има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во студијата, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичката такса од 14 € по студио за престој од 7 ноќевања се плаќа во агенцијата.

ПРЕВОЗ
  • Повратен автобуски превоз за возрасни – 50 € по лице;
  • Деца до 12 години – 40 € по лице;
  • Деца до 2 години – бесплатно, без сопствено седиште;
  • Приклучување на превозот: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата; точните места и часови на поаѓање и враќање се соопштуваат пред патувањето;

ID025

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ