Tour overview
Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море, со бујни борови шуми, кристално чисти лазурни води и повеќе од 60 прекрасни плажи. И покрај брзиот развој на туризмот во последните децении, островот е сè уште живописен и недопрен. Тука ќе најдете песочни плажи, уникатни кафулиња и барови и таверни со свежа морска храна.
Најголем дел од брегот, долг 44 километри, е прекриен со раскошни плажи, а плажата Лаларија треба да биде прва на листата места што мора да ги посетите. Бродските тури околу Скијатос и до соседниот остров Скопелос ќе ви овозможат да го доживеете островот во целост.
Вилата „Zoi 1“ се наоѓа во центарот на островот и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти, на 10-15 минути пешачење од градската плажа Megali Ammos. Располага со 15 двокреветни, трокреветни и четирикреветни студија, на приземје, прв, втор и трет кат.
| Термин | Ноќевање | Студио (прв, втор и трет кат) | Еко студио 1/2 (приземје) | Еко студио 1/3 (приземје) |
| 20.05.2027 | 7 | 121 € 107 € | 121 € 73 € | 121 € 73 € |
| 27.05.2027 | 7 | 138 € 121 € | 118 € 101 € | 118 € 101 € |
| 03.06.2027 | 7 | 160 € 141 € | / | 140 € 121 € |
| 10.06.2027 | 7 | 182 € 160 € | 162 € 140 € | 162 € 140 € |
| 17.06.2027 | 7 | 204 € 179 € | 184 € 159 € | 184 € 159 € |
| 24.06.2027 | 7 | 219 € 193 € | 199 € 173 € | 184 € 159 € |
| 01.07.2027 | 7 | 241 € 212 € | 221 € 192 € | 221 € 192 € |
| 08.07.2027 | 7 | 263 € 231 € | 243 € 211 € | 243 € 211 € |
| 15.07.2027 | 7 | 263 € 231 € | 243 € 211 € | 243 € 211 € |
| 22.07.2027 | 7 | 263 € 231 € | 243 € 211 € | 243 € 211 € |
| 29.07.2027 | 7 | 263 € 231 € | 243 € 211 € | 243 € 211 € |
| 05.08.2027 | 7 | 263 € 231 € | 243 € 211 € | 243 € 211 € |
| 12.08.2027 | 7 | 263 € 231 € | 243 € 211 € | 243 € 211 € |
| 19.08.2027 | 7 | 252 € 222 € | 232 € 202 € | 232 € 202 € |
| 26.08.2027 | 7 | 219 € 193 € | 199 € 173 € | 199 € 173 € |
| 02.09.2027 | 7 | 197 € 174 € | 177 € 154 € | 177 € 154 € |
| 09.09.2027 | 7 | 164 € 144 € | 144 € 124 € | 144 € 124 € |
| 16.09.2027 | 7 | 142 € 125 € | 122 € 105 € | 122 € 105 € |
| 23.09.2027 | 7 | 120 € 106 € | 121 € 73 € | 121 € 73 € |
ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА (8 ДЕНА), СО АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ДО ВОЛОС И НАЗАД
| ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ |
СЕКОЕ СТУДИО ИМА ТЕРАСА, СОПСТВЕН ТОАЛЕТ, КЛИМА УРЕД, ФЕН, ПЕШКИРИ И МИНИ ФРИЖИДЕР
ДЕЛ ОД СТУДИЈАТА ИМААТ МИНИ РЕШО ЗА ЛЕСНА ХРАНА (НЕ Е КЛАСИЧНА КУЈНА)
КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ СЕ ДОПЛАЌА 7 € ДНЕВНО НА ЛИЦЕ МЕСТО (НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
ПОСТЕЛНИНАТА И ПЕШКИРИТЕ СЕ МЕНУВААТ ДВАПАТИ НЕДЕЛНО, А СОБИТЕ СЕ ЧИСТАТ СЕКОЕ УТРО
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 14:00, А НАПУШТАЊЕ НА СОБИТЕ ДО 09:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)
ПРИЗЕМЈЕ (еко студија):
Студио бр. 14 – трокреветно
Студио бр. 15 – двокреветно
Еко студијата немаат сопствена кујна; гостите користат заедничка надворешна кујна.
ПРВ кат:
Студио бр. 1 – двокреветно
Студио бр. 2 – двокреветно со помошен кревет (максимум 2 возрасни и 1 дете до 11,99 години)
Студио бр. 3 – трокреветно
Студио бр. 4 – трокреветно
Студио бр. 5 – двокреветно
ВТОР кат:
Студио бр. 6 – двокреветно
Студио бр. 7 – двокреветно, со комплетно опремена кујна
Студио бр. 8 – двокреветно, со комплетно опремена кујна
Студио бр. 9 – трокреветно
Студио бр. 10 – трокреветно
Студио бр. 11 – двокреветно со помошен кревет (максимум 2 возрасни и 1 дете до 11,99 години)
ТРЕТ кат:
Студио бр. 12 – четирикреветно, со комплетно опремена кујна
Студио бр. 13 – двокреветно
| ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА |
- 7 ноќевања (8 дена) во вилата Zoi 1;
- Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје;
- Туристички придружник за време на патувањето;
- Претставник на агенцијата за време на престојот;
| ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА |
- Траект на релација Волос – Скијатос – Волос – 55 € по лице (задолжително, се плаќа во автобусот);
- Користење на клима уредот – 7 € дневно (не е задолжително, се плаќа на лице место);
- Туристичка такса – 14 € по студио за 7 ноќевања (задолжително, се плаќа кај сопствениците на вилата);
- Патничко осигурување;
- Факултативни излети;
| НАПОМЕНИ |
– Термините се од четврток до четврток, со поаѓање секоја среда навечер; часот на поаѓање се дефинира според распоредот на траектот;
– Прецртаните цени се редовни, а другите се промотивни;
– Доплата за еднокреветна соба: +50% од редовната цена;
– Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 70% од редовната цена;
– Во студијата бр. 2 и бр. 11 нема можност за сместување на 3 возрасни лица;
– За споен термин: 15 € помалку за превоз и 10% попуст на вториот термин по редовни цени (не важи за промо цените);
– Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат;
– Кај промо цените не се одбива за превоз доколку патникот патува со сопствен превоз;
– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот; депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патникот;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на легла);
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
| ПРЕВОЗ |
- Автобускиот превоз до Волос и назад е вклучен во цената;
- Траект Волос – Скијатос – Волос – 55 € по лице (задолжително, се плаќа во автобусот);
- Само автобуски превоз, без сместување – 80 € по лице (иста цена за еден правец и за повратен билет);
ID019
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
| ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ: |

