Tour overview

Апартманот „Елени“ се наоѓа во непосредна близина на центарот на Неа Мудања, на приземје, на 5 минути од најблиската плажа. Располага со дуплекс 1/5+2 со две одделни спални соби, во секоја со француски лежај и фотелја на расклопување за дете до 12 години, од кои се излегува во двор. Дневната соба има единечен кревет, а во продолжение е комплетно опремена кујна, WC и балкон, кој гледа кон улицата и странично кон море. Околу апартманот има неколку маркети, ресторани и кафетерии.

Координати на апартманот „Елени“

BLACK FRIDAY – 20% ПОПУСТ НА ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.11.2026, СО МИНИМУМ УПЛАТА ОД 50% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА И ОСТАТОК НАЈДОЦНА ДО 31.03.2027

Цените во табелата се редовни, без попустот од 20%.

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА * (21.05–18.06 И 27.08–17.09.2027) СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ; БРОЈОТ ПРЕД ЦЕНАТА Е МИНИМАЛНИОТ БРОЈ ЛИЦА ШТО ПЛАЌААТ. ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ (25.06–20.08.2027) СЕ ЗА НАЕМ НА ДУПЛЕКС ЗА 7 НОЌЕВАЊА, БЕЗ ПРЕВОЗ.

Термин 1/5+2 Дуплекс
21.05.2027* 4 х 119 €
28.05.2027* 4 х 149 €
04.06.2027* 4 х 169 €
11.06.2027* 4 х 199 €
18.06.2027* 4 х 209 €
25.06.2027 750 €
02.07.2027 810 €
09.07.2027 870 €
16.07.2027 910 €
23.07.2027 970 €
30.07.2027 970 €
06.08.2027 920 €
13.08.2027 900 €
20.08.2027 870 €
27.08.2027* 4 х 209 €
03.09.2027* 4 х 199 €
10.09.2027* 4 х 179 €
17.09.2027* 4 х 119 €

Цените се дадени во евра, а плаќањето е исклучиво во денари, по курс 1 € = 62 ден.

За уплата на два последователни термини (еден по друг) одобруваме 5% попуст на вториот термин; попустите не се комбинираат.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ И WI-FI Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
НЕМА ОБЕЗБЕДЕН ПАРКИНГ, НО МОЖЕ ДА СЕ ПАРКИРА ПРЕД ВИЛАТА ИЛИ ВО ОКОЛНИТЕ УЛИЦИ
ВИЛАТА НЕ РАСПОЛАГА СО ПЕШКИРИ
СМЕСТУВАЊЕ ОД 14:00, А НАПУШТАЊЕ ДО 09:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Пакет аранжман (термини со *): 7 ноќевања во дуплекс и автобуски превоз;
  • Наем (термини без *): 7 ноќевања во дуплекс;
  • Користење на клима уред и wi-fi;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз за термините за наем (без *);
  • Туристичка такса – 4 € на ден за дуплекс (се плаќа во агенцијата);
  • Патничко-здравствено осигурување;
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот.
УСЛОВИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ

– Дуплекс 1/5+2: плаќаат минимум 4 лица; останатите лица до максималниот капацитет се бесплатни и плаќаат само превоз, доколку го користат;
– Деца до 1,99 години се бесплатни и не користат седиште во автобусот;
– За патување со сопствен превоз, од цената на пакет аранжманот се одбиваат 10 € (620 ден.) по лице.

НАПОМЕНИ

– Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
– За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договорот за патување;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– BLACK FRIDAY попустот од 20% важи за резервации до 30.11.2026, со минимум уплата од 50% при резервација и остаток најдоцна до 31.03.2027;
– Попустите не се комбинираат;
– Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите што треба да влезат во студијата/апартманите во следниот термин;
– Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата што се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер го задржуваат правото да не ги примат лицата што не се наведени во ваучерот или за нив да побараат соодветен финансиски надомест;
– Гостите се сместуваат во исчистена соба, а во текот на престојот самите се грижат за хигиената;
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена штета да извршат наплата за неа од клиентите што се сместени во моментот;
– Цените објавени во табелата се конечни, без скриени трошоци;
– Т.А. „БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет-врската во кој-било објект од целата понуда;
– Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда; претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената;
– При промена или откажување на резервацијата се плаќаат манипулативни трошоци од 620 денари, покрај примената на Општите услови за патување;
– Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување; нивниот недостаток не е одговорност на вработените во Т.А. „БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ“ и на самата агенција;
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ“.

ПРЕВОЗ

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место што е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. Цената на превозот за термините за наем е:

  • За возрасни 3.720 ден. (60 €) повратно, 2.790 ден. (45 €) во еден правец;
  • За деца до 12 години 3.100 ден. (50 €) повратно, 2.480 ден. (40 €) во еден правец;
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.

ID043

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ