Tour overview
Вила DIAMOND 4 се наоѓа во мирен дел на почеток од гратчето Никити, на 400 метри оддалеченост од плажа. Вилата располага со четири 1/4+1 апартмани со можност за достава на уште едно дополнително легло. Собите се комплетно опремени со кујна и кујнски прибор, TV, фрижидери и шпорет. Клима (вклучена во цена), WIFI, тоалет, фен и пешкири. Лоцирана е во мирен и тивок дел на почеток на местото.
Два апартмани се наоѓаат на прв кат и два на приземје, и истите располагаат со две простории. Има брачен кревет во спалната соба и во другата просторија поврзана со кујна се наоѓаат 2 единечни кревети со можност за достава на уште едно дополнително легло. Кујната е целосно опремена, исто така има тоалет и балкон. Може да се сместат максимум 4 возрасни и едно дете до 12 години.
Координати до вилата „Diamond 4“.
|
10% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации направени до 31.03.2026 (минимум уплата од 50% ОСТАТОКОТ ДО 31.05.2026) |
| Термин | Ноќевања | 1/4+1 апп |
| 24.05 | 7 ноќи | 300 € |
| 31.05 | 7 ноќи | 350 € |
| 07.06 | 7 ноќи | 550 € |
| 14.06 | 7 ноќи | 650 € |
| 21.06 | 7 ноќи | 750 € |
| 28.06 | 7 ноќи | 850 € |
| 05.07 | 7 ноќи | 990 € |
| 12.07 | 7 ноќи | 1150 € |
| 19.07 | 7 ноќи | 1250 € |
| 26.07 | 7 ноќи | 1250 € |
| 02.08 | 7 ноќи | 1250 € |
| 09.08 | 7 ноќи | 1250 € |
| 16.08 | 7 ноќи | 1250 € |
| 23.08 | 7 ноќи | 1150 € |
| 30.08 | 7 ноќи | 990 € |
| 06.09 | 7 ноќи | 750 € |
| 13.09 | 7 ноќи | 550 € |
| 20.09 | 7 ноќи | 400 € |
| 27.09 | 7 ноќи | 350 € |
| НАПОМЕНИ |
- ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
- Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа на лице место на сопствениците.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62,00 денари).
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Попустите НЕ може да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Преземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот – локално време.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ може да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
ID 010
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |




