Tour overview

Замислувате некој остров? Прва помисла – тишина и сино небо над палмите на ненаселен остров на Карибите. Тогаш се појавува и насмеан народ на кого му се доволни салса, мохито и пури за еден магичен живот. Одиме на Куба! 

Куба оваа сезона ќе ја работиме на три начини и тоа со поаѓање од Скопје!

Одиме на авантура во Куба (Cuba) од Скопје! Необичен остров каде комунизмот сеуште живее, каде Фидел Кастро вовел систем кој тешко се менува и покрај зголемената отвореност кон светот во последно време! Разгледување на старата Хавана, возење со бротче до тврдината и церемонијата на пукање со топови, резиденциите и колонијалните куќи, прошетка низ Хавана и квартовите во кои нема туристички атракции каде живеат Кубанци и во кои владее неверојатна атмосфера… Ќе одиме во мали салса кафулиња, отворени кафичи во кои влегуваат улични музичари и бендови и свират додека публика ги бодри со насмевки, аплаузи или песози. Нé очекува возење со стари автомобили од ’70тите, ветар во коса и звуците на салса! Ќе уживаме во тропските плажи и кокосово млеко во Варадеро, ќе учиме како се прави тутун во Вињалес и ќе дознаеме нешто повеќе за животот на Ернест Хемингвеј во прошетката низ неговата родна куќа. Ќе јадеме морски плодови, печени банани и останати специјалитети во “casas particulares” каде љубезните домаќини ќе ни кажуваат приказни за Куба и ќе не учат шпански!

Viva la Cuba!

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
ДЕН 1  |  СОСТАНОК НА ПАТНИЦИТЕ И ПОАЃАЊЕ

Состанок на патниците на Меѓународниот аеродром во Скопје, два часа пред летот. Лет за Хавана во 20:50 часот (ТК183), со преседнување во Истанбул. 

 Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

 Место

  • Скопје
  • Истанбул
ДЕН 2  |  ПРИСТИГНУВАЊЕ ВО ХАВАНА

Пристигнување во Хавана. Трансфер од аеродром до сместувањето. Првиот ден на Куба се одмараме и се запознаваме со магијата на Карибите. 

 Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Хавана, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

 Сместување

Casa Particulares – Havanaили La Maestranza – Havana1 ноќ

 Место

  • Истанбул
  • Хавана

 

ДЕН 3  |  ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ – ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЦЕНТРАЛНА ХАВАНА И СТАРА ХАВАНА, ВОЗЕЊЕ СО КАБРИОЛЕТИ

Поаѓаме на факултативен разглед на Хавана. Прво ги посетуваме деловите на Централна Хавана кои се под заштита на УНЕСКО и се запознаваме со начинот на живот на Кубанците. Пазари, играње домино на улица, деца кои сакаат да се сликаат чии насмевки не можеме да ги одбиеме. Ќе ги видиме четрите главни плоштади на Хавана, а потоа ќе се упатиме према Стара Хавана. Панорамскиот разглед го започнуваме во кабриолети со кои ќе ги посетиме најзначајните делови на градот, а на крајот ќе направиме “фотки“ кои никогаш нема да ги заборавиме.

 Сместување

Casa Particulares – Havanaили La Maestranza – Havana1 ноќ

 Место

  • Хавана

 Факултативни излети

 

ДЕН 4  |  ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ – КУЌАТА НА ХЕМИНГВЕЈ И PLAYAS DEL ESTE (SANTA MARIA)

Факултативен излет – разгледување на куќата во која живеел Ернест Хемингвеј. На овој излет ќе добиете потполна слика за целокупниот живот на славниот писател, ќе дознаете зошто одлучил голем дел од својот живот да го помине во околината на Хавана, ќе видите негови лични предмети и ќе слушнете за неговата трагична смрт. По прошетката одиме на плажата Santa Maria, една од плажите кои се наоѓаат на 15 километри од Хавана. Уживаме во тиркизното море, лежиме под палмите на белиот песок и слушаме како свират локалните музичари. Враќање на Хавана.

 Сместување

Casa Particulares – Havanaили La Maestranza – Havana1 ноќ

 Место

  • Хавана

 Факултативни излети

 

ДЕН 5  |  ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ – ВИЊАЛЕС

Авантура во рурална Куба! Ги посетуваме плантажите за тутун и шеќерна трска, сушарите за тутун, а потоа одиме во куќата на едно семејство кое живее во ова село, кадешто нашиот домаќин ќе ни покаже како се прават кубанските цигари, а домаќинката ќе ни подготви кафе од тукушто набрани зрна од околината. По ручекот во локалниот ресторан одиме на разгледување на Индијанските пештери кои се под заштита на УНЕСКО заради тоа што се изградени од тип на карпи кои ги има само тука и уште на неколку места во светот. Ќе пешачиме низ една од пештерите, а потоа се качуваме во чамец кој ќе не вози по реката внатре во пештерите и ќе не изнесе на другата страна. Враќање во Хавана во вечерните часови.

 Сместување

Casa Particulares – Havanaили La Maestranza – Havana1 ноќ

 Место

  • Хавана

 Факултативни излети

 

ДЕН 6  |  ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ – ВАРАДЕРО

Факултативен излет– Варадеро (Varadero). Пред да ја посетиме една од најубавите плажи на Карибите, ќе ја посетиме пештерата Saturno во која ќе имаме прилика и да се искапеме. Потоа продолжуваме кон плажата Варадеро каде ќе уживаме во белиот песок и кристалното море. Враќање во Хавана.

 Сместување

Casa Particulares – Havanaили La Maestranza – Havana1 ноќ

 Место

  • Хавана

 Факултативни излети

 

ДЕН 7  |  СЛОБОДЕН ДЕН ЗА УЖИВАЊЕ

Ден за вистинско уживање во духот на оваа магична земја! Уживаме со коктели во рака на плажата Santa Maria или посетуваме некои од музеите во Хавана. Можеме да го посетиме барот “Floridita” – место во кое своето време го поминувал Ернест Хемингвеји да го пробаме познатиот коктел Даикири! 

 Сместување

Casa Particulares – Havanaили La Maestranza – Havana1 ноќ

 Место

  • Хавана
ДЕН 8  |  ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ – LAS TERRAZAS ZIP-LINING

Овој ден е резервиран за најавантуристичкото искуство во Куба! Започнуваме со возење до провинцијата Пинар дел Рио, каде се наоѓа местото Las Terrazas — најважнaтa природни убавини на Куба. По пристигнувањето нашите домаќини не чекаат со коктел за добредојде. Потоа следи посета на плантажите за кафе – Буенависта, каде имаме прилика да научиме нешто повеќе за традицијата на одгледување на кафе во Куба. Продолжуваме со искуство кое никогаш нема да го заборавите — ziplining! Има вкупно три ziplines кои поминуваат над бујните шуми, плантажите на кафе, езерото San Juan или селото Las Terrazas. Пешачиме по главните улици на заедницата, се дружиме со топлите и гостољубиви локалци, а по ручекот, одиме да се бањаме во кристално чистите води на езерото San Juan, кое е опкружено со зимзелена шума. Се враќаме во Хавана. Последна ноќ на Куба, се поздравуваме со новите пријатели, пиеме по уште некој коктел и ги повторуваме салса чекорите кои ги научивме!

 Сместување

Casa Particulares – Havana или La Maestranza – Havana 1 ноќ

 Место

  • Хавана

 Факултативни излети

ДЕН 9  |  НАПУШТАЊЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО И СЛОБОДНО ВРЕМЕ ДО ПОАЃАЊЕ

Напуштање на сместувањето во утринските часови и трансфер до аеродром. Лет од Хавана за Истанбул.

 Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Хавана – Истанбул, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

 Место

    • Хавана
    • Истанбул
ДЕН 10  |  ВРАЌАЊЕ И КРАЈ НА ПАТУВАЊЕТО

Пристигнување во Истанбул. Лет од Истанбул за Скопје во 20:25 часот. Пристигнување во Скопје. Се враќаме од неверојатно патување, а во главата сеуште ги слушаме звуците на регетон и нозете сами ни се движат во ритамот на салса. Крај на патувањето. 

 Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Скопје, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

 Место

  • Истанбул
  • Скопје

 

ПРОМО ЦЕНАОД 1299€
РЕДОВНА ЦЕНА: 1449€

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Во цената на аранжманот е вклучено:

Сместување

Casa Particulares – Havana Пример или La Maestranza – Havana Пример  7 ноќи


Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Хавана, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Хавана – Истанбул, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Скопје, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

 

ФАКУЛТАТИВИ

Разглед на Централна и Стара Хавана и Возење со Кабриолети

Цена: 55,00 EUR
Поаѓаме на факултативен разглед на Хавана. Прво ги посетуваме деловите на Централна Хавана кои се под заштита на УНЕСКО и се запознаваме со начинот на живот на Кубанците. Пазари, играње домино на улица, деца кои сакаат да се сликаат, а чии насмевки не можеме да ги одбиеме. Ќе ги видиме четрите главни плоштади на Хавана, а потоа ќе се упатиме према Стара Хавана. Панорамскиот разглед го започнуваме во кабриолети со кои ќе ги посетиме најзначајните делови на градот, а на крајот ќе направиме “фотки“ кои никогаш нема да ги заборавиме.

 

 

 

 

 

 

Куќата на Хемингвеј и Playas del Este (Santa Maria)

Цена: 45,00 EUR
Ернест Хемингвеј еден од најславните писатели на XX век, поминал дел од својот живот уживајќи во својата куќа недалеку од Хавана. Ја посетуваме куќата каде се запознаваме со неговиот интересен живот. Дали сте знаеле дека чувал повеќе од 40 мачки? Дека учествувал во 4 војни? Дека гробовите на неговите кучиња се наоѓаат баш на имотот кој ќе го посетиме? Нема да ви откриеме сѐ, но точно е дека Хемингвеј бил многу интересна личност и дека зад себе има оставено многу големи дела. Во куќата се наоѓа и колекција на неговите книги и од таа причина не може да се влезе, но целосните простории се гледаат низ вратата и прозорците. Потоа одиме да пливаме во прекрасните карипски води. Плажите кои се простираат на речиси шест километри се популарни како меѓу туристите, така и меѓу локалците. Идеално место за одмор и уживање на само половина час возење од Хавана. Во цената на излетот е вклучено: претставник од агенцијата, влезница во музеј и трансфери до музејот, плажата и назад до сместувањето.

Вињалес

Цена: од 70,00 EUR до 75,00 EUR
Долината Вињалес е позната по својот извонреден пејзаж и позната по традиционалните методи на земјоделство, особено за тутун кои останале непроменети и како таква се наоѓа под заштита на UNESCO. Целиот регион ја чува својата богата традиција преточена во архитектурата, во своите занаети и начинот на живот. Посетата на Вињалес ќе нѝ помогне подобро да се запознаеме со руралната околина и со прекрасната природа. Вињалес го красат шарени куќички, како и планините Моготес (Mogotes). Од Хавана е оддалечена 184 km, а патувањето до таму го дополнуваме со попатно застанувањe на местото Лас Баригонас (Las Barrigonas), познато по прочуените “Трудни палми“. Тоа се посебен вид на палми карактеристични само за Куба. Првата станица во Вињалес е секако Индијанската пештера, која ја разгледуваме со локален водич. На моторни чамци ја разгледуваме внатрешноста на пештерата и го фотографираме прекрасниот премин од пештерата во природата. Заедно продолжуваме кон познатата долина на тутунот, каде учиме како се обработува тутунот и се подготвува за правење на цигари. Посетуваме локална кубанска куќа во која домаќинот нѝ покажува како се изработуваат цигари, а и ние самите ќе имаме можност да пробаме. Доколку имаме желба можеме заедно да одиме до еден од прекрасните палачари и да пробаме вистинска локална храна. При враќањето во Хавана застануваме на видиковец од кој има најубав поглед на долината Вињалес и планините Моготес. Идеално место за фотографии. Цената на излетот вклучува превоз, влезница за пештерата, локален водич и посета на локална куќа.

Варадеро

Цена: 65,00 EUR
Дваесетте километри прашкасто бел песок и тиркизната сина боја на морето направиле Варадеро да стане една од најпознатите плажи на Карибите. Од таа причина, се упатуваме од Хавана кон Варадеро на еднодневен излет и уживање. Карипското тиркизно море колку што е прекрасно на површината е уште поубаво во длабочината. На пат до Варадеро ја посетуваме и се бањаме во пештерата Сатурно (Saturno). Пештера со слатка чиста вода со длабочина и до 20 метри која дефинитивно вреди да се посети. Одиме на плажа во Варадеро каде единствено што нѝ преостанува е потполно да се опуштиме и уживаме. Целиот излет не би била целосен без зајдисонцето и коктелите во кои може да уживаме на видиковецот Bacunayagua каде погледот нѝ го красат зелените кралски палми и највисокиот мост на Карибите. Во цената на излетот е вклучено: трансфери, влез во пештерата, претставник од агенцијата.

Las Terrazas Zip-lining

Цена: 75,00 EUR
Овој ден го започнуваме со возење до провинцијата Пинар дел Рио, каде се наоѓа местото Las Terrazas. Las Terrazas e најважнaтa природни убавини на Куба, која УНЕСКО ја има прогласено за биосферен резерват. По пристигнувањето нашите домаќини не чекаат со коктел за добредојде на имотот на Ранчо Курухеј (Rancho Curujey). Потоа следи посета на плантажите за кафе – Буенависта, делумно обновена плантажа од 19-ти век, каде имаме прилика да научиме нешто повеќе за традицијата на одгледување на кафе во Куба. Продолжуваме со искуство кое никогаш нема да го заборавите — ziplining! Las Terrazas е единственото место со zipline на Куба. Има вкупно три ziplines кои поминуваат над бујните шуми, плантажите на кафе, езерото San Juan или селото. Пешачиме по главните улици на комуната, се дружиме со топлите и гостољубиви локалци, а по ручекот, одиме да се бањаме во кристално чистите води на езерото San Juan, опкружено со зимзелена шума. Се враќаме во Хавана. Последна ноќ на Куба, се поздравуваме со новите пријатели и ги повторуваме салса чекорите кои ги научивме!

 

НАПОМЕНИ:

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Општи напомени:

  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред…)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Организаторот не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и запознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

 

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Куба

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ

Куба е островска држава во Централна Америка. Главен и најголем град е Хавана со околу 2 милиони жители додека целата држава има 11 милиони жители. На јужната страна излегува на Карипско море додека на север излегува на Мексички залив и Атлснтски океан. По државно уредување Куба е република.

Површина на земјата: 109,884 km²

Број на жители: 11 милиони

Главен град: Хавана

Националност: Кубанци

Официјален јазик: шпански

Вероисповед: официјално атеистичка држава, но околу 60% се католици, а околу 20% се традиционална религија

Независност: 20.05.1902.

2. ВИЗА

За државјаните на Р. С. Македонија виза не е потребна.

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА

Временската зона е UTC -5.

4. КЛИМА

На куба владее тропска клима. Просечна годишна температура е 25°C, во Јануари просечна температура е 21°C  додека во Јули просечна температура е 27°C. Периодот од ноември до април е сушен годишен период, додека периодот од мај до октомври е период на дождови. Во септември и октомври повремено се појавуваат урагани. Исто така Куба одликува со висока влажност на воздухот.

5. ХРАНА

Кујната на Куба се базира пред сé на рибни специјалитети и морски плодови, но исто така се застапени и сите врсти на месо. Прилог кој оди со речиси секое јадење е ориз Moros y Cristianos то ест ориз и црн грав. Национално јадење е Ropa Vieja – говедско со зеленчук. На Куба постојат многу видови на овошје и зеленчук кои не растат во Европа (гвајаба, ананас, маланга, јука…). Се препорачува конзумирање на храна исклучиво од ресторани освен овошје и зеленчук кое го има на пазарите. Цените се како и во Европа (оквирно оброк чини околу 10-15 ЕУР). Важно е да се напомене дека мора да се конзумира исклучиво флаширана вода!

6. ВАКЦИНИ И ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

Вакцинација не е неопходна за патниците кои патуваат во Куба, но се сеоветува патниците индивидуално да се информираат во Институтот за јавно здравје. Пожелно е да понесете лекови за стомачни болки (пробиотици), фервекс или некои лекови за болки и температура, за секој случај. Исто така, таму има комарци, па би било добро да понесете и Аутан како и крема за сончање. Сите овие препарати потребно е да ги понесета на Куба затоа што таму не постојат големи супермаркети и речиси е невозможно да најдете на самата дестинација.

7. ОСИГУРУВАЊЕ

За влез на Куба неопходно е да имате меѓународно здравствено осигурување. Можете да го подигнете во која била осигурителна компанија или можете да го уплатите во нашата агенција до 5 дена пред поаѓање.

8. БЕЗБЕДНОСТ

Состојбата на Куба е безбедна и стапката на криминал е многу ниска. За секој случај се советува внимателност од ситни кражби и џебароши во големите градови и туристички места. Шетањето по улица е слободно и без проблеми дури и во вечерните часови. Дрогата е нелегална појава и како таква е казнива со закон.

9. ОБЛЕКА

Со оглед на високите температури во текот на целата година на патувањето е потребно да понесете летна облека. Во зимиските месеци се препорачува носење и нешто со долги ракави и долги пантолани за навечер. Се препорачува да понесете и некоја стара облека која можете да ја подарите на вашите домаќини на крајот на патувањето. Понесете шешири или качкети како заштита од сонце.

10. ПАРИЧНИ СРЕДСТВА

Куба е земја која има две валути – CUC то ест конвертибилен пезос или CUP – монета национал. Вам на патувањето ќе ви биде потребен само CUC и тоа е валута која ја добивате кога менувате пари во менувачница. Курсот изнесува 1eur = 1,1 CUC. Пари можете да менувате и во CUP но таа валута можете да ја користите само на пазарите и во некои помали продавници а односот е 1CUC = 23CUP. Парите се менуваат во менувачници кои се државни така што курсот е секаде идентичен. На патувањето понесете евра со оглед  дека доларите се на висока провизија. Се советува носење готовина затоа што плаќање со платежни картички не е застапено а банкоматите не се секогаш во функција и нема на многу места.

11. КОМУНИКАЦИЈА

Нашите мобилни мрежи функционираат на Куба. Што се однесува до интернетот, тој го има само на одредени места (wi-fi паркови, лоби на големите хотели) но може да се купат картички за интернет и оквирно чинат околу 1ч = 2 ЕУР. Поради таа причина не се препорачува носење на лап-топи со оглед на тоа дека конекциите нé се секогаш добри. 

12. СТРУЈА

Потребно е да понесете адаптер со два тенки влезови (како во САД).

13. ТОПЛА ПРЕПОРАКА

Куба е една интересна и весела земја! Никаде нема да сретнете толку насмеани луѓе подготвени да танцуваат во секој момент. На Куба ќе уживате во музика, коктели и плажи со бел песок. Но покрај тоа ќе имате можност и да ги посетите руралните делови на Куба и да се запознаете со нашинот на изработка на прочуените кубански пури. Куба навистина има што да понуди така што ќе имате можност и да одморите и да истражувате!

ID008                        

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
  •