Tour overview

NEBESKA STOLICA 1 4* – КОПАОНИК
ЗИМА 2026/2027

Копаоник, Србија – „Nebeska Stolica 1“ е еден од најбараните објекти на Копаоник. Се наоѓа директно на ски-стазата „Машинац“, а неговата тераса е една од најсончевите на планината – најдоброто место да се опуштите и да ги гледате децата како ги прават првите скијачки чекори.

Објектот има 33 модерно опремени студија и апартмани за 2 до 6 лица, уредени во даб, со TV, телефон и кујна опремена со фрижидер, шпорет и садови. На располагање се рецепција, бесплатен Wi-Fi, ски-гардероба, изнајмување ски-опрема и мини спа центар. Ресторанот „L’ami“ е поврзан со топла врска со сместувањето. Цените се по студио/апартман за 7 ноќевања – само сместување.

ЗОШТО „NEBESKA STOLICA 1“?
  • 10% попуст за уплата до 20.10.2026;
  • Директно на ски-стазата „Машинац“ – идеално за деца и почетници;
  • Една од најсончевите тераси на Копаоник;
  • Студија и апартмани со опремена кујна;
  • Полупансион по избор, со топла врска до ресторанот.
ПОСЕБНА ПОНУДА
  • 10% попуст за уплата до 20.10.2026.
ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027
Цените се по студио/апартман за 7 ноќевања (недела–недела), само сместување (НАЈАМ)
Тип на сместување 27.12.2026–03.01.2027 03.01–10.01.2027 07.02–14.02.2027 14.02–21.02.2027 21.02–28.02.2027 28.02–07.03.2027
Студио 1+2 (до 3 лица) 754€ 754€ 646€ 704€ 646€ 646€
Студио 2+2 (до 4 лица) 976€ 976€ 797€ 890€ 797€ 797€
Апартман 3+2 (до 5 лица) 1.113€ 1.113€ 905€ 1.012€ 905€ 905€
Апартман 4+2 (до 6 лица) 1.256€ 1.256€ 1.019€ 1.142€ 1.019€ 1.019€
Исхрана (по избор):
  • Полупансион – 26€ дневно по лице (класичен сервис, избор од повеќе јадења);
  • Појадок – 9€ дневно по лице;
  • Деца до 1.99 год. – бесплатно, деца од 2 до 9.99 год. – 50%.
Во цената е вклучено:
  • Наем на студио/апартман за 7 ноќевања;
  • Ски-гардероба и Wi-Fi интернет.
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса – 1€ по лице за ноќ (и за деца од 7 до 15 год.);
  • Осигурување – 1€ по лице за ноќ (таксата и осигурувањето се плаќаат на рецепција);
  • Услугите на мини спа центарот – се плаќаат на лице место;
  • Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.
Напомена:
  • За престој пократок од 7 ноќи (минимум 3), на упит, цената се зголемува за 25%;
  • Објектот е директно на ски-стазата и нема пристап со автомобил – багажот го пренесува хотелот.

ID005

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:


ФОТОГРАФИИ