Tour overview
Торони е мирно гратче во Ситонија, вториот крак на Халкидики, идеално за опуштен одмор. Неговата закривена плажа со густ златен песок, долга 2,5 километри, се смета за една од најубавите во Ситонија, а местото е познато и по фантастичните зајдисонца.
Вилата „Астерис“ (Asteris) е одличен избор за сите што сакаат да бидат на чекор од песочната плажа и во непосредна близина на сите содржини во Торони. Се наоѓа во самиот центар на местото, на околу 50 метри од плажата, во близина на таверни и маркет. Објектот располага со само два апартмани, а тоа гарантира мир, приватност и одличен однос цена–квалитет. Во приземјето се наоѓа брза храна со еден од најдобрите гироси во Торони, во сопственост на домаќинот. Вилата нема сопствен паркинг; паркирањето во околината е според расположливоста на слободните места.
| ДО 40% BLACK FRIDAY ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО УПЛАТА ОД 50% ВЕДНАШ И 50% ДО 30.11.2026 |
Прецртаните цени се редовни, а до нив се цените со Black Friday попуст.
| Термин |
Ноќевање |
1/2+2 Апартман |
| 16.05.2027 |
7 |
249 € 150 € |
| 23.05.2027 |
7 |
279 € 196 € |
| 30.05.2027 |
7 |
299 € 210 € |
| 06.06.2027 |
7 |
399 € 280 € |
| 13.06.2027 |
7 |
609 € 549 € |
| 20.06.2027 |
7 |
699 € 595 € |
| 27.06.2027 |
7 |
699 € 560 € |
| 04.07.2027 |
7 |
749 € 600 € |
| 11.07.2027 |
7 |
799 € 640 € |
| 18.07.2027 |
7 |
869 € 739 € |
| 25.07.2027 |
7 |
899 € 765 € |
| 01.08.2027 |
7 |
1199 € 1080 € |
| 08.08.2027 |
7 |
1199 € 1080 € |
| 15.08.2027 |
7 |
999 € 900 € |
| 22.08.2027 |
7 |
899 € 720 € |
| 29.08.2027 |
7 |
609 € 427 € |
| 05.09.2027 |
7 |
469 € 329 € |
| 12.09.2027 |
7 |
429 € 301 € |
| 19.09.2027 |
7 |
249 € 175 € |
ЦЕНИ ПО АПАРТМАН (ДО 4 ЛИЦА) ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА, БЕЗ ПРЕВОЗ И БЕЗ ОБРОЦИ
КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 14:00, А НАПУШТАЊЕ НА АПАРТМАНИТЕ ДО 10:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)
ПОСТЕЛНИНАТА И ПЕШКИРИТЕ СЕ МЕНУВААТ НА СЕКОИ 7 ДЕНА
ВИЛАТА НЕМА СОПСТВЕН ПАРКИНГ
Сместувачки капацитети:
1/2+2 Апартман – четирикреветен апартман на првиот кат, со посебна спална соба со брачен кревет и одделна просторија со кујна и кревети на спрат за две лица (горниот кревет е безбеден и достапен преку стабилни скали). Кујната е опремена со фрижидер, мал шпорет со рерна и основен прибор за подготовка на лесни јадења. Секој апартман има сопствена бања со туш, телевизор, Wi-Fi, клима уред (вклучен во цената), голем балкон, постелнина и пешкири.
- 7 ноќевања во четирикреветен апартман со една спална соба во вилата Астерис;
- Користење на клима уредот;
- Користење на кујната и основниот прибор;
- Постелнина и пешкири;
- Превоз (со доплата – види ПРЕВОЗ);
- Патничко осигурување;
- Туристичка такса – 2 € по апартман од ноќ, односно 14 € за 7 ноќевања;
- Оброци;
- Факултативни излети и влезници;
- Останати индивидуални трошоци;
– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане. Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање до вилата;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– Цените се за наем на цел апартман (до 4 лица) за 7 ноќевања. Датумот во ценовникот е денот на пристигнување;
– За уплати на два последователни термини (7+7 ноќевања) одобруваме 10% попуст на втората смена, пресметан од редовната цена. Овој попуст не се комбинира со Black Friday, Early Booking и други промотивни попусти;
– На веќе прикажаната промотивна цена не се пресметува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (до 4 лица);
– Хигиената во апартманот за време на престојот ја одржуваат самите гости; кујните се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења;
– Фотографиите се од повеќе апартмани и служат за општ впечаток за објектот. Изгледот и распоредот може да се разликуваат меѓу апартманите;
– Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени. Подоцнежното намалување на цената не е основа за враќање на разликата за веќе уплатени резервации;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- 55 € за возрасни – повратна карта;
- 45 € за деца до 12 години – повратна карта;
- Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
- Поаѓање од Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата;
- Секој патник има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж.
ID051 ID025
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |