Tour overview
| ХОТЕЛ BOROVETS HILLS 5* – БОРОВЕЦ ЗИМА 2026/2027 |
Боровец (околина), Бугарија – Хотелот „Borovets Hills“ е хотел со пет ѕвезди во мирниот дел над Боровец, на неколку минути пеш од лифтот „Јастребец експрес“, а до главните стази во Боровец ве носи ски-шатл. Ако сакате тишина, природа и луксуз, а сепак лесен пристап до снегот, ова е вистинскиот избор.
„Боровец Хилс“ нуди двокреветни соби, студија и апартмани со една или две спални, сите со балкон, а цената е по единица на база полупансион. Спа центарот нуди внатрешен базен, џакузи, сауна, парна бања, солена соба и фитнес, а децата имаат детски клуб, игротека и игралиште. Паркингот, интернетот и сефот се вклучени во цената.
| ЗОШТО „BOROVETS HILLS“? |
- Хотел со 5 ѕвезди во мирна природа;
- Полупансион вклучен во цената, цена по соба/апартман;
- Деца до 3.99 год. на дополнително легло – бесплатно;
- Спа центар: базен, џакузи, сауна, парна бања и фитнес – вклучено во цената;
- Ски-шатл, паркинг и интернет вклучени;
- Бонус 7=6 во јануари и март.
| РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА И БОНУСИ |
- 10% попуст за резервации до 31.10.2026, со 50% аванс до 15.11.2026;
- 5% попуст за резервации до 30.11.2026, со 50% аванс до 15.12.2026;
- Бонус 7=6 за престој 05.01–19.01.2027 и 01.03–31.03.2027 – не се комбинира со попустите за рана резервација.
| ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027 Цените се по единица за 1 ноќевање на база ПОЛУПАНСИОН |
| Тип на сместување | 05.01–19.01.2027 01.03–31.03.2027 |
20.12.2026–04.01.2027* 20.01–28.02.2027 |
| Двокреветна соба – цена за 2 лица (2+1 / 3 возрасни) | 209€ | 230€ |
| Дете до 11.99 год. на дополнително легло | 42€ | 46€ |
| Дете до 11.99 год. на редовно легло | 63€ | 69€ |
| Возрасен на дополнително легло | 73€ | 80€ |
| Студио – цена за 2 лица (2+2 / 3 возрасни) | 236€ | 266€ |
| Дете до 11.99 год. на дополнително легло | 47€ | 54€ |
| Возрасен на дополнително легло | 83€ | 93€ |
| Едноспален апартман – цена за 2 лица (2+2 / 3 возрасни) | 264€ | 302€ |
| Дете до 11.99 год. на дополнително легло | 53€ | 60€ |
| Возрасен на дополнително легло | 93€ | 106€ |
| Двоспален апартман – цена за 4 лица (4+2 / 5 возрасни) | 427€ | 479€ |
| Дете до 11.99 год. на дополнително легло | 43€ | 48€ |
| Возрасен на дополнително легло | 74€ | 84€ |
| Еднокреветна соба | 145€ | 161€ |
* Цените не важат за божиќниот и новогодишниот период – информации во агенција
| Попусти за деца и дополнително легло: |
- Деца до 3.99 год. на дополнително легло – бесплатно;
- Цените за деца до 11.99 год. и за возрасни на дополнително легло се дадени во ценовникот, под секој тип на сместување.
| Во цената е вклучено: |
- Ноќевање со појадок и вечера (полупансион) – цена по единица;
- Користење на внатрешен базен, џакузи, сауна, парна бања и фитнес;
- Интернет, паркинг и сеф;
- Ски-шатл (според распоред);
- Туристичка такса.
| Во цената не е вклучено: |
- Масажи и спа третмани;
- Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.
ID004
ФОТОГРАФИИ

