Tour overview
Дочек на Новата 2025 Година во СОЛУН
ПРВ ДЕН 31.12.2024 |
Поаѓање за Солун од Скопје на паркингот кај СЦ „Борис Трајковски“ во 05.00 часот со туристички автобус. Пристигнување во Солун околу 10.00 часот, следува панорамско разгледување на градот со посета на Виа Игнација, црквата Св. Димитрија, Римскиот форум, Белата Кула… Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг по познатите улици Via Egnatia и Tsimitski (можност да се искористат новогодишните попусти). Попладне поаѓање за Паралија. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Вечерта организирана факултативна свечена Новогодишна вечера во таверна со уметничка програма на грчки песни и танци и со специјалитети на грчката кујна. Дочек на Нова година 2025.
Ноќевање.
ВТОР ДЕН 01.01.2025 |
Појадок. После појадокот заминување на факултативен излет до Литохоро и Катерини. Посета и разгледување на новиот манастир Св. Дионисиј и местото Литохоро под падините на планината Олимп. Се продолжува за Катерини – живописен град на областа Пиерија и е познат на нашите туристи кои летуваат на брегот на Олимписката ривиера. Богатите зелени површини, паркови, фонтани и водопади му даваат посебен шарм на ова интересно место во подножјето на митската планина Олимп. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Паралија.
Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 02.01.2025 |
Појадок. По појадокот заминување за Воден и посета на водопадите. Воден или Едеса во превод би значело „Кула на вода“ е веројатно единствениот град на свет каде водопадите се многу блиску до центарот на градот. Ги има седум, а главна атракција е најголемиот Каранос, висок 70 метри именуван во чест на првиот антички македонски крал. Слободно време за прошетка по прекрасните патеки исполнети со зеленило и вода. Попладне заминување за Македонија со посета на Freeshop Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 119€ / 7378 МКД |
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Превоз со туристички автобус на дадената релација;
- Сместување во хотел 3* во Паралија на база две ноќевања со појадок;
- Разгледување и шопинг во Солун;
- ГРАТИС посета на водопадите во Воден;
- Организација и пратител на патувањето
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Факултативен излет до Литохоро и Катерини -5 евра; (минимум 30 лица пријавени за реализација);
- Новогодишна вечера во таверна;
- Влезници за посетите;
- Патничко осигурување (задолжително);
НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот Солун Нова година 2025 потребни се минимум 40 патници;
- За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош;
- Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари;
- За овој аранжман важат општите услови за патување на БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ;
ID026
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004 |