ПРВ ДЕН 07.12 (САБОТА) | СКОПЈЕ – РИМ |
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 15:00 часот. Лет за Рим во 16ч50ч. Слетување во Рим во 18:40 часот.Трансфер до хотелот и сместување.
Ноќевање.
ВТОР ДЕН 08.12 (НЕДЕЛА) | РИМ |
Појадок. Организирана 3 часовна пешачка тура на Рим со локален водич. Разгледот на градот вклучува (Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар… прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон.
Слободни активности. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 09.12 (ПОНЕДЕЛНИК) | ВАТИКАН – РИМ |
Појадок. факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи…, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар….Слободно попладне. Можност за прошетка низ центарот на Рим, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент…, посета на еден од Christmas базарите ширум градот. Пауза за ручек, кафе, коктел и слободни кативности.
Слободна вечера. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН (ВТОРНИК) | АНТИЧКИ РИМ – СКОПЈЕ |
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Антички Рим, каде се посетуваат Римскиот форум и Колосеум, со локален водич – Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција, плоштадот Кампидољо. Слободно време и можност за последно кафе, аперол, пица, тестенини, посета на некој од божичните маркети и слободни активности. Трансфер од Хотелот во 16:00ч.Поагање за Скопје во 19:00ч.Слетување во Скопје во 20:50ч.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 399 € / 24.738 МКД за првите 6 |
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 519 € / 32.178 МКД |
Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Директен лет на релација Скопје- Рим – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
- Организирани трансфери аеродром Рим – хотел – аеродром Рим
- Аеродромско такси
- Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во центар на Рим
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: |
- Доплата за (куфер);
- Туристичка такса – 4 € по лице на ден
- Билети за јавен превоз;
- Патничко осигурување
- Организирана факултативна посета на Ватикан, и Систинската капела – 70 € (со локален водич и влезница)
- Oорганизира посета на Антички Рим со Колосеум ( со локален водич и влезница ) 60 € / 35 € без влез во Колосеум
- Разглед на град 15 евра по лица
- Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција, најдоцна 15 дена пред реализација на аранжманот. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место
- Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ.
ID036
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |