Tour overview
06.12 – 08.12.26
Луковска Бања – 8 декември – Тридневен одмор и релаксација во Луковска Бања во Србија, на источните падини на Копаоник, во хотелот Бела Јела 4*, со полупансион, базен со термо-минерална вода и користење на новиот Велнес центар. Организирана прошетка со локален водич по Патеките на здравјето.
| ПРВ ДЕН: 06.12.2026 (НЕДЕЛА) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА |
Состанок на групата рано наутро во 05:30 часот. Поаѓање за Србија во 06:00 часот преку граничниот премин Табановце, со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Слободно попладне за индивидуални активности, одмор, релаксација и користење на содржините од Велнес центарот. Вечера. Ноќевање.
| ВТОР ДЕН: 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) ЛУКОВСКА БАЊА |
Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања, во прекрасна природа по таканаречените Патеки на здравјето: Горни Вирови, Милутиново Купатило, Луковска Река… Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес центарот. Вечера. Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 08.12.2026 (ВТОРНИК) ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ |
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето за заминување. Поаѓање за Македонија околу пладне преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
| ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 189 евра (комплетна уплата до 30.10.2026)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 евра |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Превоз со туристички автобус на дадената релација;
- 2 ноќевања во 1/2 соби во хотелот Бела Јела 4* (ТВ, Wi-Fi, бањарки и фен за коса);
- Исхрана на база полупансион (појадок и вечера, шведска маса);
- Користење на внатрешно-надворешен базен со термо-минерална вода со температура од 33 до 35 °C;
- Користење на новиот Велнес центар (сауни, парна бања, солена соба, топли клупи – тепидариум);
- Користење на сала за забава и рекреација;
- Туристичка такса;
- Организација и реализација со туристички придружник;
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Патничко и здравствено осигурување;
- Индивидуални трошоци (масажи, пијалоци и останати неспоменати услуги);
| ПОПУСТИ И ОПЦИОНАЛНИ ДОПЛАТИ: |
- Дете од 2 до 5 години во придружба на 2 возрасни, на дополнителен кревет: бесплатно во хотел, плаќа само превоз 35 € (на барање);
- Дете од 5 до 10 години во придружба на 2 возрасни, на дополнителен кревет: плаќа 50% од цената на аранжманот (на барање);
- Доплата за еднокреветна соба – 30 € (на барање);
- Доплата за избор на ред на седење во автобусот – 10 € (минимум 2 седишта);
- Доплата за дополнително седиште во автобусот – 45 €;
- За реализација на патувањето се потребни минимум 40 патници;
- Цените се дадени по лице, за сместување во двокреветна соба со најмалку 2 лица;
- За резервација е потребна уплата на депозит од најмалку 30%, а доплатата најдоцна до 2 недели пред поаѓање;
- Седиштата во автобусот се доделуваат според времето на уплата;
- За патувањето е потребен важечки биометриски пасош или важечка лична карта;
- Организаторот може да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓањето ако нема доволен број пријавени;
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
- Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес
ID025
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |