Tour overview
Вила „Мантос“ се наоѓа на мирна локација во Парга, опкружена со зеленило, на 450 метри од центарот и 700 метри од градската плажа Крионери. Вилата располага со двокреветни студија на првиот и вториот кат. Секое студио е опремено со кујна, ТВ, Wi-Fi, клима (се доплаќа 7 евра на ден), сопствено купатило и тераса со страничен поглед кон градот и морето. Во цената се вклучени пешкири, а гостите можат да користат бесплатен приватен паркинг.
BLACK FRIDAY – 50% ПОПУСТ НА ЦЕНИТЕ ЗА НАЕМ (ТЕРМИНИТЕ БЕЗ ЅВЕЗДИЧКА), САМО ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НА 11.11.2026 ОД 09:00 ДО 18:00 ЧАСОТ, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА
10% ПОПУСТ НА ВТОРИОТ ТЕРМИН ПРИ УПЛАТА НА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ (ВАЖИ САМО НА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ) |
| Термин |
Ноќевања |
1/2 студио |
| 29.05.2027* |
7 |
149 € |
| 05.06.2027* |
7 |
179 € |
| 13.06.2027* |
7 |
189 € |
| 20.06.2027* |
7 |
239 € |
| 27.06.2027 |
9 |
590 € |
| 06.07.2027 |
9 |
620 € |
| 15.07.2027 |
9 |
690 € |
| 24.07.2027 |
9 |
690 € |
| 02.08.2027 |
9 |
690 € |
| 11.08.2027 |
9 |
690 € |
| 20.08.2027 |
9 |
650 € |
| 29.08.2027 |
7 |
450 € |
| 05.09.2027* |
7 |
239 € |
| 12.09.2027* |
7 |
189 € |
| 19.09.2027* |
7 |
149 € |
Цените во табелата се редовни, без Black Friday попустот од 50%.
Цените означени со ѕвездичка (*) се по лице, со вклучен автобуски превоз. Другите цени се за наем на цело студио или апартман за бројот на ноќевања во табелата, без превоз.
Во термините со ѕвездичка (*) се плаќаат две лица по цената од табелата, а трето и четврто лице доплаќаат по 60 €; во апартманите и дуплексите се плаќа за најмалку три лица. На цените по лице (*), со сопствен превоз цената не се намалува.
- Наем на студио или апартман за 7 или 9 ноќевања, според табелата;
- Автобуски превоз – само за термините означени со ѕвездичка (*);
- Туристичка такса 2 € на ден по студио/апартман – се плаќа во објектот;
- Патничко осигурување (задолжително);
- Користење на клима уредот – 7 € на ден;
- Превоз за термините за наем: за возрасен 80 € повратно / 70 € во еден правец; деца до 12 години 70 €; деца до 2 години (без седиште) – бесплатно;
Студио бр. 3 и бр. 4 – двокреветно студио со 2 единечни кревети, на прв кат.
Студио бр. 6, 7, 8, 9 и 10 – двокреветно студио со 2 единечни кревети, на втор кат.
Во студијата на првиот кат, деца до 3 години можат да спијат во ист кревет со двајца возрасни.
- Цените во табелата се однесуваат на пакет аранжман (*) и на наем на студио или апартман за 7 или 9 ноќевања, според табелата.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62,00 денари).
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени што се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
- Попустите НЕ може да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попустот за рано букирање и попустот за две смени НЕ може да се комбинираат.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Black Friday попустот од 50% важи само за резервации направени на 11.11.2026 од 09:00 до 18:00 часот, со целосна уплата при резервација. Усни резервации не се прифаќаат, важи принципот „прв дојден, прв услужен“, а бројот на апартмани е ограничен.
- За резервации со Black Friday попуст, по потврдувањето не е дозволена промена на терминот ниту на името на патникот. При отказ најдоцна 30 дена пред поаѓањето се задржуваат 10% од вредноста на аранжманот, а при подоцнежен отказ важат општите услови за патување.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, на дополнително барање, може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица што се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот, кој го издава организаторот на патувањето.
- Преземањето на собите е по 14 часот – локално време, а напуштањето е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- При промена или отказ на резервацијата се наплатуваат 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови за патување.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ може да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата.
- Датумот во табелата е денот на започнување на аранжманот; поаѓањето е вечерта претходниот ден. Состанокот на групата е половина час пред наведеното време.
- Скопје, ул. Македонија – хотел „Бристол“, во 23:30 часот;
- Велес, бензинска станица кај мотел „Македонија“, во 00:30 часот;
- Неготино, бензинска станица „Макпетрол“, во 01:00 часот;
- Смоквица, бензинска станица „Shell“, во 01:30 часот;
- Гевгелија, бензинска станица кај граничниот премин, во 02:00 часот.
- Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
- Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
ID 010
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |