Tour overview

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.

Вилата „Mixanikus“ се наоѓа во Јерисос, на околу 80 метри од плажата. Има студија и четирикреветни и петкреветни апартмани, удобни и пространи – одличен избор за семејства со деца. Во вилата се дозволени миленичиња, но само во апартманите на приземјето.

20% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 15.11.2026
10% ПОПУСТ
ЗА УПЛАТА НА АКОНТАЦИЈА ДО 15.11.2026

Цените во табелата се редовни, а попустот се пресметува при уплата.

Термин Ноќевање 1/2+1 Студио 1/2+2 Апартман 1/4+1 Апартман 1/5+1 Апартман
02.06.2027 10 525 € 566 € 609 € 640 €
12.06.2027 10 705 € 834 € 866 € 908 €
22.06.2027 10 885 € 994 € 1048 € 1069 €
02.07.2027 10 1050 € 1165 € 1197 € 1250 €
12.07.2027 10 1095 € 1240 € 1294 € 1345 €
22.07.2027 10 1125 € 1294 € 1358 € 1400 €
01.08.2027 10 1125 € 1294 € 1358 € 1400 €
11.08.2027 10 1125 € 1294 € 1358 € 1400 €
21.08.2027 10 1050 € 1165 € 1197 € 1250 €
31.08.2027 10 770 € 898 € 950 € 1000 €
10.09.2027 10 525 € 566 € 609 € 640 €

ЦЕНИ ПО СТУДИО / АПАРТМАН ЗА НАЕМ НА 10 НОЌЕВАЊА, БЕЗ ПРЕВОЗ

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 15:00, А НАПУШТАЊЕ НА СТУДИЈАТА И АПАРТМАНИТЕ ДО 09:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)
ВИЛАТА ИМА ПЕШКИРИ

Сместувачки капацитети:
1/2+1 Студио – дневен простор со сингл лежај и спален дел со француски лежај, одделен со преграден ѕид без врата; кујна, бања, тераса и клима уред.
1/2+2 Апартман – на приземје: дневна соба со пространа кујна и два лежаја на извлекување, одделна спална соба со француски лежај, бања, тераса во дворот и клима уред; на првиот кат: дневна соба со кујна и 2 сингл лежаи со помали димензии, одделна соба со француски лежај, тераса, бања и клима уред.
1/4+1 Апартман – на приземје: дневна соба со кујна и лежај на извлекување, две одделни спални соби (едната со француски лежај, другата со кревет на кат), бања, тераса во дворот и клима уред.
1/5+1 Апартман – на првиот кат: дневна соба со кујна и лежај на извлекување, две одделни спални соби (едната со француски лежај, другата со три класични лежаи), бања, тераса и клима уред.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 10 ноќевања во студио или апартман во вилата Mixanikus;
  • Користење на клима уредот;
  • Постелнина и пешкири;
  • Услуги на претставник на агенцијата во местото на престој;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз;
  • Меѓународно патничко здравствено осигурување;
  • Климатска такса – 2 € по студио/апартман дневно, се плаќа на лице место;
  • Факултативни излети;
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Цените се за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања (11 дена), согласно предвидениот капацитет. Датумот во ценовникот е денот на пристигнување;
– Кога има акциски попуст, на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 40% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства ) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет;
– Хигиената во студијата и апартманите за време на престојот ја одржуваат самите гости;
– Фотографиите прикажуваат еден или повеќе типови единици, а не нужно сите типови што ги има објектот;
– Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени. Подоцнежното намалување на цената не е основа за враќање на разликата за веќе уплатени резервации;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Миленичиња се дозволени само во апартманите на приземјето;

ПРЕВОЗ
  • Превозот не е вклучен во цената – информации за цената на превозот во агенција;

ID082

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ