Tour overview
Неа Флогита е мало и живописно семејно летувалиште на западниот брег на Касандра, првиот крак на Халкидики, на околу 50 км од Солун. Има долга песочна плажа (околу 1,5 км) со постепен влез во морето, што е одлично за семејства со деца, шеталиште покрај морето и поглед кон Олимп. Во местото има кафулиња, таверни, маркети, пекари и пазар.
Вилата „Zozef & Mary“ е одлична, понова вила во првиот ред, на околу 150 метри од плажата, на почетокот на Неа Флогита. До центарот има околу 450 метри, а во непосредна близина има продавница за храна. Има студија и апартмани на приземје и големи дуплекс апартмани на првиот и вториот кат со директен поглед на морето. Вилата е од А категорија, нема пешкири, а паркирањето е можно пред вилата, на улица.
15% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.01.2027
10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО АВАНС ДО 31.01.2027 |
Попустите важат само за лица што плаќаат цела цена. Цените на термините означени со ѕвездичка се промотивни, односно не подлежат на попуст.
| Термин |
1/2 Апартман |
1/3 Апартман |
1/4 Студио |
1/4 Дуплекс |
1/5 Дуплекс |
1/6 Дуплекс |
| 20.05.2027* |
165 € |
135 € |
120 € |
130 € |
120 € |
115 € |
| 30.05.2027 |
180 € |
135 € |
115 € |
125 € |
115 € |
110 € |
| 09.06.2027 |
250 € |
190 € |
155 € |
170 € |
155 € |
145 € |
| 19.06.2027 |
310 € |
230 € |
190 € |
210 € |
190 € |
175 € |
| 29.06.2027 |
375 € |
275 € |
230 € |
250 € |
225 € |
205 € |
| 09.07.2027 |
420 € |
310 € |
255 € |
280 € |
250 € |
230 € |
| 19.07.2027 |
505 € |
370 € |
300 € |
335 € |
295 € |
270 € |
| 29.07.2027 |
505 € |
370 € |
300 € |
335 € |
295 € |
270 € |
| 08.08.2027 |
505 € |
370 € |
300 € |
335 € |
295 € |
270 € |
| 18.08.2027 |
450 € |
335 € |
270 € |
300 € |
265 € |
245 € |
| 28.08.2027 |
335 € |
250 € |
205 € |
225 € |
205 € |
185 € |
| 07.09.2027 |
260 € |
195 € |
165 € |
180 € |
160 € |
150 € |
| 17.09.2027 |
200 € |
155 € |
130 € |
140 € |
130 € |
120 € |
Цената е по лице за 10 ноќевања, без превоз.
КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
СМЕСТУВАЊЕ ОД 16:00, А НАПУШТАЊЕ НА ЕДИНИЦИТЕ ДО 09:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)
ПОСТЕЛНИНАТА СЕ МЕНУВА ЕДНАШ ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈОТ
ВИЛАТА НЕМА ПЕШКИРИ
Сместувачки капацитети:
1/4 Студио (приземје) – околу 32 м² + тераси: добро опремен кујнски дел (голем фрижидер со замрзнувач, шпорет со рерна), два стандардни и француски лежај, бања со туш-када, покриена тераса со гарнитура за седење и тенда и втора тераса од задната страна. Има клима уред, Wi-Fi и TV.
Апартман 1/2 и 1/3 (приземје) – околу 23 м² + тераса: добро опремена кујна со еден стандарден лежај, спална соба со два стандардни лежаја, бања со туш-када и голема полупокриена тераса со гарнитура за седење, на која се излегува и од кујната и од спалната соба. Има клима уред во ходникот, Wi-Fi и TV.
Дуплекс 1/4, 1/5 и 1/6 (прв и втор кат) – околу 50 м² + тераси, со поглед на морето: голема дневна соба со гарнитура за седење или два стандардни лежаја, камин и добро опремена кујна, две спални соби со два стандардни и еден француски лежај, бања со туш-када и голема тространа тераса или три тераси. Има клима уред и TV во дневната соба и Wi-Fi.
- 10 ноќевања во студио, апартман или дуплекс во вилата Zozef & Mary;
- Услуги на претставник на агенцијата во местото на престој;
- Превоз;
- Меѓународно патничко здравствено осигурување;
- Климатска такса (Climate resilience fee) – 2 € по единица од ноќ, се плаќа на лице место;
- Индивидуални и останати трошоци на патникот;
– Дете до 7 години без посебен лежај не плаќа сместување;
– Сите лица што користат лежај плаќаат цена по лице од табелата, според бројот на лица во единицата;
– Доплата за едно возрасно лице во единица (1/1) е 80% од цената во табелата;
– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства ) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Хигиената во единиците за време на престојот ја одржуваат самите гости;
– Организаторот не гарантира кат, поглед и број на единица, освен ако тоа не е наведено во ценовникот;
– Можна е промена на распоредот на лежаите; организаторот гарантира само договорениот број лежаи;
– Креветите во Грција се потесни од нашите: стандарден кревет е широк 75–90 cm, а француски 110–140 cm;
- Превозот не е вклучен во цената – информации за цената на превозот во агенција;
ID081
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |