Tour overview

На само 220 км оддалеченост, Ставрос е живописно крајбрежно место во северна Грција, сместено на источниот брег на Стримонскиот залив. Името Ставрос потекнува од грчкиот збор „Σταυρός“ што значи „крст“, тоа е симбол со длабоко духовно и историско значење, кој упатува на силната православна традиција на ова подрачје. Ставрос е опкружен со природна убавина и е во близина на планината Холомондас, која нуди зелени пејзажи, чист воздух и многу пријатна клима. Морето овде е мирно, плитко и исклучително чисто. Токму оваа комбинација од планина и море го прави Ставрос особено привлечен за семејства, но и за сите што бараат спокоен одмор. Овде има долги песочни уредени плажи, а некои од нив се носители на сино знаменце што гарантира квалитет на водата и висок еколошки стандард. Шеталиштето е исполнето со кафулиња, традиционални грчки таверни и мали продавници со локални производи.

Вилата „Sofi“ се наоѓа во самиот центар на Ставрос, на 80 метри од шеталиштето, 130 метри од градската плажа и 300 метри од плажата Платани. Располага со апартман 1/4 и дуплекси за 5, 6, 7 и 8 лица. Сите сместувачки единици имаат кујна опремена со основни садови, бања, тераса, LCD TV, клима уред (користењето не е вклучено во цената) и Wi-Fi. Постелнината се менува и единиците се чистат на половина од престојот.

Координати на Вилата;

15% ПОПУСТ ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА
10% ПОПУСТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, СО УПЛАТА ОД 30% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА И ОСТАТОК ДО 01.03.2027
5% ПОПУСТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, СО УПЛАТА ОД 30% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА И ОСТАТОК НАЈДОЦНА 10 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
10% ПОПУСТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУНИ И СЕПТЕМВРИ, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА

Цените на термините означени со ѕвездичка се промотивни, односно не подлежат на попуст.

За 2 споени термини одобруваме намалување од 25 € по лице (не важи за промо термините).

Термин 1/4 Дуплекс 1/5 Дуплекс 1/6 Дуплекс 1/7 Дуплекс 1/8 Дуплекс
27.05.2027* 110 € 100 € 100 € 100 € 90 €
06.06.2027* 129 € 119 € 109 € 99 € 89 €
16.06.2027* 175 € 150 € 135 € 125 € 115 €
26.06.2027 184 € 164 € 144 € 124 € 114 €
06.07.2027 214 € 194 € 184 € 174 € 164 €
16.07.2027 224 € 194 € 184 € 174 € 164 €
26.07.2027 244 € 224 € 203 € 194 € 184 €
05.08.2027 254 € 234 € 224 € 204 € 184 €
15.08.2027 254 € 234 € 224 € 204 € 194 €
25.08.2027 244 € 224 € 204 € 204 € 184 €
04.09.2027 184 € 174 € 154 € 144 € 134 €
14.09.2027* 179 € 149 € 139 € 129 € 119 €
24.09.2027* 120 € 115 € 110 € 110 € 100 €

Цената е по лице за 10 ноќевања, без превоз.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА И ИЗНЕСУВА 5-7 € ДНЕВНО

Сместувачки капацитети:
1/4 апартман и 1/5–1/8 дуплекс – кујна со основни садови, бања, тераса, LCD TV, клима уред, Wi-Fi.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 10 ноќевања во студио или апартман во вилата Sofi;
  • Услуги на претставник на агенцијата во местото на престој;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз;
  • Меѓународно патничко здравствено осигурување;
  • Користење на клима уредот – 5-7 € дневно (не е задолжително);
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ за студијата и апартманите (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
УСЛОВИ ЗА ДЕЦА

– Едно дете до 12 години во заеднички кревет, со минимум две лица што плаќаат цела цена во студио – БЕСПЛАТНО;
– Дете од 2 до 12 години во придружба на две возрасни лица, на посебен лежај, плаќа 70% од цената;
– Две деца до 12 години што користат заеднички лежај – првото дете плаќа 100%, а второто е бесплатно;

ДОПЛАТИ

– Доплата за еднокреветна соба (1/1) е 70% од цената за 1/2 студио во табелата – НА БАРАЊЕ;

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства ) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;

ПРЕВОЗ
  • Превозот не е вклучен во цената – информации за цената на превозот во агенција;

ID079

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ