159€
  • НОВА ГОДИНА 2027
  • Опис
  • Програма
  • Фотографии

Tour overview

Атина – Нова Година 2027 – Атина, градот каде што историјата и модерниот живот дишат заедно. Панорамски разглед со водич, Акропол, дочек на Новата година на еден од плоштадите во Атина, посета на Пиреја и Сунион и факултативен излет до Пелопонез.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Состанок на групата во 19:00 часот. Поаѓање за Атина во 19:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) АТИНА

Пристигнување во Атина. Панорамски разглед на градот: плоштадот Омонија, плоштадот Синтагма со Парламентот и стражата на евзоните, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата порта, Бајроновиот споменик, Националната библиотека и универзитетот. Посета на Акропол (Пропилеи, Партенон, Ерехтејон), чие име во превод значи „град на рид“. Сместување во хотел и слободно попладне. Вечерта дочек на Новата година на еден од плоштадите во Атина. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 01.01.2027 (ПЕТОК) АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН

Појадок. Полудневен излет (30 €) со посета на пристанишниот град Пиреја и неговите марини. Патувањето продолжува по Аполоновиот брег до Сунион, најјужниот рт на Медитеранот, со Храмот на Посејдон. Сунион на 01.01.2027 е затворен, но се гледа однадвор, со поглед што воодушевува. По излетот слободно време, посета на познатото кафуле Little Kook и враќање во хотел. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН: 02.01.2027 (САБОТА) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ – СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотел. Факултативна посета на Пелопонез со водич (45 €), со поаѓање во 08:00 часот. Се минува Коринтскиот канал, што го поврзува Саронскиот залив на Егејското море со Коринтскиот залив на Јонското море, со можност за фотографии од мостот над каналот. Посета на Епидавр, родното место на Асклепиј, богот лекар од митологијата, со најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Продолжување кон Нафплио, првата престолнина на новата грчка држава, познат како градот на трите тврдини: средновековната Паламиди, античката Акронафплија и отоманската Бурџи. Слободно време. Во договорено време враќање до хотелот по останатите патници и поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 159 евра

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 евра

  • Превоз со автобус на дадената релација;
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*;
  • Дочек на Новата година на плоштад во Атина;
  • Панорамски разглед со водич;
  • Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на патувањето;
  • Задолжително патничко осигурување;
  • Факултативна посета на Пелопонез – 45 € (не е вклучена влезницата за театарот во Епидавр – 20 €);
  • Посета на Пиреја и Сунион – 30 €;
  • Влезница за Акропол со водич – 40 €;
  • Пакет факултативи (Пелопонез, Акропол, Сунион и Пиреја) – 105 €;
  • Туристичка такса – 10 € за двете ноќи (се плаќа во автобус);
  • Индивидуални трошоци;
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на патувањето се потребни минимум 45 патници;
  • Превозот ќе биде со автобус или комбе, во зависност од бројот на патници;
  • Целосната доплата на аранжманот се врши најдоцна 10 дена пред поаѓање;
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства;
  • Реализацијата на излетите зависи од временските услови; организаторот го задржува правото да ги откаже излетите или да го промени редоследот на факултативните излети;
  • Организаторот го задржува правото на промена на хотелот поради технички причини или пребукирање, во објект од иста или повисока категорија, без надомест;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • Патните документи треба да важат најмалку 3 месеци по завршувањето на патувањето;
  • За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес

ID045

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ