Tour overview

Олимпик Бич е летувалиште во подножјето на Олимп, на брегот на Егејското море, оддалечено само 2 километри од Паралија. Двете летувалишта ги поврзува голема песочна плажа со топло море, а ги одликуваат пријатна клима, мноштво продавници и разновиден ноќен живот. Улиците се преполни со таверни, кафетерии, продавници и бутици. Олимпик Бич е оддалечен седум километри од Катерини – културниот и трговски центар на овој дел од Грција, а од Солун 70 километри.

Вилата „Mary“ се наоѓа во самиот центар на Олимпик Бич, во пешачката зона, на само 50 метри од плажата. Најблискиот супермаркет е на околу 10 метри, а најблиската пекара на околу 50 метри од вилата. Располага со двокреветни, двокреветни со помошен лежај, трокреветни и четирикреветни студија, распоредени од приземје до трет кат. Во приземјето има и 2 студија 3+1 (еден француски кревет од 1,40 m и еден француски кревет од 1,20 m). Вилата има долг двориштен премин со клупи за одмор и туш, кои гостите можат да ги користат на денот на смената. Вилата нема лифт. Паркирање е можно на блискиот јавен паркинг, оддалечен околу 90 метри.

Координати на Вилата;

15% ПОПУСТ ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА
10% ПОПУСТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, СО УПЛАТА ОД 30% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА И ОСТАТОК ДО 01.03.2027
5% ПОПУСТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, СО УПЛАТА ОД 30% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА И ОСТАТОК НАЈДОЦНА 10 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
10% ПОПУСТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУНИ И СЕПТЕМВРИ, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА

Цените на термините означени со ѕвездичка се промотивни, односно не подлежат на попуст.

За 2 споени термини одобруваме намалување од 25 € по лице (не важи за промо термините).

Термин 1/2 Студио 1/3 Студио 1/4 Студио
24.05.2027* 130 € 110 € 100 €
03.06.2027* 175 € 150 € 135 €
13.06.2027* 210 € 185 € 165 €
23.06.2027 215 € 185 € 145 €
03.07.2027 235 € 195 € 175 €
13.07.2027 260 € 210 € 195 €
23.07.2027 284 € 225 € 195 €
02.08.2027 284 € 225 € 195 €
12.08.2027 284 € 225 € 195 €
22.08.2027 235 € 185 € 165 €
01.09.2027 205 € 145 € 140 €
11.09.2027* 190 € 160 € 140 €
21.09.2027* 130 € 120 € 110 €

Цената е по лице за 10 ноќевања, без превоз.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА И ИЗНЕСУВА 6 € ДНЕВНО

Сместувачки капацитети:
Студија – чајна кујна со садови и прибор, фрижидер, тостер, електрично котле, TV, клима уред (доплата на лице место 6 € дневно), бања со тоалет и фен, тераса со гарнитура за седење;
1/2 студио – 2 одвоени кревети или 1 француски кревет (студиото 2+1 има и фотелја на расклопување или помошен лежај);
1/3 студио – 1 француски и 1 одвоен кревет или 3 одвоени кревети;
1/4 студио – 2 француски кревети, 1 француски и 2 одвоени или 4 одвоени кревети.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 10 ноќевања во студио или апартман во вилата Mary;
  • Услуги на претставник на агенцијата во местото на престој;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз;
  • Меѓународно патничко здравствено осигурување;
  • Користење на клима уредот – 6 € дневно (не е задолжително);
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ за студијата и апартманите (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
УСЛОВИ ЗА ДЕЦА

– Едно дете до 12 години во заеднички кревет, со минимум две лица што плаќаат цела цена во студио – БЕСПЛАТНО;
– Дете од 2 до 12 години во придружба на две возрасни лица, на посебен лежај, плаќа 70% од цената;
– Две деца до 12 години што користат заеднички лежај – првото дете плаќа 100%, а второто е бесплатно;

ДОПЛАТИ

– Доплата за еднокреветна соба (1/1) е 70% од цената за 1/2 студио во табелата – НА БАРАЊЕ;

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства ) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;

ПРЕВОЗ
  • Превозот не е вклучен во цената – информации за цената на превозот во агенција;

ID079

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ