Tour overview
Porfi Beach Hotel се наоѓа на самата плажа во близина на Никити, на прекрасниот полуостров Ситонија, опкружен со бујна медитеранска градина и една од најубавите борови шуми на Халкидики. Хотелот лежи на недопрената и уредна песочна плажа во заливот Макриа Лангада, само 10 метри од морето, што го прави идеално место за мирен и опуштен одмор. Отворен е во 1992 година и целосно реновиран во 2005, а неговите 88 соби, сместени во четири двокатни згради во мирисната градина, се опремени со клима уред, телевизор, фрижидер, фен за коса, телефон и балкон или тераса. Гостите имаат на располагање отворен базен и детски базен, уредена плажа со бесплатен сет чадор и лежалки по соба (на плажата или на базенот), главен бар, бар покрај базенот и на плажата, ресторан со шведска маса и традиционална грчка таверна а ла карт, тениско и кошаркарско игралиште, билијард, пинг-понг, детско игралиште и соба за игра, дневна и вечерна анимација, мини-маркет и паркинг. Хотелот нуди ноќевање со појадок или полупансион. Центарот на Никити е на 3 км, а аеродромот во Солун на 90 км.
Координати до „Porfi Beach Hotel“.
| ЦЕНИ И СЛОБОДНИ ТЕРМИНИ ЗА ЛЕТО 2027 |
- Типови сместување: Single Room, Promo Room, Standard Room, Superior Room, Superior Family Room, Junior Suite, Family Suite;
- Хотелот располага и со соби за 4 возрасни лица (на барање);
- Попустите за деца и автобускиот превоз ги добивате на телефон;
- Туристичката такса се плаќа на рецепција.
Важат Општите услови за патување на ТА Балкан експрес травел и СКТМ.
ID063
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |