179€
  • 8-ми Декември
  • Опис
  • Програма
  • Фотографии

Tour overview

05.12 – 08.12.26

Врњачка Бања – 8 декември – Четиридневен одмор и релаксација во Врњачка Бања, најпознатата бања во Србија, во хотелот Фонтана 4* во центарот на градот. Информативна прошетка и пешачки разглед на градот, секојдневно користење на Велнес и Спа центарот и можност за посета на манастирот Жича.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Состанок на групата рано наутро во 05:30 часот. Поаѓање за Србија во 06:00 часот преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотелот Фонтана 4*. Кратко време за одмор и освежување од патувањето, па информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на љубовта, изворот Топла вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот враќање во хотел и слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.

ВТОР ДЕН: 06.12.2026 (НЕДЕЛА) ВРЊАЧКА БАЊА

Појадок. Слободен ден за одмор, релаксација во Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки и разглед низ Врњачка Бања. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА

Појадок. Можност за факултативна посета на манастирот Жича (10 €). Манастирот потекнува од првата половина на XIII век и е познат по тоа што во него бил крунисан Стефан Првовенчани, првиот крал на Србија. Внатрешноста на црквата е украсена со фрески од раниот XIII век, од таканаречената Златна доба на српското сликарство. Манастирот е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, со можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН: 08.12.2026 (ВТОРНИК) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето за заминување. Во договорено време, со водичот на групата, заминување кон Македонија преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 179 евра (комплетна уплата до 30.10.2026)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 евра

  • Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • 3 ноќевања со појадок во хотелот Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања, во супериор соби;
  • Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања;
  • Секојдневно користење на Велнес и Спа центарот на хотелот;
  • Wi-Fi интернет на јавни површини и во собите;
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето;
  • Патничко и здравствено осигурување;
  • Туристичка такса – 5 € по лице за 3 ноќевања (се плаќа во агенција);
  • Факултативна посета на манастирот Жича – 10 € (се плаќа на лице место);
  • Вечера – опционална доплата од 15 € по лице за ноќ;
ПОПУСТИ И ОПЦИОНАЛНИ ДОПЛАТИ:
  • Дете до 6,99 години во придружба на 2 возрасни: бесплатно во хотел (без сопствено легло), плаќа само превоз 35 €;
  • Доплата за еднокреветна соба – 60 €;
НАПОМЕНИ:

За реализација на факултативната посета потребни се минимум 20 патници.

  • Цените се дадени по лице, за сместување во соба со најмалку 2 лица;
  • За резервација е потребна уплата на депозит од најмалку 30%, а доплатата најдоцна до 2 недели пред поаѓање;
  • Седиштата во автобусот се доделуваат според времето на уплата;
  • За патувањето е потребен важечки биометриски пасош или важечка лична карта;
  • Организаторот може да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓањето ако нема доволен број пријавени;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес

ID025

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ