Утринско поаѓање од Македонија. Патување преку Бугарија, со паузи за одмор и гранични формалности. Ноќно возење.
| ВТОР ДЕН: 21.10.2026 (СРЕДА) ТУЗ ГЕЛУ – КАПАДОКИЈА |
Пристигнување во раните утрински часови. Фото-пауза кај соленото езеро Туз Гелу (на 905 метри надморска височина). Пристигнување во Кападокија околу пладне, сместување во хотел со 3* и слободно време. Предлог: факултативна вечерна тура низ Аваној, Ѓореме, Долината на камилите и карпестата формација „Трите убавици“ (15 €). Вечера и ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 22.10.2026 (ЧЕТВРТОК) КАПАДОКИЈА |
Појадок во хотел. Факултативен лет со балон околу 05:00 часот (зависно од временските услови; трансфер до балонот 15 €, лет околу 240 €). Од околу 08:30 часот панорамски разглед на Кападокија: Долината на гулабите, Учисар и Ѓореме. Слободно време. Во 17:30 часот факултативно автентично шоу со дервиши Сема (30 €). Вечера и ноќевање.
| ЧЕТВРТ ДЕН: 23.10.2026 (ПЕТОК) КАПАДОКИЈА |
Појадок во хотел. Факултативна посета на Невшехир и трговскиот центар Forum Kapadokya, како и на Ортахисар (15 €). Слободно време. Предлог: факултативна вечера со шоу во рестораунот Јашар Баба (40 € за возрасни, 25 € за деца од 5 до 11,99 години), со враќање околу 23:30 часот. Вечера и ноќевање.
| ПЕТТИ ДЕН: 24.10.2026 (САБОТА) КАПАДОКИЈА – ИСТАНБУЛ |
Појадок во хотел и одјавување. Поаѓање кон Истанбул околу 06:00 часот. Пристигнување и сместување во хотел со 3*. Слободно време. Предлог: факултативна крстарење по Босфор со вечера и неограничени пијалоци (55 €) или вечерна тура низ Истанбул со посета на Venezia Outlet (10 €). Ноќевање.
| ШЕСТИ ДЕН: 25.10.2026 (НЕДЕЛА) ИСТАНБУЛ – МАКЕДОНИЈА |
Појадок во хотел и одјавување околу 08:00 часот. Посета на трговскиот центар Florya и факултативна посета на аквариумот Aqua Florya (30 €). Поаѓање кон Македонија, со кратка пауза кај Једрене пред граничниот премин Капикуле. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
| ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 230 евра |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Превоз со удобен туристички автобус на целата релација;
- 3 ноќевања со појадок и вечера (сет-мени) во хотел со 3* во Кападокија;
- 1 ноќевање со појадок во хотел со 3* во Истанбул;
- Фото-пауза кај езерото Туз Гелу;
- Панорамски разглед на Кападокија и Истанбул;
- Посета на трговскиот центар Florya;
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Факултативно автентично шоу со дервиши Сема – 30 €;
- Трансфер до балонот – 15 €;
- Факултативен лет со балон – околу 240 €;
- Факултативен влез во аквариумот Aqua Florya – 30 €;
- Факултативно крстарење по Босфор со вечера и неограничени пијалоци – 55 €;
- Факултативна вечера со шоу во рестораунот Јашар Баба – 40 € за возрасни, 25 € за деца од 5 до 11,99 години;
- Факултативна вечерна тура Аваној, Ѓореме и карпести формации – 15 €;
- Факултативна посета на Невшехир и Ортахисар – 15 €;
- Факултативна вечерна тура низ Истанбул со Venezia Outlet – 10 €;
- Избор на седиште во автобусот – 20 €;
- Индивидуални трошоци;
Реализацијата на факултативните излети зависи од временските услови. Организаторот го задржува правото да го промени редоследот или да ги откаже излетите.
- Резервација се прави со авансна уплата од 30 % од цената на аранжманот, а целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓањето;
- Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- Промена на датумот на патување се наплатува со административен трошок од 10 €;
- Резервациите по цени за рана уплата или последен момент не се враќаат (100 % отказ);
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот во случај на технички причини или overbooking, при што патникот се сместува во објект од иста или повисока категорија без надомест;
- Часовите во програмата може да се променат според условите на терен;
- Агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнување;
- За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес
ID001
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |