Tour overview
| ХОТЕЛ SNEZHANKA 3* – ПАМПОРОВО ЗИМА 2026/2027 |
Пампорово, Бугарија – Хотелот „Snezhanka“ се наоѓа во долниот дел на Пампорово, сместен меѓу борови шуми во близина на врвот Снежанка, на неколку минути пеш од центарот на одморалиштето. Ова е хотел за оние што сакаат мир, природа и домашна атмосфера.
„Снежанка“ нуди двокреветни соби и апартмани за семејства, а цената е на база полупансион. По скијањето ве чекаат внатрешниот базен и сауната, а вечерите поминуваат во традиционалната меана уредена во родопски стил или во кафе-барот со камин, понекогаш и со жива музика на гитара. Паркингот и интернетот се бесплатни.
| ЗОШТО „SNEZHANKA“? |
- Дете до 5.99 год. со 2 возрасни – бесплатно;
- Внатрешен базен и сауна – вклучено во цената;
- Полупансион вклучен во цената;
- Апартмани за семејства до 5 лица;
- Традиционална меана во родопски стил;
- Туристичката такса и паркингот се вклучени во цената.
| РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА И БОНУСИ |
- 10% попуст за резервации до 15.11.2026, со 30% аванс до 01.12.2026 (не важи за доплатите);
- Бонус 7=6 за пристигнувања 21.02–31.03.2027;
- 10% попуст за престој од минимум 6 ноќевања во периодот 10.01–28.01.2027;
- Бонусите не се комбинираат со попустот за рана резервација.
| ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027 Цените се по лице за 1 ноќевање на база ПОЛУПАНСИОН (апартманот и еднокреветната соба се цена по единица) |
| Тип на сместување | 01.12–23.12.2026 21.03–10.04.2027 |
10.01–28.01.2027 07.03–20.03.2027 |
24.12–29.12.2026 03.01–09.01.2027 29.01–06.03.2027 |
30.12.2026–02.01.2027 |
| Двокреветна соба (2+1 дете) | 56€ | 60€ | 67€ | 136€ |
| Апартман – цена за 2 возрасни + 2 деца до 11.99 год. | 165€ | 178€ | 198€ | 405€ |
| Еднокреветна соба | 84€ | 90€ | 100€ | 271€ |
| Трето дете од 4 до 11.99 год. на дополнително легло во апартман | 13€ | 13€ | 13€ | 13€ |
| Трет и четврт возрасен на дополнително легло во апартман | 18€ | 18€ | 18€ | 18€ |
| Минимален престој | – | – | – | 3 ноќевања |
| Попусти за деца и дополнително легло: |
- Дете до 5.99 год. со 2 возрасни во двокреветна соба – бесплатно;
- Дете од 2 до 11.99 год. на редовно легло – 35% попуст;
- Дете од 6 до 11.99 год. на дополнително легло – 65% попуст; дете од 12 до 15.99 год. – 50% попуст;
- Возрасен на дополнително легло – 25% попуст.
| Во цената е вклучено: |
- Ноќевање со појадок и вечера (полупансион);
- Користење на внатрешен базен и сауна;
- Паркинг и интернет;
- Туристичка такса.
| Во цената не е вклучено: |
- Божиќна вечера (задолжителна) – 50€ за возрасни, 34€ за деца од 12 до 15.99 год., 23€ за деца од 6 до 11.99 год.;
- Новогодишна вечера (задолжителна) – 100€ за возрасни, 67€ за деца од 12 до 15.99 год., 45€ за деца од 6 до 11.99 год.;
- Масажи;
- Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.
ID004

