Tour overview

ХОТЕЛ KAMENA 3* – ПАМПОРОВО
ЗИМА 2026/2027

Пампорово, Бугарија – Хотелот „Kamena“ се наоѓа во Пампорово, на неколку минути пеш од забавниот парк „FunPark Pamporovo“, а до Ски-центарот 1 ве носи бесплатен шатл. Ова е пријатен хотел со три ѕвезди, одличен за семејства и друштва што сакаат безгрижен одмор по поволна цена.

Најголемата предност на „Камена“ е полупансионот плус: покрај појадокот и вечерата, во цената се вклучени и пијалаците – топли напитоци и сок на појадок, а на вечера безалкохолни пијалаци, пиво и вино. По скијањето можете да се опуштите во сауната и парната бања, а децата имаат своја игротека. Децата до 11.99 години на дополнително легло со двајца возрасни престојуваат бесплатно.

ЗОШТО „KAMENA“?
  • Полупансион плус со пијалаци – вклучени се пиво и вино на вечера;
  • Дете до 11.99 год. на дополнително легло со 2 возрасни – бесплатно;
  • Бесплатен шатл до Ски-центарот 1;
  • Сауна и парна бања – вклучено во цената;
  • Бесплатен паркинг (ограничен број места) и интернет;
  • До 15% попуст за рана резервација.
РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА
  • 15% попуст за резервации до 15.10.2026, со 25% уплата до 31.10.2026;
  • 10% попуст за резервации до 15.11.2026, со 25% уплата до 30.11.2026;
  • Попустите не важат за престој 30.12.2026–03.01.2027 и за доплатите.
ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027
Цените се по лице за 1 ноќевање на база ПОЛУПАНСИОН ПЛУС (со пијалаци)
Тип на сместување 01.12–25.12.2026
04.03–15.04.2027
04.01–15.01.2027 26.12–29.12.2026
16.01–03.03.2027
30.12.2026–03.01.2027
Двокреветна соба (2+1 / 3 лица) 52€ 60€ 64€ 94€
Трокреветна соба (2+2 / 3 лица) 49€ 58€ 60€ 92€
Јуниор суит (до 4 лица) 76€ 92€ 95€ 147€
Еднокреветна соба 52€ 103€ 114€ 164€
Минимален престој – – – 3 ноќевања
Попусти за деца и дополнително легло:
  • Деца до 2.99 год. – бесплатно;
  • Дете од 3 до 11.99 год. на дополнително легло со 2 возрасни – бесплатно;
  • Дете од 3 до 11.99 год. на редовно легло со 1 возрасен во двокреветна соба – 50% попуст (и кога се две деца, за секое);
  • Дете од 3 до 11.99 год. на редовно легло со 2 возрасни во трокреветна соба – полна цена;
  • Второ дете од 3 до 11.99 год. на дополнително легло во јуниор суит со 2 возрасни – бесплатно;
  • Возрасен на дополнително легло во двокреветна соба – 20% попуст; трет и четврт возрасен во јуниор суит – 40% попуст.
Во цената е вклучено:
  • Ноќевање со појадок и вечера, со пијалаци (на појадок топли напитоци и сок, на вечера безалкохолни пијалаци, пиво и вино);
  • Користење на сауна и парна бања;
  • Ски-гардероба;
  • Бесплатен шатл до Ски-центарот 1;
  • Интернет и надворешен паркинг (ограничен број места).
Во цената не е вклучено:
  • Новогодишна вечера (задолжителна) – 89€ за возрасни, 45€ за деца;
  • Ручек – 23€ за возрасни, 12€ за деца од 3 до 11.99 год. на ден;
  • Бебешко креветче – 3€ на ден;
  • Туристичка такса;
  • Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.

ID004

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:


ФОТОГРАФИИ