Tour overview
| MPM HOTEL MERRYAN 3* – ПАМПОРОВО ЗИМА 2026/2027 |
Пампорово, Бугарија – Хотелот „MPM Merryan“ се наоѓа во центарот на Пампорово, на 1.650 метри надморска височина, опкружен со боровите шуми на Родопите. Продавниците, рестораните и забавата во селото ви се на пешачко растојание, а до ски-центарот ве носи ски-шатл што е вклучен во цената.
„МПМ Мериан“ е мал и пријатен хотел, изграден во традиционален бугарски стил со модерна внатрешност. Нуди двокреветни соби и апартмани, а може да изберете ноќевање со појадок или полупансион. По скијањето ве чекаат сауната, парната бања, џакузито и фитнесот, а во собата секогаш има чај и кафе. Пампорово е познато како најсончевото ски-одморалиште во Европа, со околу 270 сончеви дена годишно.
| ЗОШТО „MPM MERRYAN“? |
- Во центарот на Пампорово, на пешачко растојание до сè;
- Ски-шатл до ски-центарот вклучен во цената;
- Сауна, парна бања, џакузи и фитнес – вклучено во цената;
- Деца до 1.99 год. – бесплатно, а деца до 11.99 год. на дополнително легло – 60% попуст;
- Ноќевање со појадок или полупансион, по избор;
- Туристичката такса е вклучена во цената.
| РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА |
- 15% попуст за резервации до 31.10.2026 – за престој 11.12–22.12.2026 и 28.02–20.03.2027;
- 10% попуст за резервации до 31.10.2026 – за престој 23.12.2026–27.02.2027;
- Потребен е 50% аванс до 10.11.2026. Секоја промена на резервацијата го поништува попустот.
| ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027 Цените се по лице за 1 ноќевање (еднокреветната соба е цена по соба) |
| Тип на сместување | 01.12–22.12.2026 03.01–14.01.2027 28.02–20.03.2027 |
23.12–29.12.2026 31.01–09.02.2027 |
15.01–30.01.2027 10.02–27.02.2027 |
30.12.2026–02.01.2027 | ||||
| НП | ПП | НП | ПП | НП | ПП | НП | ПП | |
| Двокреветна соба (2+1) | 49€ | 60€ | 57€ | 68€ | 62€ | 73€ | 102€ | 113€ |
| Апартман (2+2) | 66€ | 77€ | 74€ | 85€ | 78€ | 89€ | 118€ | 129€ |
| Еднокреветна соба | 81€ | 99€ | 94€ | 111€ | 123€ | 145€ | 203€ | 225€ |
| Минимален престој | 1 ноќевање | 2 ноќевања | 4 ноќевања | 3 ноќевања | ||||
НП – ноќевање со појадок · ПП – полупансион (појадок и вечера)
| Попусти за деца и дополнително легло: |
- Деца до 1.99 год. – бесплатно;
- Дете од 2 до 11.99 год. на дополнително легло во двокреветна соба или апартман – 60% попуст од цената за возрасен;
- Дете од 2 до 11.99 год. на редовно легло во двокреветна соба – 20% попуст;
- Возрасен на дополнително легло – 20% попуст.
| Во цената е вклучено: |
- Ноќевање со појадок или со појадок и вечера (според избраната услуга);
- Чај и кафе во собата;
- Користење на сауна, парна бања, џакузи и фитнес;
- Интернет на рецепција и во лобито;
- Ски-гардероба и ски-шатл до еден од ски-центрите;
- Туристичка такса.
| Во цената не е вклучено: |
- Новогодишна гала вечера (задолжителна) – за резервации со појадок: 123€ за возрасни, 62€ за деца од 2 до 11.99 год.; за резервации на полупансион: 111€ за возрасни, 56€ за деца од 2 до 11.99 год.;
- Масажи;
- Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.
ID004

