Tour overview
Лименас или Тасос (како што често се нарекува во последно време) е главен град на островот со околу 4000 жители. Градот е многу убав, со своето ново и старо пристаниште, големо шетачиште покрај морето, неколку асфалтирани улици со многу продавници, ресторани за брза храна, таверни, златари, пекари, маркети и сл.
„Ла Луна Студиос“ се наоѓа во областа Лименас, на само (200 м), односно 5 минути пешки до најблиската плажа и 900 м од центарот на градот. Сите соби се посебно снабдени со сопствен тоалет, кујна, тераса, клима, а во однос на паркинг, се паркирате околу вилата. Во внатрешноста на вилата има базен, кој можат гостите слободно да го користат и градина во која можат да уживаат. На само 2 минути пешки штом излезете на десно од вилата се наоѓаат маркетите Лидл и Масутис. На 1 км од вилата се наоѓа црквата Св. Атанасиос, а на 1.6 км се наоѓа и Археолошкиот музеј. Вилата располага со двокреветни и трикреветни студија на ниско приземје и прв кат, дел од нив гледаат на улица, а дел на базен.
Координати на вилата „Ла Луна Студиос“.
|
15% попуст за резервации до 31.03.2026 на цените во табелата (минимум уплата од 50%) |
| Термин | Ноќевања | Студио 1/2 (наем) | Студио 1/3 (наем) |
| 12.06.2026 | 7 | 319 | 349 |
| 19.06.2026 | 7 | 359 | полно |
| 26.06.2026 | 7 | 429 | 459 |
| 03.07.2026 | 7 | 479 | 509 |
| 10.07.2026 | 7 | 549 | 579 |
| 17.07.2026 | 7 | 569 | 599 |
| 24.07.2026 | 7 | 569 | 599 |
| 31.07.2026 | 7 | 599 | 629 |
| 07.08.2026 | 7 | 599 | 629 |
| 14.08.2026 | 7 | 569 | 599 |
| 21.08.2026 | 7 | 569 | 599 |
| 28.08.2026 | 7 | 409 | 439 |
| 04.09.2026 | 7 | 359 | 389 |
| 11.09.2026 | 7 | 239 | 259 |
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Наем на 7 ноќевања/8 дена
- WIFI интернет
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Туристичка такса 2 евра на ден се плаќа во агенција
- Здравствено и патничко осигурување
- Доплата за користење на клима на газдите 7 евра на ден
- Превоз со траект за возрасен 80€
- Деца до 12 години со траект 65€
- Дете до 2 години – бесплатно
| НАПОМЕНИ |
- ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62,00 денари).
- Датумот во табелата е термин на започнување на аранжманот, тргнувањето е еден ден порано, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
- Патникот е должен минимум 48 часа (два дена) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Попустите НЕ може да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица што се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Преземањето на собите е по 14 часот – локално време, а напуштањето е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
- Патувања, кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100% од уплатената сума.
- Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10 € (евра), по пријава-договор
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ може да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
ID045
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |

