Tour overview

VIHREN ROYAL PALACE 4* – БАНСКО
ЗИМА 2026/2027

Банско, Бугарија – Хотелот „Vihren Royal Palace“ се наоѓа во центарот на Банско, а гостите најмногу ја фалат токму неговата локација: ресторани, меани, продавници и старото градско јадро ви се на неколку минути пеш. Хотелот нуди соби, студија и апартмани, па е погоден и за парови и за поголеми семејства.

„Вихрен Ројал Палас“ има внатрешен базен со дел за деца, сауна, хербална сауна, парна бања, џакузи, па дури и надворешно џакузи, во кое можете да уживате со поглед кон снежните врвови. За најмладите има детски клуб и игротека, а цената е со појадок, со можност за доплата за вечера.

ЗОШТО „VIHREN ROYAL PALACE“?
  • Локација во центарот на Банско;
  • Надворешно џакузи + внатрешен базен со дел за деца, сауни, парна бања и фитнес – вклучено во цената;
  • Прво дете до 5.99 год. на дополнително легло – бесплатно;
  • Бонус 5=4 во декември и 7=6, 14=12, 21=18 во поголемиот дел од сезоната;
  • Соби, студија и апартмани со една или две спални;
  • Туристичката такса е вклучена во цената.
РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА И БОНУСИ
  • 15% попуст за резервации до 31.10.2026, со 50% аванс до 07.11.2026;
  • 10% попуст за резервации до 30.11.2026, со 50% аванс до 10.12.2026;
  • Попустите важат за престој 01.12–28.12.2026 и 04.01–12.04.2027, како и за доплатата за вечера;
  • Бонус 5=4 за престој 01.12–22.12.2026 (за резервации од 01.10.2026);
  • Бонуси 7=6, 14=12 и 21=18 за пристигнувања 01.12–28.12.2026 и 04.01–12.04.2027;
  • Бонусите не се комбинираат со попустите за рана резервација.
ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027
Цените се по лице за 1 ноќевање на база НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК (апартманите и еднокреветната соба се цена по единица)
Тип на сместување 01.12–23.12.2026
01.03–12.04.2027
24.12–28.12.2026
04.01–22.01.2027
23.01–28.02.2027 29.12.2026–03.01.2027
Двокреветна соба (2 лица) 45€ 52€ 64€ 88€
Фамилијарна соба (2+1 / 3 лица) 49€ 55€ 67€ 91€
Студио (2+1 / 3 лица) 52€ 58€ 70€ 94€
Еднокреветна соба 69€ 80€ 90€ 149€
Едноспален апартман – цена за 2 лица 115€ 127€ 151€ 200€
Двоспален апартман – цена за 4 лица 205€ 229€ 276€ 376€
Дете од 6 до 11.99 год. на дополнително легло 26€ 33€ 38€ 45€
Дете од 6 до 11.99 год. на редовно легло 33€ 38€ 45€ 63€
Возрасен на дополнително легло 38€ 45€ 56€ 75€
Попусти за деца и дополнително легло:
  • Прво дете до 5.99 год. на дополнително легло – бесплатно;
  • Цените за деца од 6 до 11.99 год. и за возрасен на дополнително легло се дадени во ценовникот.
Во цената е вклучено:
  • Ноќевање со појадок;
  • Користење на внатрешен базен со дел за деца, парна бања, сауна, хербална сауна, џакузи, надворешно џакузи и фитнес;
  • Интернет;
  • Туристичка такса.
Во цената не е вклучено:
  • Доплата за вечера (без пијалаци) – 25€ за возрасни, 13€ за деца од 6 до 11.99 год. на ден;
  • Божиќна вечера (задолжителна) – 37€ за возрасни, 18€ за деца од 6 до 11.99 год.;
  • Новогодишна вечера (задолжителна) – 154€ за возрасни, 79€ за деца од 6 до 11.99 год.;
  • Масажи и спа третмани;
  • Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.

ID004

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:


ФОТОГРАФИИ