Tour overview
13.11.2026 – 16.11.2026
Будимпешта – Виена во ноември – стилска, космополитска, софистицирана и прекрасна Будимпешта, препознатлива како Ѕвездата на Дунав, со богата култура, подземни пештери, реката Дунав, прекрасната зграда на Парламентот, локалните деликатеси и статусот на еден од светските главни градови на спа-центрите. За распоредот што ве очекува, енергија ќе ви дадат вкусниот појадок и доброто кафе во некое од локалните кафулиња.
А Виена? Волшебна мешавина од старо и ново, гастрономски културен лонец во кој можете да најдете јадења од секоја светска кујна, совршено надополнети со вкусни австриски колачи и одлично кафе. Виена е музика, дом на големите композитори како Штраус, Бетовен и Моцарт и домаќин на опера со светско реноме. Виена е култура, со повеќе од 100 музеи за избор. Талкајте низ нејзиниот историски центар под будниот поглед на катедралата или уживајте во виенско кафе, придружено со парче вкусна чоколадна торта Sachertorte.
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО |
| ПРВ ДЕН: 13.11.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА |
Пристигнување на аеродромот во Скопје два часа пред летот, кој полетува за Будимпешта во 12:55 часот и слетува во 14:20 часот. Организиран трансфер до хотелот, сместување и кратка пауза.
По паузата следува прошетка и разглед на градот и околината – истражување на делот Буда: посета на Цитаделата, Кралската палата, Рибарската тврдина и црквата на кралот Матијас, од каде ќе имате можност да уживате во погледот кон Парламентот. Враќање во хотелот во попладневните часови, сместување во собите и кратка пауза за одмор.
Во вечерните часови прошетка низ градот и можност за ноќно крстарење по Дунав. Враќање во хотелот и ноќевање.
| ВТОР ДЕН: 14.11.2026 (САБОТА) БУДИМПЕШТА |
Појадок. По појадокот започнува разгледот на градот. Посета на Плоштадот на хероите, кој претставува еден од најголемите плоштади во Будимпешта, од каде се упатуваме кон Градскиот парк и замокот Вајдахуњад.
Можност за факултативна посета на бањата Сечењи – една од најпознатите и една од најголемите медицински бањи со термална вода во Европа – и Зоолошката и ботаничката градина.
Со метро се упатуваме кон базиликата Свети Стефан и панорамското тркало на Будимпешта, каде се наоѓаат одлични ресторани и барови, идеални за уживање во центарот на градот. Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 15.11.2026 (НЕДЕЛА) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА – БУДИМПЕШТА |
Појадок. По појадокот се упатуваме кон железничката станица, каде се качуваме на воз за Виена.
Прошетката низ градот ја започнуваме со пешачка тура по Рингштрасе, каде најдобро ќе можете да ги разгледате уникатните градби на магичната Виена. Почнувајќи од Операта па сè до Градската куќа, ќе имате можност да уживате во прекрасната архитектура на Театарот, монументалниот Парламент, дворецот Хофбург и катедралата Свети Стефан – најголемиот симбол на Виена.
Токму таму, на Стефанплац, ќе имате можност да се возите со кочии и да посетите некоја од другите градски катедрали. Ја продолжуваме прошетката кон Музејскиот кварт – најкултурниот дел од градот.
По прошетката, слободно време за одмор во некој од многубројните ресторани и кафулиња во центарот на градот, каде ќе имате можност да ги вкусите и виенските специјалитети како виенска шницла, оригиналното виенско кафе и Захер тортата.
Враќање во Будимпешта со воз во вечерните часови.
Последната вечер во градот ќе ја поминеме во некој од бројните клубови и барови кои се наоѓаат во Будимпешта. Една од посебностите на градот се party-бродовите, кои нудат единствено искуство за ноќна забава на водите на Дунав. Ако сте љубители на цврсто тло и класични клубови и барови, тогаш препорачуваме: Rocktogon – рок-клуб во центарот на градот; Cotton Club, Piaf Club и Jazz Garden Club – за опуштање со џез-музика; Alcatraz, Morrison’s и Fat Mo’s Music Club – за љубители на танцување.
По добрата забава се упатуваме кон хотелот. Ноќевање.
| ЧЕТВРТИ ДЕН: 16.11.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ |
Појадок. По појадокот, во договорено време, организиран трансфер од хотелот до аеродромот во Будимпешта со пристигнување три часа пред летот, кој полетува за Скопје во 14:55 часот и слетува во Скопје во 16:20 часот.
| ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 439 евра
27.218 денари – плаќање во денарска противвредност |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Авио-превоз на релација Скопје – Будимпешта – Скопје;
- Аеродромски такси – подложни на промена;
- Рачен багаж – ранче (40 × 30 × 20 cm);
- Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром;
- 3 ноќевања во хотел на база ноќевање со појадок;
- Трошоци за организација на патувањето.
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Факултативни излети;
- Градска туристичка такса;
- Патничко осигурување (задолжително);
- Индивидуални трошоци на патниците.
| ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ |
- Посета на делот Буда – 20 € по лице;
- Крстарење по Дунав – 25 € по лице;
- Повратна карта за воз на релација Будимпешта – Виена – Будимпешта – 55 € по лице (задолжителна доплата во агенција).
| УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ |
- Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 денари;
- При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ, а најдоцна 14 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот;
- Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.
| НАПОМЕНИ |
- За програмата важат Општите услови за патување на СКТМ;
- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето;
- ТЕРМИНИТЕ И ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и зависат од моменталната расположливост;
- За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број патници не се исполни, патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информациите за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување;
- Кај аранжманите кои вклучуваат авио-превоз, по купувањето на картата не е можна рефундација, а во тој случај важат условите на авиокомпанијата;
- Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low-cost авиокомпанија, во случај на одложување или откажување на летот, како и губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци, а агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домен;
- Цените кај low-cost аранжманите се подложни на промени, а по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот;
- Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авиокомпаниите;
- Наведените саатници на летовите во програмата се подложни на промени и зависат од авиокомпанијата;
- Пред секое патување, ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја програма и договор за патување.
ID072

