379€
  • Божиќен Базар
  • Опис
  • Програма
  • Фотографии

Tour overview

04.12.2026 – 07.12.2026

Будимпешта – Божиќен маркет – главниот град на Унгарија, истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како „Бисерот на Дунав“, Будимпешта нуди широк избор на туристички атракции. Градот се протега на двата брега на реката Дунав – од десната страна се наоѓа Буда, а од левата страна Пешта. Будимпешта настанала со спојувањето на трите градови Обуда, Буда и Пешта.

Позната по своите бројни природни и вештачки термални извори, Будимпешта ја носи титулата „Градот на бањите“. Космополитски град со богата историја, фасцинантна архитектура и празнична атмосфера, кој во декември посебно оживува со своите познати божиќни маркети. Доживејте ја празничната магија на Будимпешта, прошетајте покрај Дунав и уживајте во прекрасната атмосфера на еден од најубавите европски градови.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:55 часот. Директен лет од Скопје со авиокомпанијата Wizz Air во 12:55 часот. Пристигнување во Будимпешта во 14:20 часот. По пристигнувањето следува организиран трансфер и панорамски разглед на градот: Széchenyi Chain Bridge – најпознатиот синџирест мост, Elisabeth Bridge, споменикот на St. Gellért, Margaret Bridge, Gellért Hill – со еден од најубавите панорамски погледи на градот, како и Matthias Church, катедралата Св. Стефан, замокот Vajdahunyad, Плоштадот на хероите, Цитаделата, Рибарската тврдина и Будимскиот замок (Кралската палата). Можност за посета на катедралата, Рибарската тврдина, замокот Vajdahunyad и Будимскиот замок. Пристигнување во хотел и сместување. Во вечерните часови можност за посета на Christmas Market. Ноќевање.

ВТОР ДЕН: 05.12.2026 (САБОТА) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ

Појадок во хотел. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби. Гратчето е богато со винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Во вечерните часови факултативно крстарење по реката Дунав. По завршувањето следува посета на Божиќниот пазар на некој од плоштадите во Будимпешта. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 06.12.2026 (НЕДЕЛА) БУДИМПЕШТА

Појадок во хотел. Слободен ден за шетање и уживање во божиќната магија и Christmas Market. Можност за индивидуални прошетки, разгледување на градот и уживање во празничната атмосфера. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН: 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) БУДИМПЕШТА – АЕРОДРОМ – СКОПЈЕ

Во раните утрински часови организиран трансфер до аеродром. Директен лет од Будимпешта до Скопје со авиокомпанијата Wizz Air во 14:55 часот. Пристигнување во Скопје во 16:20 часот.

ЦЕНОВНИК
Период 1/2 BB 1/3 BB Single Room BB
04.12.2026 – 07.12.2026
3 ноќи
379 € 379 € 433 €
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379 евра

23.498 денари – плаќање во денарска противвредност

  • Авионска карта на релација Скопје – Будимпешта – Скопје со Wizz Air;
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно;
  • Аеродромски такси;
  • Три ноќевања со појадок во хотел со 3★;
  • Бесплатен рачен багаж со димензии 40 × 30 × 20 cm;
  • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус;
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Будимпешта.
  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10 kg / 20 kg (цената е променлива, информации во агенција 7 дена пред поаѓање);
  • Влез во туристичките знаменитости и музеи;
  • Посета на Сент Андреа и Вишеград – 25 евра;
  • Крстарење по Дунав – 25 евра;
  • Туристичка такса – 5 евра по лице, која се плаќа во агенција;
  • Патничко и здравствено осигурување – 250 денари;
  • Индивидуални трошоци;
  • Доплата за еднокреветна соба – 3.350 денари.
НАПОМЕНИ:
  • Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 20 пријавени патници;
  • За потврда на резервацијата е потребна задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосната доплата на аранжманот се врши најдоцна 10 дена пред поаѓање;
  • Усни и телефонски резервации се невалидни;
  • Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари;
  • За реализација на факултативните излети потребни се минимум 15 пријавени патници;
  • При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, со цел агенцијата навремено да ги организира истите;
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на надомест на средства за разлика во цена;
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата;
  • При отказ на резервација од страна на клиентот, од која било причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари;
  • Патникот има обврска 24 часа пред поаѓање да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање;
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот;
  • Валидноста на патните исправи е обврска на патниците. При уплата на резервација, должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка;
  • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.

ID045

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ