Tour overview
30.12.2026 – 02.01.2027
Копаоник – дочек на Новата 2027 година – дочекајте ја Новата 2027 година во топол и пријатен амбиент во Апарт Хотел Копаоник Брзече, со прекрасен поглед кон најубавите пејзажи и снежните падини на Копаоник. Сместено на североисточната страна на Копаоник, на околу 1.100 метри надморска височина, Брзече е едно од најубавите планински места за одмор во текот на целата година. Познато по чистиот планински воздух, недопрената природа и прекрасните погледи кон снежните врвови, Брзече е совршена дестинација за љубителите на природата, зимските активности и релаксацијата.
| ПРВ ДЕН: 30.12.2026 (СРЕДА) СКОПЈЕ – КОПАОНИК |
Состанок на групата пред Дрво Декор во 06:00 часот. Поаѓање кон Копаоник во 06:30 часот со попатни паузи. Пристигнување во Брзече и сместување во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности во Брзече. Вечера на база шведска маса. Ноќевање.
| ВТОР ДЕН: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) КОПАОНИК |
Појадок. По појадокот, за љубителите на зимските спортови, можност за факултативна посета на скијачките центри на Копаоник, каде се наоѓаат познати кафулиња, ресторани и други угостителски објекти. Факултативен превоз со шатл-бус до центарот на Копаоник. Во договор со водичот враќање во хотел. Ручек. Слободни активности и одмор. Од 21:00 часот започнува новогодишната програма со свечена вечера, музика и забава со локален бенд до доцните вечерни часови. Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 01.01.2027 (ПЕТОК) КОПАОНИК |
Појадок. По појадокот слободни активности и можност за заминување до скијачките центри со шатл-бус. Уживање во убавините на Копаоник. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Во вечерните часови следува реприза на новогодишната ноќ со свечена вечера и музика. Ноќевање.
| ЧЕТВРТ ДЕН: 02.01.2027 (САБОТА) КОПАОНИК – СКОПЈЕ |
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Скопје. Следуваат попатни паузи за одмор и царински формалности. Во вечерните часови пристигнување во Скопје.
| РЕДОВНА ЦЕНА: 295 ЕВРА
ДЕЦА ОД 5 ДО 9 ГОДИНИ: 185 ЕВРА |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Превоз со туристички автобус;
- Организација и водство на патувањето и туристички придружник;
- 3 ноќевања во Апарт Хотел Копаоник Брзече;
- 3 полни пансиони на база појадок, ручек и вечера;
- 2 свечени вечери на 31.12.2026 и 01.01.2027 со музика;
- Трансфер со шатл-бус до скијачкиот центар Копаоник на 01.01.2027.
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Туристичка такса – 0,85 евра по лице на ноќ, се плаќа на рецепција;
- Трансфер со шатл-бус до скијачките центри на Копаоник на 31.12.2026 – 5 евра;
- Патничко осигурување – 5 евра за лица до 62 години;
- Дополнително ноќевање во хотел – на барање.
- Деца од 5 до 9 години плаќаат 185 евра и ги користат услугите на хотелот и превозот;
- Дополнително ноќевање во хотелот е можно на барање;
- Аранжманот може да се понуди на 8 рати, со започнување на плаќањето од месец мај;
- При резервација на аранжманот патникот е должен да се запознае со програмата на патувањето, Општите услови за патување и условите за отказ и со потпишување на договорот да потврди дека истите ги прифаќа;
- За потврда на резервацијата е потребна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосната доплата на аранжманот е најдоцна 10 дена пред поаѓањето;
- Усни и телефонски резервации се невалидни;
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За реализација на факултативните излети потребни се минимум 35 пријавени патници, доколку со програмата не е наведено поинаку;
- Организаторот го задржува правото да го промени редоследот на реализација на програмата согласно објективните околности;
- Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како што се застој на граница, доцнење, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично;
- Организаторот го задржува правото преку Ultra First или Last Minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени различни од веќе објавените. Патниците кои го уплатиле аранжманот по редовниот ценовник немаат право на надомест на разликата во цена;
- За оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ.
ID041
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |