Tour overview
Шенѓин беше омилена дестинација за туристите од Македонија за лето 2024 и лето 2025. Станува збор за туристичко место во Албанија на Јадранско море. Оддалечено на 310 километри од Скопје, со широка песочна плажа долга 5 километри и за да ја прошетате цела ви е потребно околу час и половина. Шеталиште долго повеќе од 2 километри, богато со игралишта за деца, сувенирници, ресторани. Цените на лежалките не се високи, почнувајќи од 5 евра за двајца (во зависност од месецот). Шенѓин е совршено место за фамилијарен одмор.
Вила „Алберти“ се наоѓа на сама плажа и е во непосредна близина на центарот. Располага со студиjа за 4 лица (брачен кревет и кревети на кат) и апартмани од 5 до 6 лица со истата структура на кревети на прв и втор кат без лифт. Сите сместувачки капацитети се опремени со: Легла во зависност од студиото/апартманот, тоалет, балкон (мал), гардеробер (мал), фрижидер, мини кујна, решо со една рингла за приготвување на лесна храна и TV. Вилата исто така располага со две машини за перење алишта кои се на располагање на гостите и е обезбедена со камери. Вилата нема пешкири. Во вилата има WIFI.
Координати на вилата „Алберти“.
| BLACK FRIDAY – 20% ПОПУСТ НА ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.11.2026, СО МИНИМУМ УПЛАТА ОД 50% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА И ОСТАТОК НАЈДОЦНА 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ |
Цените во табелата се редовни, без попустот од 20%.
| Термин | 1/4 студио | 1/6 апартман |
| 23.05.2027 | 109 € | 109 € |
| 30.05.2027 | 119 € | 119 € |
| 06.06.2027 | 129 € | 129 € |
| 13.06.2027 | 159 € | 159 € |
| 20.06.2027 | 189 € | 189 € |
| 27.06.2027 | 209 € | 209 € |
| 04.07.2027 | 219 € | 219 € |
| 11.07.2027 | 229 € | 229 € |
| 18.07.2027 | 259 € | 259 € |
| 25.07.2027 | 259 € | 259 € |
| 01.08.2027 | 259 € | 259 € |
| 08.08.2027 | 259 € | 259 € |
| 15.08.2027 | 229 € | 229 € |
| 22.08.2027 | 219 € | 219 € |
| 29.08.2027 | 169 € | 169 € |
| 05.09.2027 | 159 € | 159 € |
| 12.09.2027 | 139 € | 139 € |
| 19.09.2027 | 109 € | 109 € |
Цената е по лице за 7 ноќевања, со вклучен автобуски превоз.
Плаќаат минимум две лица во 1/4 студио, а три лица во 1/6 апартман.
| ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА |
- 7 ноќевања / 8 дена, со вклучен превоз;
- Wi-Fi интернет;
- Клима уред;
- Паркинг (ограничени места);
| ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА |
- Превоз за трето и четврто лице: за возрасен 60 €, деца од 2 до 12 години 40 €, деца до 2 години – бесплатно (цените се за повратен билет);
- Туристичка такса 0,50 € од ноќ по соба – се плаќа во агенција;
- Пешкири;
- Патничко осигурување;
| НАПОМЕНИ |
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1 евро=62 денари).
- Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
- Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRST, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени, кои се разликуваат од цените објавени во ценовникот. Лицата што веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 21 ден пред терминот на поаѓање.
- Black Friday попустот од 20% важи за резервации до 30.11.2026, со минимум уплата од 50% при резервација; остатокот се доплаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање.
- За резервации направени со промотивен попуст, уплатените средства (50% од сумата) не подлежат на поврат во случај на откажување од страна на патникот, согласно условите за патување.
- При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 мкд.
- Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, а напуштањето е во 09:00 часот локално време.
- При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
- По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. Доколку е причинета одредена материјална штета за време на престојот се надоместува на лице место кај сопствениот на вилата.
- Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
- Патувања, кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100% од уплатената сума.
- Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно, организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор.
- За ова патување важат општите услови за патување на Т.А. „Балкан експрес травел“.
ID045
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |

