Tour overview
Едипсос или Лутра Едипсос е најпознатата и најстарата бања во Грција, специфична по комбинацијата од термални извори кои тука се влеваат во водите на Егејското Море. Во прилог на тоа дека се работи за една од најстарите бањи оди и фактот што бањата се спомнува во делата на славниот грчки филозоф Аристотел. Во Римско време тука поминале Хадријан, Септимиј и Марко Аурелиј, од овој периот се славните римски бањи – Сила. Ваикики Травел и овој Велигден традиционално Ве води на една од најубавите велигденски прослави во Грција во најпознатата бања на Грција, космополитското Лутра Едипсос, прошетки поркрај море, велигденски процесии, славење на животот, шарени балони и многу повеќе од тоа…
| 1. Ден 10.04.2026 (петок) СКОПЈЕ – ЕДИПСОС |
Состанок на групата на паркингот кај спортската сала Борис Трајкосвски (кај пералните) во 00:30 часот (после полноќ). Поаѓање за Евија во 01:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување на пристаништето Глифа. Качување на брод траект (пловидба 30мин). Пристигнување на вториот по големина остров во Грција, островот Евија кај местото Агиос Кампос. Кратко возење до една од најпознатите бањи во Грција, Лутра Едипсос. Сместување во Галини на плажа. Краток одмор од патувањето и заминување на пешачки разглед и запознавање со местото: пристаништето, променадата, хотелот Термо Сила сè до термалните извори кои директно се влеваат во Егејското Море. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор. Можност за користење на термалните извори. Вечера. Ноќевање.
| 2. Ден 11.04.2026 (сабота) ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС |
Појадок. Ден предвиден за полудневен факултативен излет до на местото Прокопи познато по манастирот посветен на Св. Јован Руски. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, заради што манастирот годишно привлекува голем бројни верници. Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. Враќање во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности, релаксација и користење на термалните извори на отворено. Вечера. Вечерта, следење на велигденските процесии и хорови низ центарот на Едипсос кои се пресретнуваат во централната градска црква, единствено искуство и уживање кое ќе го паметите цел живот. Ноќевање.
| 3. Ден 12.04.2026 (недела) ЕДИПСОС – АГИОС – ЕДИПСОС |
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Можност за капење во природните базени со минерална вода кои се вливаат во морето. Во попладневните часови организиран традиционален велигденски ручек со богато национално мени и музика. Во приквечерните часови организирано заминување кон планинското место Агиос, познато по традиционалната прослава на Велигден, прекрасно искуство каде ќе бидеме сведоци на традиционалната велигденска прослава на островјаните, традицонални грчки песни и уживање во небото на зајдисонце исполнето со балони во најразлични бои… Враќање во Едипсос. Ноќевање.
| 4. Ден 13.04.2026 (понеделник) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ |
4. Ден 13.04.2026 (понеделник) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности. Во договорено време напуштање на собите и заминување кон Агиос Кампос, качување на брод траект и продолжување кон Глифа. Дневно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
| Ноќевање во хотел Галини 2* или во хотел Темис 2*
РЕДОВНА ЦЕНА 199 евра/ 12.338 денари |
| ПРОМО ЦЕНА за резервации до 15.03.2026 – 189 евра/ 11.718 денари |
Цени по лице за минимум 2 лица во соба.
Цени во евра за уплата во денари по курс 1 евро = 62 денари.
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
| Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: |
- Задолжително патничко осигурување
- Факултативна посета на Прокопи 15€
- Индивидуални трошоци
| Попусти и опционални доплати: |
- Доплата за одбирање ред на седење во автобус – 10€/620мкд (мин. 2 седишта)
- Доплата за еднокреветна 50€/3.100 мкд од цената на аранжманот
- Трето возрасно лице на дополнително легло – 10% од цената на аранжманот
- Дете 2-10год. во придружба на 2 возрасни плаќа 50€/3.100 мкд
- Доплата за дополнително седиште во автобус 65€/4.030 мкд
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
- За патувањето потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек
- За резервација потребна е уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање
- Седиштата во автобус се распределуваат по ред на уплата, доколку имате одредени барања за поинаква распределба во автобусот истата услуга е со доплата.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1 евро=62 мкд.
- За овој аранжман важат ОУ на патување и правните напомени на Балкан Експрес Травел.
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |