Tour overview

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно островот Крф е еден од најпопуларните туристички дестинации за летување и не случајно 12 години сме организатори  на летни аранжмани на овој остров, почнувајќи од 2014-та година. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите.

Ипсос се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Ипсос е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор. Опкружен е со продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, барови, таверни итн. Плажата повеќепати беше обележана со Сино знаме за чистиот брег и води, што ја прави една од најбезбедните плажи на Крф.

Вила „Јулианос“ e лоцирана во помирниот дел на Ипсос – Крф, на 10 минути пешачење од плажата со многу гостопримливи домаќини. Располага со апартмани за 2 лица и дуплекс апартман за 4 лица.

Двокреветните апартмани имаат сопствена кујна, која е физички одделена од спалната. Кујната е опремена со основен прибор за јадење и готвење, фрижидер и мини шпорет.

Дуплекс апартманот за 4 лица има две посебни спални соби – во едната спална има брачен кревет, а во другата соба два одделни кревети. Кујната е физички одделена од спалните соби и е опремена со основен прибор за јадење и готвење, голем шпорет со рерна и голем фрижидер.

Сите апартмани имаат сопствена тераса,т елевизор и клима уред (кој се доплаќа на лице место 5 евра од ден), бесплатен Wi-Fi интернет.

Позади во дворот на вилата има скара, која е на располагање на гостите.

15 %  попуст за резервации до 31.03.2026

на цените во табелата (со минимум уплата од 50%) 

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/2  АПАРТМАН, ТРЕТО И  ЧЕТВРТО ЛИЦЕ ИМААТ 30% ПОПУСТ

Термин Цена по лице
29.05-05.06.2026 112 €
05.06-12.06. 2026 124 €
12.06-19.06. 2026 149 €
19.06-26.06. 2026 174 €
26.06-03.07. 2026 199 €
03.07-10.07.2026 239 €
10.07-17.07.2026 239 €
17.07-24.07.2026 249 €
24.07-31.07.2026 249 €
31.07-07.08.2026 249 €
07.08-14.08.2026 249 €
14.08-21.08.2026 249 €
21.08-28.08.2026 209 €
28.08-04.09.2026 189 €
04.09-11.09.2026 169 €
11.09-18.09.2026 139 €
18.09-25.09.2026 112 €

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/2  АПАРТМАН, ТРЕТО И  ЧЕТВРТО ЛИЦЕ ИМААТ 30% ПОПУСТ

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
  • Превоз со автобус на релација Скопје-Игуменица-Скопје
  • 7 ноќевања /8 дена
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој.
  • ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Туристичка такса 2 еур на ден за студио / апартан (се плаќа во агенција)
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима уред (се доплаќа на лице место)
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
  • Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со возрасен)
  • Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба на редовна цена. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
  • Во двокреветна соба 3-то возрасно лице на дополнителен кревет има 30% попуст на редовните цени
  • Во Апартман 3-то и 4-то возрасно лице, на редовно легло има 30% попуст на редовните цени
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
НАПОМЕНИ
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
  • За сопствен превоз цената се намалува за 20 евра (1200 денари) ПО ЛИЦЕ, од редовната цена.
  • Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
  • Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од цените објавени во  ценовникот. Лицата што веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 21 ден пред терминот на поаѓање.
  • При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина порано од 30 дена пред патување ќе бидат задржани манипулативни трошоци од 5% од сумата на аранжманот.
  • Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, напуштањето на истите е во 09:00 часот локално време.
  • При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
  • По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. Доколку е причинета одредена материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопствениот на вилата.
  • За време на престојот гостите се задолжени за хигиената во студијата/апартманите. Постелнината се менува еднаш седмично.
  • За ова патување важат општите услови за патување на Т.А. „Балкан Експрес Травел“.

ID045

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

 

ФОТОГРАФИИ