Tour overview

„Maravellia Hotel“ е модерен хотел на прва линија до море, сместен во центарот на Лутра Едипсис со директен пристап до плажа и прекрасен поглед кон Егејското Море. Објектот е идеален за релаксирачки одмор со комбинација на мир, удобност и одлична храна. Благодарение на својата локација и домашна атмосфера, хотелот е особено популарен кај парови и фамилии.
Хотелот се наоѓа на самиот брег во Лутра Едипсос, на неколку минути пешачење од познатите термални извори „Edipsos Thermal Springs“ (500 м). Аеродромот „Nea Anchialos“ е на 67 км оддалеченост, а во близина има таверни, кафулиња и маркети.
Хотелот располага со модерно уредени соби со балкон и поглед кон море. Сите соби се опремени со: клима-уред, телевизор со рамен екран, бесплатен Wi-Fi, приватен тоалет со туш или када, фен, тоалетни производи и пешкири, кујна и фрижидер, гардеробер, маса и столици, балкон или тераса (со поглед кон море или планина). Гостите уживаат во сончевата тераса со лежалки, а атмосферата во хотелот е тивка и релаксирачка, со прекрасен поглед кон морето. Идеално место за утринско кафе или романтична вечера со зајдисонце.

Услуги и удобности:

  • ресторан со традиционална грчка кујна;
  • појадок (континентален, веган, безглутенски – по избор);
  • бар и кафе-бар на самата плажа;
  • рецепција;
  • отворена тераса за сончање;
  • јавна бања;
  • beauty услуги;
  • бесплатен паркинг во близина,

Координати на „Maravellia Hotel“.

10% ПОПУСТ НА СИТЕ ТЕРМИНИ за резервации со комплетни уплати до 15.03.2025
ТЕРМИН НОЌЕВАЊА СТУДИО 1/3 SV +автобус и траект
(цена по лице)
СТУДИО 1/4 SV +автобус и траект

(цена по лице)

16.05.2026 7 149 159
23.05.2026 7 159 179
30.05.2026 7 175 189
06.06.2026 7 189 199
13.06.2026 7 /  239
20.06.2026 7 / /
27.06.2026  7 229  249
04.07.2026  7 239  259
11.07.2026  7 249 269
18.07.2026  7 259 289
25.07.2026  7 259 289
01.08.2026  7 259 289
08.08.2026  7 259 289
15.08.2026  7 249 269
22.08.2026  7 239 259
29.08.2026  7  229 249
05.09.2026  7 229 249
12.09.2026  7 129 229
19.09.2026  7 169 189
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • Цените од табелата се дадени по лице со вклучен превоз, за минимум 2 лица во соба.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
1. ДЕН | ПОАЃАЊЕ

Состанок на групата еден ден порано во 22:30 часот на паркингот спроти спортската сала „Борис Трајковски“. Поаѓање кон Грција во 23:00 часот. Патувањето продолжува преку Лариса и Глифа, каде се качуваме на траект за островот Евија. По околу 30 минути пристигнуваме во пристаништето Агиос Кампос, на само 17 км од познатото бањско место Лутра Едипсос. Пристигнување во утринските часови, сместување во хотел и одмор.

2. 3. 4. 5. 6. и 7.  ДЕН | ЕДИПСОС

Одмор и рекреација. Уживање во морето, сонцето и термалните води на Едипсос. Препорачуваме прошетки по шеталиштето, посета на таверни со традиционална грчка кујна и релаксација во природните извори покрај морето.

Во текот на престојот, патниците имаат можност да изберат и учествуваат во некој од следните факултативни излети:

  • Посета на Атина – целодневна екскурзија со водич. Разглед на Акропол, Партенон, плоштадот Синтагма, смената на стражата и шопинг во квартот Плака;
  • Посета на островот Скијатос – автентично морско искуство со брод и капење на познатата плажа „Koukounaries“, една од најубавите во Грција;
  • Посета на грчките Сејшели – Лихадонисја – излет со бродче до волшебните вулкански островчиња со тиркизна вода и песочни плажи, идеални за капење и релаксација.
8. ДЕН | 

Напуштање на собите во 08:00 часот. Поаѓање кон Скопје со кратки попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
  • Автобуски превоз Скопје-Едипсос-Скопје;
  • Сместување во студио 7 ноќи;
  • Траект повратна карта Глифа-Агиос Камос-Глифа;
  • Туристички придружник за време на патувањето и преставник од агенцијата за време на престојот.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Задолжително патничко осигурување;
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци;
  • Туристичка такса 2 евра од ден по соба (се плаќа во објектот).
НАПОМЕНИ: 
  • Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни;
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 08:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
  • Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
  • Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитетите да ги објави и продаде слободните капацитети по „last minute“ цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена;
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студија, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување;
  • Кујните во сите студиjа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења;
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори;
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот;
  • Превоз од  Скопје/ Велес/ Неготино/ Смоквице / Гевгелија;
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување;
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж;
  • Попустите за ран букинг НЕ се комбинираат со други попусти;
  • За овој аранжман важат Општите услови на патување и правните напомени на Балкан експрес травел.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • Доплата за превоз: 65€ за возрасни / 45€ за деца до 12 год.;
  • Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

ID 025

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ