Tour overview

Најтрадиционалниот симбол што ќе го најдете во Грција за време на Божиќните празници е мал дрвен брод украсен со светликави ламбички. Бродот го симболизира поморскиот идентитет на земјата и е своевидно добредојде на морнарите, кои се враќаат дома за да го прослават Божиќ со своите семејства. Китењето на Божиќното дрвце не е традиционален обичај, но и покрај тоа што го има во сите грчки домови сепак не успева да го истисне обичајот, кој од пред една деценија започна да се возобновува во Солун каде што на плоштадот Аристотелис беше поставен огромен брод украсен со сино-бели светилки. Традицијата сѐ уште е задржана во Кавала, градот распослан на морето каде секоја година се украсува малиот брод поставен на централното пристаниште.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
 1. ДЕН | 05.12.2025 | СКОПЈЕ ИЛИ КАВАДАРЦИ–КАВАЛА

04:00 часот заминување на групата од Скопје и во 05:30 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала. Организирано разгледување на еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Посета на стариот дел на Кавала со локален туристички водич, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик – стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска Држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Потоа сместување во хотел „Oceanis“ 3 *** лоциран во строгиот центар на градот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ градот кој веќе започнуваа да живее во претпразнична еуфорија. Плоштадот е украсен со илјадници шарени ламбички, на различни локации се организираат музички претстави и концерти, а целиот град мириса на традиционалните божиќни слатки “kourabiedes” (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и “melomakarono” (колачи со ореви полиени со сируп) со кои се преполни преубавите слаткарници. Ноќевање.

 2. ДЕН | 06.12.2025 | ДРАМА

Појадок. Во договореното време заминување на групата кон Драма, градот со неверојатна природна убавина која се отсликува и преку неговото име што значи воден парк. Тука, во самиот град кој особено оживува за време на Божиќните празници, на површина од околу 20.000 метри квадратни се наоѓа Oneiroupoli, градот од соништата кој со години е вистинска атракција и едно од трите места во Грција кои задолжително треба да ги посетите за време на Божиќните празнувања. Тука е целата тематска Божиќна приказна прикажана на едно место: Дрвената куќичка на Дедо Мраз заедно со занаетчиските работилници, куќата на самовилите, божиќните штандови со специјално осветлување на кои се продаваат автентични и рачно изработени сувенири и подароци… Градот живее во овој период од годината и за децата и за возрасните и ги повикува на волшебно патување во светот на бајките нудејќи весело расположение, музички концерти и претстави, вкусна храна и пијалоци… Дефинитивно, еден од најубавите божиќни настани во Грција! Во вечерните часови враќање во хотелот во Кавала. Ноќевање.

 3. ДЕН | 07.12.2025 | КАВАЛА-СКОПЈЕ

Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните  часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 € / 10.480 денари
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
  • Превоз со автобус на наведената релација;
  • Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 3 ***;
  • Посета на Драма;
  • Локален туристички водич за разглед на Кавала;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Патничко осигурување;
  • Туристичка такса – 2,5 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата);
  • Доплата за еднокреветна соба…..36 евра (за двете ноќевања);
  • Деца до 6 години бесплатно доколку немаат седиште во автобус и користат заеднички кревет со две возрасни лица, деца од 2-6 години плаќаат 50% од цената-имаат седиште во автобус и дополнителен кревет.
НАПОМЕНА:
  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 35 патници.
ID 047
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

 

ФОТОГРАФИИ