Tour overview
Кападокија – Монументален комплекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е., во бел камен и бел вулкански пепел познат како „туф“, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Покрај карпестите куќи, пештерски цркви и подземни градови, Кападокија е позната по надворешните излети, летот со балон на изгрејсонце и вечерите во ритамот на источната традиција.
| ПРВ ДЕН: 22.10.2026 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ – КАЈСЕРИ – ЃОРЕМЕ |
Полетување од Скопје во 09:30 часот, лет за Истанбул со пристигнување во 11:15 часот. Продолжување на летот до Кајсери, со пристигнување во 17:35 часот по локално време. Трансфер од аеродромот во Кајсери до хотелот во Ѓореме и сместување. Ноќевање.
| ВТОР – ЧЕТВРТ ДЕН: 23.10 – 25.10.2026 (ПЕТОК – НЕДЕЛА) ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА |
Престој во Ѓореме, Кападокија, со ноќевање и појадок во хотелот. Во текот на овие денови се организираат факултативни излети по избор на патниците (опишани во делот „Во цената на аранжманот не е вклучено“), кои се пријавуваат и договараат со локалниот организатор. Слободно време за индивидуални активности.
| ПЕТТИ ДЕН: 26.10.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) ЃОРЕМЕ – КАЈСЕРИ – СКОПЈЕ |
Појадок во хотел (или рано утро според летот) и одјавување. Организиран трансфер од Ѓореме до аеродромот во Кајсери. Полетување од Кајсери во 07:35 часот, со прекачување во Истанбул (задржување од околу 2 часа). Пристигнување во Скопје во 10:35 часот.
| ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 569 евра |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Авионски превоз со Pegasus Airlines на релација Скопје – Кајсери – Скопје;
- Аеродромски такси;
- 4 ноќевања со појадок во хотел Cave во Ѓореме;
- Трансфери од аеродромот во Кајсери до хотелот и назад;
- Рачен багаж (1 парче) со максимални димензии 40 x 30 x 15 cm;
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Задолжително патничко осигурување – 300 денари;
- Туристичка такса – 2 € по лице за ноќ;
- Чекиран багаж до 20 kg – 60 €;
- Факултативен излет „Магична Кападокија“ – 80 €;
- Факултативен излет „Срцето на Кападокија“ – 80 €;
- Факултативен излет „Мистична Кападокија“ – 60 €;
- Лет со балон – од 150 до 250 €;
- Вожња со ATV при зајдисонце – 35 €;
- Турска вечер со шоу – 55 €;
- Церемонија со танц на дервиши – 30 €;
- Јавање коњи на изгрејсонце – 40 €;
- Јавање камили на изгрејсонце – 45 €;
Факултативните излети се организираат во Кападокија, а нивните цени и програми се договараат со локалниот организатор.
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 2 патници;
- Резервација се прави со авансна уплата од 50 % од цената на аранжманот, а целосна уплата 15 дена пред поаѓањето;
- Во случај на отказ од страна на патникот, уплатениот аванс не се враќа;
- Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на излетите;
- За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес
ID002
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |