Tour overview

Сивири е место што се наоѓа на западниот брег на фамозната Касандра! Сместено помеѓу густата борова шума од едната страна и тиркизносиното море од другата страна, Сивири нема да ве остави рамнодушни во ниеден случај. Ситнопесочната плажа е фантастична за незаборавен семеен одмор, а плиткиот влез во Егејското море им овозможува на најмалите по цел ден да бидат на плажа без никакви грижи! Да не ја заборавиме најдобрата страна на ова магично место: во топлите летни денови сонцето заоѓа околу 21:00!

Вила Христос е со едната нога во песок, во средината на самото шеталиште во Сивири! Сите соби имаат кујна со прибор според бројот на лица во собата, бања, ТВ, WI-FI и клима уред, чие користење е вклучено во цената. Терасите се странично позиционирани кон море и можете секојдневно да уживате во зајдисонцето во удобноста на вашиот апартман/студио. Вилата располага со двокреветни, трокреветни студија и четирикреветни апартмани, што значи дека можат да одговарат на сите структури!

Координати на Вилата;

Цените во табелата се однесуваат за наем на 7 ноќевања без превоз
Термин Ноќевање 1/2 Студио 1/3 Студио 1/4 Апартман
22.05.2027 7 169 209 229
29.05.2027 7 199 269 289
05.06.2027 7 289 349 389
12.06.2027 7 369 409 479
19.06.2027 7 419 479 559
26.06.2027 7 439 529 609
03.07.2027 7 479 559 649
10.07.2027 7 539 649 769
17.07.2027 7 539 649 769
24.07.2027 7 539 649 769
31.07.2027 7 539 649 769
07.08.2027 7 539 649 769
14.08.2027 7 539 649 769
21.08.2027 7 509 599 719
28.08.2027 7 439 509 599
04.09.2027 7 389 419 489
11.09.2027 7 289 319 359
18.09.2027 7 219 239 279
НАПОМЕНИ
  • Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години (не користи легло);
  • Туристичка такса се плаќа во агенција;
  • Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;
  • Агенцијата не презема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;
  • Интернетот во вилата е во функција по 1 јуни;
  • Плаќањето се врши во денарска противвредност (1 евро = 62,00 денари);
  • Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра);
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување и целосна уплата најдоцна 21 ден пред започнување на аранжманот;
ПОПУСТИ
  • За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
  • Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
  • Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;
  • Рана резервација: 10% попуст на сите термини, со уплата од 50% од износот на аранжманот и доплата до 25.02.2027;
  • Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата;
ПРЕВОЗ
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, на најблиското место каде што може да застане автобусот;
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;
  • Агенцијата го прави распоредот на седење во автобусот 2 дена пред датумот на поаѓање;
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

  • 60 € возрасни (повратен билет), 45 € возрасни (еден правец)
  • 45 € деца од 2 – 12 години (повратен билет), 40 € деца од 2 – 12 години (еден правец)
  • БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

ID044

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:
Download pdf brochure

ФОТОГРАФИИ

Download pdf brochure