Tour overview

Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг. На оддалеченост од 400км. и 30 мин.возење со траект се пристигнува на островот Тасос. Зелен остров комбинација на море и планина со чисти песочни плажи и тиркизна сина боја на морето.Изобилува со борова шума и мирис на медовина,природни сенки и планински возвишенија.Ипсарион со 1.204мнв е планината која гордо извишена стои над плажата Скала Потамиа и Голден биџ.Во должина од 3км.се простира плажата на Скала Потамиа и Голден Бич споени во една плажа , означени со плаво знаменце за чистота и квалитет.Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот одсјај , плажата асоцира на злато.

Вила “Нама” лоцирана во Скала Потамиа  на оддалеченост околу 50 метри од плажата Голден биџ.Извонредна местоположба на вилата која излегува на една од најубавите плажи на островот.На само неколку метри од вилата има супермаркети,ресторани,таверни…

Координати на Вилата;

Цените во табелата се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања без превоз
Термин Ноќевања 1/4 Апартман
30.05.2025 7 199
06.06.2025 7 219
13.06.2025 7 309
20.06.2025 7 379
27.06.2025 7 469
04.07.2025 7 499
11.07.2025 7 549
18.07.2025 7 599
25.07.2025 7 629
01.08.2025 7 629
08.08.2025 7 629
15.08.2025 7 599
22.08.2025 7 549
29.08.2025 7 429
05.09.2025 7 379
12.09.2025 7 309
19.09.2025 7 259
ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕ НА WI-FI И КЛИНА УРЕД Е БЕСПЛАТНО
СТУДИЈАТА: ИМААТ КРПИ И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН!
*КРПИТЕ И ПОСТЕЛНИНАТА СЕ МЕНУВААТ 2 ПАТИ НЕДЕЛНО

Прв кат:
Апартман бр.1 1/4 (4 лица)
Апартманот располага со две простории. Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар,мал фрижидер,шпорет со две рингли ,аспиратор,микробранова печка,чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица.Овде има плакар за алишта и клима уред.Втората просторија е спланата соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв и сеф за лични работи.Од спалната се излегува на тераса со поглед во убав двор полн со зеленило Апартманот располага со стандардно купатило и WC.

Aпартман бр.2 1/4 (4 лица)
Апартманот располага со две простории.Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар,мал фрижидер,шпорет со две рингли ,аспиратор,микробранова печка,чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица.Овде има плакар за алишта и клима уред.Од кујната се излегува на тераса со поглед во убав двор полн со зеленило.Втората просторија е спланата соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв и сеф за лични работи. Апартманот располага со стандардно купатило и WC.

Апартман бр.3 1/3 (3 лица)
Апартманот располага со две простории.Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар,мал фрижидер,шпорет со две рингли ,аспиратор,микробранова печка,чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица.Овде има плакар за алишта и клима уред.Од кујната се излегува на тераса со поглед во убав двор полн со зеленило.Втората просторија е спланата соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв и сеф за лични работи.Од спалната се излегува на тераса со поглед во двор полн со зеленили. Апартманот располага со стандардно купатило и WC.

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).

ПРЕВОЗ
  • 65€ за возрасни – повратна карта;
  • 50€ за деца до 12 години – повратна карта;
  • 50 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
  • 20 € за прв ред на седиште;
  • Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште;
  • За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице;
  • ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА :
  • 20€ за возрасни – повратна карта;
  • 15 € за дете од 02 – 12 години – повратна карта;

 ID031

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure