Tour overview

Вилата “Елена” се наоѓа во Лептокарија на самата плажа(прв ред), располага со трокреветни студија на први кат, сите опремени со кујни, купатило со вц, тв, клима уред(се доплаќа 7€ од ден доколку се користи), балкони со директен и страничен поглед на море и едно стидио со поглед на двор. Сите соби се реновирани со нови купатила и кујни и душеци.

Лептокарија е познато и многу посетувано туристичко место во областа Пиерија .На оддалеченост 80 км. Јужно од Солун во подножјето на планината Олимп со долга и пространа песочна плажа е лоцирана туристичката дестинација наменета за секоја популација без ограничување. Најчести посетители се фамилијарни туристи, но без исклучок во рестораните,плажите среќаваме туристи од секаква генерација.Медитеранската клима задскриена во пазувите на планината Олимп го прават идеалното летувалиште што може природата да го соедини. Многу кафетерии,слаткарници ,детски забавни паркови се само дел од вашето летно доживување.

Координати на Вилата:  40.058599, 22.568952

1. Вонсезонски цени

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
Термин Ноќевања 1/3 Студио со поглед на градина 1/3 Студио со поглед на море 1/4 Апартман со поглед на море
17.05.2025 7 69 79 99
24.05.2025 7 79 89 109
31.05.2025 7 89 99 119
07.06.2025 7 109 109 129
Плаќаат минимум 2 лица, трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години

2. Сезонски цени

Цените во табелата се однесуваат за наем на 7 ноќевања без превоз
Термин Ноќевања 1/3 Студио со поглед на градина 1/3 Студио со поглед на море 1/4 Апартман со поглед на море
14.06.2025 7 219 249 269
21.06.2025  7 239 259 289
28.06.2025 7 249 269 299
05.07.2025 7 269 289 319
12.07.2025 7 279 299 339
19.07.2025 7 299 329 349
26.07.2025 7 299 329 349
02.08.2025 7 299 329 349
09.08.2025 7 299 329 349
16.08.2025 7 299 329 349
23.08.2025 7 259 289 309
30.08.2025 7 209 239 279

3. Вонсезонски цени

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
Термин Ноќевања 1/3 Студио со поглед на градина 1/3 Студио со поглед на море 1/4 Апартман со поглед на море
06.09.2025 7 99 119 129
13.09.2025 7 89 109 119
20.09.2025 7 79 89 109

Плаќаат минимум 2 лица, трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕ НА WI-FI Е БЕСПЛАТНО
КОРИСТЕЊЕ НА КЛИМА УРЕД СЕ ДОПЛАЌА 7 ЕВРА ОД НОЌ

Прв кат:
Апартман бр.7  1/4 (4 лица) 
Апартманот располага со еден дупол кревет и два поединечни кревети на спрат,плакар за алишта.Во другата соба е кујната комплетно опремена со кујнски инвентар,решо со две рингли ,мал фрижидер, маса и столици за ручавање.
Апартманот излегува на тераса со страничен поглед на море. Апартманот е опремен со клима уред, тв и купатило со вц.
Студио бр.8  1/3 (3 лица) 
Студиото располага со еден дупол кревет и еден поединечен кревет,плакар за алишта.Во склоп на собата е кујната-комплетно опремена со кујнски инвентар,решо со две рингли ,мал фрижидер.
Студиото излегува на тераса со директен поглед на море. Студиото е опремено со клима уред, тв и купатило со вц.
Студио бр.9  1/3 (3 лица) 
Студиото располага со еден дупол кревет и еден поединечен кревет,плакар за алишта. Во склоп на собата е кујната-комплетно опремена со кујнски инвентар,решо со две рингли ,мал фрижидер.
Студиото излегува на тераса со директен поглед на море. Студиото е опремено со клима уред, тв и купатило со вц.
Студио бр.10  1/3 (3 лица) 

Студио бр.11  1/3 (3 лица)
Студиото располага со еден дупол кревет и еден поединечен кревет,плакар за алишта. Во склоп на собата е кујната-комплетно опремена со кујнски инвентар,решо со две рингли ,мал фрижидер.
Студиото излегува на заедничка тераса со поглед кон двор.Студиото е опремено со клима уред, тв и купатило со вц.

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).

 ПРЕВОЗ
  • 50 € за возрасни – повратна карта
  • 35€ за деца до 12 години – повратна карта;
  • 35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
  • 20 € за прв ред на седиште
  • Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
  • За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

ID 031

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure