Tour overview
Мадрид град на сонцето, паркови, традиција и страст, украсен со широки булевари, импресивни палати, пространи плоштади и раскошни фонтани. Дозволете да ве понесе неговата весела песна и единственото Фламенко, звукот на кастањети, магичната корида и надалеку познатата сангрија!
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ |
| 1 ден | 19.01.2024 СКОПЈЕ – ТИРАНА – МАДРИД |
Состанок на групата пред Дрво Декор во Скопје во 07:00 часот. Се упатуваме кон Тирана, со планирано пристигнување околу пладне. По што веднаш започнуваме со градска прошетка, каде ќе ги посетиме: Централниот плоштад Скендер Бег, Операта, Џамијата Етем Беј, Бетонската пирамида изградена од ќерката на албанскиот претседател Енвер Хоџа. Слободно време за ручек. Во 15:00 часот се упатуваме кон аеродромот, летот за Мадрид е предвиден во 17:30 часот. По пристигнувањето следува трансфер до хотелот и сместување. Ноќна прошетка низ центарот на Мадрид, со можност за посета на некој од многуте пабови и дискотеки околу плоштадот Санта Ана. Ноќевање.
| 2 ден | 20.01.2024 МАДРИД |
Појадок. Потоа следува Walking City Tour со локален водич, кој ќе ни ги открие тајните на градот, и ќе ни даде одговор на прашањето кој град е поубав Мадрид или Барселона? Посета на Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми. Прошетка ќе заврши во познатиот парк Ретиро. Слободно време за ручек. Во 18 часот ќе го посетиме еден од најголемите музеи во светот ПРАДО кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок – сангрија. Ноќевање.
| 3 ден | 21.01.2024 МАДРИД |
Појадок. Ден предвиден за слободни активности во главниот град или факултативна посета на Величественото ТОЛЕДО, некогашна престолнина на Шпанија, град полн со историја и емоции, познат како град на три култури христијанска, еврејска и арапска. Заедно со локален водич ќе ги посетиме сите знаменитости во Толедо, вклучувајќи ги Plaza de Zocodover и Puente de Alcantara. Во слободното време може да уживате во некој од кафе баровите и рестораните око главниот плоштад. Неизбежен дел од посетата на овој град се и музејот EL GRECO и тврдината ALCAZAR која се издига над Толедо. Ноќевање.
| 4 ден | 22.01.2024 МАДРИД – ТИРАНА – СКОПЈЕ |
Појадок. Прошетка низ центарот на “Кралскиот град”, по познатата авенија Гран Виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес. Посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”. Слободно време за индивидуални прошетки и ручек во некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Во попладневните часови ќе го посетиме стадионот „Сантиаго Бернабеу“, на кој настапува кралскиот фудбалски клуб „Реал Мадрид“. Слободно попладне се до 19 часот кога ќе се упати кон аеродромот. Лет за Тирана во 21:50 часот.
| ЦЕНА ОД 550€ / 34.100,00 МКД |
ВАЖНИ НАПОМЕНИ: Поради големи промени на цените на авионските карти во месец Декември и поради пребукираност на хотелите во тој период, потребно е да се уплати целиот износ за резервација на патувањето за да може да се реализира програмата според наведената цена. Патувањето ќе биде отворено за резервации само 2 недели и потоа се затвара групата поради претходно наведените причини.
Цената е за дадениот момент, при повисока цена на авионските карти се зголемува и цената на аранжанот.
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Авионска карта на релација Тирана – Мадрид – Тирана
- Аеродромски такси
- Трансфер Скопје – Тирана – Скопје
- Сместување во хотел на база 3 ноќевања со појадок во Мадрид
- Трансфер од аеродром до хотел и обратно
- Туристички пратител/водич од Македонија
- Градска тура во Тирана со локален водич
- Градска тура во Мадрид со локален водич
- Багаж: Carry-On торба/ранец со димензии 40х30х20 см
| Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: |
- Лични трошоци
- Патничко и здравствено осигурување
- Градска такса во Мадрид – 0.75 eвра од ноќевање
- Метро карти во Мадрид – од 1.5 евра
- Факултативна екскурзија за Толедо со локален водич – 50 евра
- Факултативна вечер со традиционална музика и храна – 50 евра
| НАПОМЕНИ: |
- Во случај на помал број од 15 пријавени патници, агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
- Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
- Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
- Плаќањето за екскурзиите и доплатите во врска со ова патување, патниците го вршат првиот ден по пристигnувањето во евра.
- Содржината на дневните тури и секојдневните разгледи се подложни на промени (условени од оправдани причини: застој во сообраќај, локални штрајкови, политички собири, немири, лоши временски услови).
- Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби, поглед на море, базен или соба со балкон, агенцијата не може да гарантира.
- Категоризацијата на хотелите е врз основ на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и партнерот. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.
- Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот, а пратителот на групата само ги доделува клучевите од собите.
- Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплатата за истите.
- Еден хотелски ден како и услугите во истиот започнуваат од 14 часот од денот на важноста на аранжманот до 12 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога гостинот ќе влезе/излезе од хотелот.
- Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14 часот / последниот ден по 12 часот се подложни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштање на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
- Дополнителните/помошните кревети се на расклопување и најчесто се со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат дополнителен кревет и во истите децата го делат со родителите.
ID 065
| ВИ ПОСАКУВАМЕ СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |

