Tour overview

Вила ATRIUM „А“ категорија – се наоѓа на десната страна од местото, на само 200 м. од главната улица, и 150 м. од прекрасната песочна плажа.
Секоја соба е опремена со модерно опремена кујна, тоалет, телевизор, клима (доплата од 5€ на ден). Во склопот на вилата има и БАЗЕН, кој е на Ваше располагање…

Плажа 150 метри од градската песочна плажа.

Спецификација на сместувањето (студиата) :
– ДВОКРЕВЕТНО (1/2) СТУДИО : 2 единечни кревети, комплетна кујна, ТВЦ, ТВ, тераса (исток –   високо приземје, поглед на базен или запад – приземје, поглед кон Олимп) и клима.
– ТРИКРЕВЕТНО (1/3) СТУДИО : 3 единечни кревети, комплетна кујна, ТВЦ, ТВ, тераса (исток – високо приземје, поглед на базен или запад – приземје, поглед кон Олимп) и клима.
– ЧЕТИРИКРЕВЕТНО (1/4) СТУДИО : 4 единечни кревети, комплетна кујна, ТВЦ, ТВ, тераса (исток – високо приземје, поглед на базен или запад – приземје, поглед кон Олимп) и клима.

Димензиите на креветите во апартманите и студијата во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-80 см x 185-190 см, брачен кревет (француски)  145-155 см со 180-190 см
GPS : 40.056439, 22.567741

– 20% попуст за резервации и целосна уплата до 31.12.2023
– 15% попуст за резервации и целосна уплата до 28.02.2024
– 10% попуст за резервации и целосна уплата до 30.04.2024

Цените се за НАЕМ на СОБА за 8 дена 7 ноќевања

термини 1/2 студио 1/3 студио 1/4 студио
25.05-01.06 89 99 109
01.06-08.06 129 149 169
08.06-15.06 169 189 209
15.06-22.06 209 229 249
22.06-29.06 249 269 289
29.06-06.07 279 299 319
06.07-13.07 309 329 349
13.07-20.07 329 349 369
20.07-27.07 349 369 399
27.07-03.08 349 369 399
03.08-10.08 349 369 399
10.08-17.08 349 369 399
17.08-24.08 349 369 399
24.08-31.08 299 329 349
31.08-07.09 249 269 299
07.09-14.09 209 229 249
14.09-21.09 169 189 209
21.09-28.09 119 129 149

Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари

Во цената Е вклучено:

7 ноќевања
Користење безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:

Автобуски превоз
Патничко осигурување
Клима уред (доплата од 5€ на ден)
Туристичка такса 0,5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

НАПОМЕНИ: 

Информации, услови, попусти
Цените обележани со црвено се промо цени

На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (попустот важи само за редвни цени)
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата. Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст.
Попустот важи само на редовни цени. – попустите не може да се комбинираат,
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата) – Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. ТУРИСТ

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите  
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма.
Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услуга / индивидуален престој се различни за секој објект/хотел и тие ке бидат составен дел во понудата. Доколку не се опишани во понудата други услови се применуваат и во сила и со важност се Општте услови
А тие се:

– за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% од аранжманот
– за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од аранжманот
– за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
– за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
– за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот.
Напомена: 
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

ПРЕВОЗ

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање:

Град – место поаѓање возрасен дете 2-12 г
 Скопје – Дрводекор 04:00 45 € 35 €
 Велес – БП мотел Македонија 04:30 45 € 35 €
 Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес 03:40 60 € 50 €
 Неготино – бензинска, Неготино 05:00 45 € 35 €
 Граничен премин – бензинска Шимов 06:00 45 € 35 €
 Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04:00 40 € 30 €
 Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола 03:15 40 € 30 €
 Струга – Хотел Дрим 02:15 45 € 35 €
 Кичево – БП Пуцко Петрол 02:15 55 € 45 €
 Охрид – БП Лук Оил излез Битола 02:30 45 € 35 €
 Ресен – Автобуска станица 03;15 45 € 35 €

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

ТА го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во  во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

ID 040

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure