Tour overview

Вилата „LITCA 2“ е лоцирана во центарот на Неа Флогита, спроти хотелот „Corfu“, околу 70 метри од плажа. Вилата располага со ниско приземје, високо приземје, прв кат и втор кат.

Координати на вилата „LITCA 2“

BLACK FRIDAY – 20% ПОПУСТ НА ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.11.2026, СО МИНИМУМ УПЛАТА ОД 50% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА И ОСТАТОК НАЈДОЦНА ДО 31.03.2027

Цените во табелата се редовни, без попустот од 20%.

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА * (21.05–18.06 И 27.08–17.09.2027) СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ; БРОЈОТ ПРЕД ЦЕНАТА Е МИНИМАЛНИОТ БРОЈ ЛИЦА ШТО ПЛАЌААТ. ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ (25.06–20.08.2027) СЕ ЗА НАЕМ НА СТУДИО, АПАРТМАН ИЛИ ДУПЛЕКС ЗА 7 НОЌЕВАЊА, БЕЗ ПРЕВОЗ.

Термин 1/3 Студио 1/4 Апартман 1/5 Апартман приземје 1/6 Дуплекс приземје
21.05.2027* 2 х 129 € 3 х 119 € 3 х 119 € 4 х 119 €
28.05.2027* 2 х 179 € 3 х 149 € 3 х 149 € 4 х 149 €
04.06.2027* 2 х 199 € 3 х 169 € 3 х 169 € 4 х 169 €
11.06.2027* 2 х 259 € 3 х 219 € 3 х 219 € 4 х 199 €
18.06.2027* 2 х 279 € 3 х 229 € 3 х 229 € 4 х 209 €
25.06.2027 530 € 630 € 650 € 720 €
02.07.2027 580 € 660 € 670 € 780 €
09.07.2027 590 € 740 € 760 € 850 €
16.07.2027 620 € 780 € 790 € 880 €
23.07.2027 670 € 800 € 810 € 940 €
30.07.2027 670 € 800 € 810 € 940 €
06.08.2027 640 € 790 € 800 € 880 €
13.08.2027 620 € 770 € 780 € 850 €
20.08.2027 580 € 730 € 740 € 800 €
27.08.2027* 2 х 269 € 3 х 239 € 3 х 239 € 4 х 209 €
03.09.2027* 2 х 249 € 3 х 219 € 3 х 219 € 4 х 199 €
10.09.2027* 2 х 199 € 3 х 169 € 3 х 169 € 4 х 179 €
17.09.2027* 2 х 139 € 3 х 119 € 3 х 119 € 4 х 119 €

Цените се дадени во евра, а плаќањето е исклучиво во денари, по курс 1 € = 62 ден.

За уплата на два последователни термини (еден по друг) одобруваме 5% попуст на вториот термин; попустите не се комбинираат.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ И WI-FI Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
НЕМА ОБЕЗБЕДЕН ПАРКИНГ, НО МОЖЕ ДА СЕ ПАРКИРА ПРЕД ВИЛАТА ИЛИ ВО ОКОЛНИТЕ УЛИЦИ
ВО АПАРТМАНИТЕ НЕМА КРПИ
СМЕСТУВАЊЕ ОД 14:00, А НАПУШТАЊЕ ДО 09:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Пакет аранжман (термини со *): 7 ноќевања во студио, апартман или дуплекс и автобуски превоз;
  • Наем (термини без *): 7 ноќевања во студио, апартман или дуплекс;
  • Користење на клима уред и wi-fi;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз за термините за наем (без *);
  • Туристичка такса – 2 € на ден за студио и апартман и 4 € на ден за дуплекс (се плаќа во вилата);
  • Патничко-здравствено осигурување;
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот.
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО

Апартман бр. 1 – прв кат. Располага со 2 простории: спална соба со брачен кревет и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревета и во истата просторија е кујната, опремена со голем фрижидер и шпорет со рерна. И оваа соба има сопствена тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

Апартман бр. 2 – прв кат. Располага со 2 простории: спална соба со брачен кревет и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревета и во истата просторија е кујната, одделена со шанк и опремена со голем фрижидер и шпорет со рерна. И оваа соба има сопствена тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

Апартман бр. 3 – втор кат. Располага со 2 простории: спална соба со два единечни кревета и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревета и во истата просторија е кујната, опремена со голем фрижидер и шпорет со рерна, и тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

Студио бр. 4 – втор кат. Соба со еден брачен и еден единечен кревет; во истата просторија е кујната. Студиото има купатило, балкон, ТВ и клима.

Студио бр. 5 – втор кат. Соба со еден брачен и еден единечен кревет; во истата просторија е кујната. Студиото има купатило, балкон (поглед на улица), ТВ и клима.

Дуплекс бр. 6 – ниско приземје. Располага со 3 простории: дневна соба и две спални соби. Во дневната соба се наоѓа кујна (опремена со голем фрижидер и шпорет со рерна), два единечни кревета и софа на расклопување, а од неа се излегува во двор со поглед на улица. Во едната спална соба има два единечни кревета и од неа се излегува во задниот двор, додека втората спална соба има брачен кревет; купатило. Климата и ТВ се во дневната просторија.

Апартман бр. 7 – ниско приземје. Располага со 2 простории: дневна соба со два единечни кревета и софа на расклопување, во истата просторија е кујната, одделена со шанк (опремена со голем фрижидер и шпорет со рерна), а од неа се излегува во двор со поглед на улица; спална соба со брачен кревет, од која се излегува во задниот двор; купатило. Климата и ТВ се во дневната просторија.

УСЛОВИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ

– Студио 1/3: плаќаат минимум 2 лица; третото лице е бесплатно и плаќа само превоз, доколку го користи;
– Апартман 1/4: плаќаат минимум 3 лица; четвртото лице е бесплатно и плаќа само превоз, доколку го користи;
– Апартман 1/5: плаќаат минимум 3 лица; четвртото и петтото лице се бесплатни и плаќаат само превоз, доколку го користат;
– Дуплекс 1/6: плаќаат минимум 4 лица; петтото и шестото лице се бесплатни и плаќаат само превоз, доколку го користат;
– Деца до 1,99 години се бесплатни и не користат седиште во автобусот;
– За патување со сопствен превоз, од цената на пакет аранжманот се одбиваат 10 € (620 ден.) по лице.

НАПОМЕНИ

– Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
– За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договорот за патување;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– BLACK FRIDAY попустот од 20% важи за резервации до 30.11.2026, со минимум уплата од 50% при резервација и остаток најдоцна до 31.03.2027;
– Попустите не се комбинираат;
– Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите што треба да влезат во студијата/апартманите во следниот термин;
– Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата што се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер го задржуваат правото да не ги примат лицата што не се наведени во ваучерот или за нив да побараат соодветен финансиски надомест;
– Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман;
– Гостите се сместуваат во исчистена соба, а во текот на престојот самите се грижат за хигиената;
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена штета да извршат наплата за неа од клиентите што се сместени во моментот;
– Цените објавени во табелата се конечни, без скриени трошоци;
– Т.А. „БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет-врската во кој-било објект од целата понуда;
– Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда; претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената;
– При промена или откажување на резервацијата се плаќаат манипулативни трошоци од 620 денари, покрај примената на Општите услови за патување;
– Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување; нивниот недостаток не е одговорност на вработените во Т.А. „БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ“ и на самата агенција;
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ“.

ПРЕВОЗ

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место што е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. Цената на превозот за термините за наем е:

  • За возрасни 3.720 ден. (60 €) повратно, 2.790 ден. (45 €) во еден правец;
  • За деца до 12 години 3.100 ден. (50 €) повратно, 2.480 ден. (40 €) во еден правец;
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.

ID043

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:
Download pdf brochure