Tour overview
Атина е град посветен на божицата Атина, по која го добила името и која била нејзин заштитник со векови. Денес, Атина е мултимилионска метропола, бидејќи од своето постоење преживеа подеми и падови како неколку други мегаполи во светот.За историјата на човештвото, Атина е значајна затоа што ги постави темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Сепак, првата асоцијација кога се споменува Атина е Акропол со Партенон како најголем и најважен храм кој доминирал две и пол илјади години.
Град на историјата, но и главен град на добри времиња. Бил признаен како центар на културата и уметноста дури и во време кога повеќето европски метрополи не ни постоеле. Храмот на Олимпискиот Зевс, стадионот Панатинаик – место на првите модерни Олимписки игри во 1896 година, Кралската палата, црквата Свети Павле, Парламентот, нумизматичкиот музеј Шлиман, главната Трикластагни Миа, Универзитетот и Националниот Библиотека, се само дел од убавината на денешна Атина. Ви нудиме можност за 8-ми Март да уживате во метрополата, во продолжение програмата…..
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ: |
| ПРВ ДЕН: 03.05.2024 |
Состанок на групата во 20:30 часот пред Хотел Русија. Поаѓање во 21:00 часот. Патување преку граничниот премин Богородица-Евзони и ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.
| ВТОР ДЕН: 04.05.2024 |
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека).
Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол.
Заминување кон Глифада.
Сместување во хотел. Слободно попладне.
Вечерта слободно време за одмор или прошетка по преубавата Глифада.
| ТРЕТ ДЕН: 05.04.2024 |
Појадок.
Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон).
Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна.
Враќање во Глифада. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваме ноќна прошетка во Атина или шопинг во Глифада.
Ноќевање.
| ЧЕТВРТ ДЕН: 06.04.2024 |
Појадок.
Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон.
Слободно време и заминување кон Македонија.
Возење со гранични формалности и попатни паузи, присигнување во доцните ноќни часови.
| ПРОМО ЦЕНА: 125€ / 7,750 МКД |
| РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149€ / 9,238 МКД |
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
-Превоз со високо туристички автобус
-2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Глифада
-Организиран разглед на градот со локален водич
-Организација и водство на патувањето
| Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: |
-Екскурзија на Арголида-Пелопонез – 45е
-Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 15е
-Туристичка такса 1,5е по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
-Влезници за посета на локалитетите со водич:
Акропол 20е,
Микена 12е,
Епидариус 12е,
Посејдонов храм 10е
-Патничко осигурување
Сунион и Аполоновиот брег
Цена за пакет: 15 евра
Кејп Суниоп е неверојатна локација во секое време од денот, но таму би се почуствувале неверојатно доколку имате можност да го гледате неверојатното зајдисонце. Под вас се протега Егејското Море а покрај вас се наоѓаат и величествените урнатини на храмот Посејдон. Лесно е да се разбере зошто античките Грци изградиле храм на богот на морето овде.
Арголида-Пелопонез
Цена за пакет: 45 евра
Пелопонез е голем полуостров и регион во јужна Грција, го формира делот на државата јужно од Коринтскиот Залив. Делови од него припаѓаат на три периферии поголемиот дел од полуостровот припаѓа на периферијата Пелопонез, а мал дел на Западна Грција и Атика. Полуостровот има површина од 21.549 км2 и е најјужниот дел од грчкото копно. Со прокопувањето наКоринтскиот Канал во 1893 година Пелопонез бил издвоен од копното, и може да се смета за остров.
| НАПОМЕНИ: |
-Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
-За сингл соба цената изнесува 159 евра
-Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
-Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 79e
-Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
-Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
-Резервации за одреден кат или страна не е можна.
-Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
-Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
ID 019
| ВИ ПОСАКУВАМЕ СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |


