Tour overview
ХОТЕЛ КОМПЛЕКС ZARA 4* – БАНСКО
ЗИМА 2026/2027 |
Банско, Бугарија – Хотелскиот комплекс „Zara“ е еден од омилените избори во Банско, со одлични оцени од гостите. Се наоѓа на околу еден километар од гондолата, а превозот до жичарницата е вклучен во цената. До старото градско јадро, со калдрмисаните улички и традиционалните меани, стигнувате со пријатна прошетка од петнаесетина минути.
„Зара“ нуди двокреветни стандард и делукс соби и едноспални апартмани, сите со балкон. По скијањето ве чека загреан базен, џакузи, сауна и парна бања, а децата имаат свој базен за прскање и детско катче. Вечерта можете да ја поминете во ресторанот или во барот на хотелот.
- Прво дете до 11.99 год. на дополнително легло – бесплатно;
- Превоз до жичарницата и ски-гардеробер вклучени во цената;
- Загреан базен, џакузи, сауна и парна бања – вклучено во цената;
- Сите соби и апартмани се со балкон;
- Детско катче и базен за деца;
- Пријатна прошетка до старото Банско.
ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027
Цените се по лице за 1 ноќевање на база ПОЛУПАНСИОН |
| Тип на сместување |
28.11–23.12.2026
07.03–03.04.2027 |
31.01–06.02.2027
21.02–06.03.2027 |
24.12–28.12.2026 |
03.01–30.01.2027
07.02–20.02.2027 |
29.12.2026–02.01.2027 |
| Двокреветна соба стандард (2+0) |
63€ |
67€ |
77€ |
77€ |
107€ |
| Двокреветна соба делукс (2+1 / 2+2) |
69€ |
73€ |
83€ |
83€ |
113€ |
| Едноспален апартман (2+2) |
76€ |
79€ |
89€ |
89€ |
121€ |
| Попусти за деца и дополнително легло: |
- Деца до 1.99 год. – бесплатно;
- Прво дете од 2 до 11.99 год. на дополнително легло – бесплатно;
- Второ дете од 2 до 11.99 год. на дополнително легло – 50% попуст;
- Дете од 2 до 11.99 год. на редовно легло со 1 возрасен – 50% попуст (не важи за новогодишниот период).
- Ноќевање со појадок и вечера (полупансион);
- Превоз до жичарницата;
- Ски-гардеробер;
- Користење на загреан базен, џакузи, сауна и парна бања;
- Детско катче;
- Интернет.
- Новогодишна вечера – 115€ за возрасни, 55€ за деца;
- Божиќна вечера на 25.12.2026 – 50€ за возрасни, 25€ за деца;
- Туристичка такса – 1€ по лице на ден (за децата што се бесплатни се плаќа 0,60€ на рецепција);
- Масажи и спа третмани;
- Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.
ID0
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
Download pdf brochure