Tour overview

Торони е мирно гратче во Ситонија, вториот крак на Халкидики, идеално за опуштен одмор. Неговата закривена плажа со густ златен песок, долга 2,5 километри, се смета за една од најубавите во Ситонија, а местото е познато и по фантастичните зајдисонца.

Вилата „Tsitsirikos“ е една од најбараните во Торони, позната по мирната атмосфера, чистотата и љубезните домаќини. Се наоѓа на околу 70 метри од песочната плажа и шеталиштето, во близина на маркети, таверни и кафулиња. Има зелена градина со природна сенка, лежалки и чадори, маси за одмор, простор за скара (BBQ) и бесплатен приватен паркинг. Близината до плажата и уредениот двор ја прават погоден избор за семејства и за гости што сакаат сместување со сопствена кујна.

Координати на Вилата;

ДО 40% BLACK FRIDAY ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО УПЛАТА ОД 50% ВЕДНАШ И 50% ДО 30.11.2026

Прецртаните цени се редовни, а до нив се цените со Black Friday попуст.

Термин Ноќевање 1/4 Апартман
16.05.2027 7 269 € 162 €
23.05.2027 7 299 € 210 €
30.05.2027 7 359 € 252 €
06.06.2027 7 459 € 322 €
13.06.2027 7 649 € 585 €
20.06.2027 7 739 € 629 €
27.06.2027 7 739 € 592 €
04.07.2027 7 799 € 640 €
11.07.2027 7 859 € 688 €
18.07.2027 7 929 € 790 €
25.07.2027 7 999 € 850 €
01.08.2027 7 1290 € 1161 €
08.08.2027 7 1109 € 999 €
15.08.2027 7 959 € 864 €
22.08.2027 7 899 € 720 €
29.08.2027 7 659 € 462 €
05.09.2027 7 499 € 350 €
12.09.2027 7 459 € 322 €
19.09.2027 7 269 € 189 €

ЦЕНИ ПО АПАРТМАН (ДО 4 ЛИЦА) ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА, БЕЗ ПРЕВОЗ

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 14:00, А НАПУШТАЊЕ НА АПАРТМАНИТЕ ДО 10:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)
ПОСТЕЛНИНАТА И ПЕШКИРИТЕ СЕ МЕНУВААТ НА СЕКОИ 7 ДЕНА

Сместувачки капацитети:
1/4 Апартман – четирикреветен апартман од околу 30 м², со одделна спална соба со брачен кревет и простор со кујна и трпезарија, каде што има два единечни кревета (еден поголем и еден помал). Секој апартман има сопствена бања, балкон или веранда, телевизор, Wi-Fi, клима уред, комарници, постелнина и пешкири. Кујната е опремена со фрижидер и основен прибор за подготовка на лесни јадења.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 7 ноќевања во четирикреветен апартман со една спална соба во вилата Tsitsirikos;
  • Користење на клима уредот;
  • Постелнина и пешкири;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз (со доплата – види ПРЕВОЗ);
  • Меѓународно патничко здравствено осигурување;
  • Туристичка такса – 2 € по апартман од ноќ, односно 14 € за 7 ноќевања;
  • Оброци;
  • Факултативни излети и влезници;
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане. Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање до вилата;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Цените се за наем на цел апартман (до 4 лица) за 7 ноќевања. Датумот во ценовникот е денот на пристигнување;
– За уплати на два последователни термини (7+7 ноќевања) одобруваме 10% попуст на втората смена, пресметан од редовната цена. Овој попуст не се комбинира со Black Friday, Early Booking и други промотивни попусти;
– На веќе прикажаната промотивна цена не се пресметува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на отказ на аранжман со попуст за рана уплата, 50% од сумата е неповратна, а за другите 50% важи скалата од ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (до 4 лица);
– Хигиената во апартманот за време на престојот ја одржуваат самите гости;
– Фотографиите се од повеќе апартмани и служат за општ впечаток за објектот. Изгледот и распоредот може да се разликуваат меѓу апартманите;
– Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени. Подоцнежното намалување на цената не е основа за враќање на разликата за веќе уплатени резервации;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;

ПРЕВОЗ
  • 55 € за возрасни – повратна карта;
  • 45 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
  • Поаѓање од Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата;
  • Секој патник има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж.

ID051 ID025

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ