Tour overview

REGNUM BANSKO SKI HOTEL & SPA 5* – БАНСКО
ЗИМА 2026/2027

Банско, Бугарија – „Regnum Bansko Ski Hotel & SPA“ е хотел со пет ѕвезди, сместен во подножјето на Пирин, во непосредна близина на стазите и ски-зоната на Банско. Комплексот е составен од пет згради и наместо обични соби нуди пред сè пространи суити, а бесплатниот шатл ве носи до гондолата и назад.

„Регнум“ е вистински избор за оние што сакаат луксуз и простор: суити со една или две спални, некои со поглед кон планината, а за семејствата и суити со мала кујна. Спа центарот „Thera“ ги нуди внатрешниот базен со дел за деца, финските сауни, хамамот, парната бања, џакузите и солната соба, а децата од 4 до 14 години имаат детски клуб со аниматори. А секое утро ве чекаат суви и топли ски-чевли, благодарение на ски-ормарчињата со греење и сушење.

ЗОШТО „REGNUM“?
  • Хотел со 5 ѕвезди – пространи суити наместо обични соби;
  • Спа центар „Thera“: базен, сауни, хамам, парна бања, џакузи и солна соба – вклучено во цената;
  • Бесплатен шатл до гондолата и назад;
  • Детски клуб со аниматори (4–14 год.) и детско игралиште;
  • Деца до 6.99 год. плаќаат само туристичка такса (1,34€ на ден);
  • Ски-ормарчиња со греење и сушење на опремата.
ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027
Цените се по соба/суит за 1 ноќевање на база НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК
Тип на сместување 01.12–22.12.2026
14.03–03.04.2027
03.01–14.01.2027
28.02–13.03.2027
23.12–26.12.2026
15.01–27.02.2027
27.12.2026–02.01.2027
Супериор двокреветна соба (за 2 лица) 109€ 143€ 176€ 213€
Супериор суит, 1 спална (за 2 лица) 126€ 159€ 193€ 234€
Супериор суит со поглед кон планина, 1 спална (за 2 лица) 135€ 168€ 201€ 242€
Делукс суит, 1 спална (за 2 лица) на упит на упит 209€ 250€
Делукс суит со поглед кон планина, 1 спална (за 2 лица) 150€ 184€ 217€ 258€
Фамилијарен суит со кујна, 1 спална (за 2 лица) 109€ 143€ 176€ 225€
Гранд суит, 2 спални (за 4 лица) 222€ 280€ 347€ 438€
Гранд суит со поглед кон планина, 2 спални (за 4 лица) 230€ 288€ 355€ 447€
Фамилијарен суит со кујна, 2 спални (за 4 лица) 176€ 234€ 300€ 397€
Претседателски суит, 2 спални (за 4 лица) 509€ 634€ 842€ 842€
Дете од 7 до 12.99 год. на дополнително легло 30€ 39€ 47€ 56€
Возрасен на дополнително легло 44€ 56€ 69€ 82€
Дете до 6.99 год. (туристичка такса) 1,34€ 1,34€ 1,34€ 1,34€
МИНИМАЛЕН ПРЕСТОЈ
  • Новогодишен период (27.12.2026–02.01.2027) – 4 ноќевања;
  • Божиќен период (23.12–26.12.2026) – 3 ноќевања;
  • За викенди во периодот 15.01–27.02.2027 – 3 ноќевања;
  • За викенди во сите останати периоди – 2 ноќевања.
Попусти за деца и дополнително легло:
  • Деца до 6.99 год. – бесплатно, се плаќа само туристичка такса од 1,34€ на ден;
  • Цените за дете од 7 до 12.99 год. и за возрасен на дополнително легло се дадени во ценовникот;
  • 1 возрасен + 1 дете до 6.99 год. на редовно легло – се наплаќа како еднокреветно сместување;
  • 1 возрасен + 1 дете од 7 до 12.99 год. на редовно легло – се наплаќа како двокреветно сместување;
  • Еднокреветно сместување во супериор, делукс и фамилијарен суит со 1 спална – 80% од цената на собата/суитот;
  • Бебешко креветче – бесплатно.
Во цената е вклучено:
  • Ноќевање со појадок;
  • Користење на спа центарот „Thera“: внатрешен базен со дел за деца, финска сауна, парна бања, хамам, шок и тропски тушеви, релакс и солна зона, фитнес и џакузи (според распоред);
  • Ски-ормарче со греење и сушење на опремата;
  • Шатл до гондолата и назад (според распоред);
  • Детско игралиште и анимација за деца од 4 до 14 год.;
  • Сеф во суитите и интернет;
  • Паркинг (според достапност);
  • Туристичка такса за возрасни и деца над 7 год.
Во цената не е вклучено:
  • Доплата за полупансион – 25€ за возрасни, 13€ за деца од 7 до 12.99 год., бесплатно за деца до 6.99 год. (без пијалаци; не важи за 31.12.2026);
  • Новогодишна вечера (задолжителна) – 200€ за возрасни, 106€ за деца од 13 до 17.99 год., 56€ за деца од 7 до 12.99 год., 34€ за деца од 3 до 6.99 год.;
  • Божиќна вечера (по желба) – 50€ за возрасни, 34€ за деца од 13 до 17.99 год., 28€ за деца од 7 до 12.99 год., 17€ за деца од 3 до 6.99 год.;
  • Доплата за суит со балкон – 9€ на ден (на барање);
  • Туристичка такса за деца до 6.99 год. – 1,34€ на ден;
  • Масажи и спа третмани;
  • Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.

ID003

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:


Download pdf brochure